Повели, се ти е убаво прикажано на мапа во боја.
https://en.wikipedia.org/wiki/Voter_ID_laws_in_the_United_States#State-by-state_requirements
Или ако сакаш подетално, на конкретен список.
https://en.wikipedia.org/wiki/Voter_ID_laws_in_the_United_States#Laws_by_state
Сите објавени податоци се превземени од службени веб сајтови на владите и/или владините тела на сојузните американски држави во САД.
Во сојузните американски држави кај кои под
Type of Law пишува
No ID required не се бараат никакви документи за идентификација на гласачките места при гласање на претседателски избори во САД.
Па така, на овие од Пустец воопшто нема ни да им треба американско државјанство за да можат да гласаат на претседателски избори во сојузните американски држави Њујорк, Њу Џерси, Калифорнија, Невада, Њу Мексико, Пенсилванија и бројни други кои не бараат никаков документ за идентификација на гласачките места.
Всушност, во сојузните американски држави во кои не се бара никаков документ за идентификација на гласачките места при гласање на претседателски избори во САД, овие од Пустец не само што ќе можат да гласаат, туку ќе можат да гласаат на повеќе гласачки места на денот кога се одржуваат претседателските избори, бидејќи во тие сојузни американски држави воопшто не се води евиденција на гласачките места за тоа кој го искористил своето право на глас, а кој не.
Речиси истото важи и за сојузните американски држави кај кои под
Type of Law пишува
Non-photo ID required (non-strict) или
Photo ID (non-strict).
Тоа
non-strict значи дека се бара документ за идентификација, но доколку гласачот не приложи таков документ, сепак ќе му биде дозволено да гласа под услов да потпише изјава со која тврди дека е граѓанин на САД и дека има право на глас, или доколку друг гласач со документ за идентификација ги потврди идентитетот и правото на глас на гласачот без документ за идентификација.
Па така, ако јас сум граѓанин на САД и живеам во некоја сојузна американска држава како Вашингтон, Јута, Колорадо, Монтана, Конектикат и бројни други, слободно можам да им се појавам на гласачко место и за цел Пустец да потврдам дека се граѓани на САД, и иако никој од нив нема да приложи лична карта за идентификација, сепак ќе им биде дозволено да гласаат на претседателски избори во САД, бидејќи јас како граѓанин на САД кој сум приложил мој документ за лична идентификација, сум потврдил дека овие од Пустец без никакви документи за лична идентификација, се граѓани на САД и имаат право да гласаат на претседателски избори во САД.
Избирачкиот систем во САД - конкретно за претседателските избори - е така добро наместен, што буквално и марсовци би можеле да гласаат кога би се појавиле од никаде на американско тло.