За Хилари ќе гласаат - ЛГБТ лицата, феминистките, афро-американците, латино американците и либералите
За Трамп ќе гласаат - американците од средната и сиромашната класа, закоравените патриоти и разочараните подржувачи на Сандерс кои неможат да ја смислат Хилари.
Интересно е што по либералниве медиуми се пропагира дека за Трамп ќе гласаат и простите (необразуваните) луѓе, а вака кога ќе видиш дека феминисткиве ќе гласаат за Хилари само затоа што е жена... е за тоа не зборат
Инаку незнам дали го прочитавте текстот на Мајкл Мур деновиве што излезе... пиша дека големи се шансите Трамп да тепа на изборите, и наведе пет причини зошто тоа ќе се деси.
Еве ви го текстот да го прочитате во целост. Е сега одма одкога излезе текстот, на СНН (закоравени противници на Доналд) излегоа резултати во кои покажуваат дека Трамп води пред Хилари за едно 4 до 5% . Со оваа анкета како да сакаат да кажат на младата популација која потајно ја подржува Хилари да земат да гласат на избориве во Ноември, а не да шетаат по парковите и да бараат покемони.
Како и да е, изборов за претседател на САД е катастрофа... Доналд нема никаква допирна точка со политиката, и ако го изберат богзнае што ќе направи со своите потези. Додека за Хилари, барем за нас на Балканот позната ни е што жена е, и што правеа во 90-тите на овие простори со мажот и.
Сите наебавме
Трендо и
Офф нет веќе година дена ја следат изборната трка во САД исклучиво од перспективата на Демократската Партија на САД и од перспективата на левичарските медиуми во САД и во Европа, наместо од неутрална перспектива.
Досега на
Трендоленд, односно
Офф нет, немам прочитано ниту еден неутрален текст со критики подеднакво упатени и кон Доналд Трамп и кон Хилари Клинтон, а истовремено немам прочитано ниту еден текст со критики упатени исклучиво кон Хилари Клинтон. Ама затоа па нема ден кога Трендо и Офф нет нема да објават текст исполнет со негативни критики упатени исклучиво кон Доналд Трамп.
А кога сме кај Мајкл Мур, тој ја повторува истата приказна на сите претседателски избори во САД:
" Ќе победи републиканскиот кандидат, па затоа подобро е уште сега да почнете да се навикнувате на фактот дека тој ќе биде наредниот претседател на САД " ;
Мајкл Мур ја повторува оваа една иста приказна на сите претседателски избори во САД, се со цел да ги исплаши американските гласачи - барем оние американски гласачи кои сеуште му веруваат на типот кој од една страна ги критикува богаташите, а од друга страна во 2014 година кога се разведе од неговата сега веќе поранешна сопруга, меѓусебно си поделија имот вреден околу 50 милиони долари, односно помеѓу 20 и 25 милиони долари за секој од двајцата сега веќе поранешни сопружници.
Мајкл Мур е најобичен опортунист, Џорџ Буш Помладиот му дојде како златна кокошка со терористичките напади на 11 септември 2001 во САД, како и со американските окупации и долгогодишните војни во Авганистан и во Ирак, кои беа главна тема на дискусија во документарниот филм Фаренхајт 9/11 на Мајкл Мур кој, пред светска премиера на филмот, ја освои Златната палма на 57-от Кански Филмски Фестивал во мај 2004 година, по што светската премиера во јуни 2004 беше пречекана со огромна посетеност и гледаност, со што Мајкл Мур стана позната јавна личност - со значително подлабоко наполнети џебови.
За да се покаже и докаже себеси како вистински неутрален, а не пристрасен продуцент и режисер на документарни филмови, Мајкл Мур треба да сними втор Фаренхајт филм, како на пример Фаренхајт 9/11, втор дел, кој ќе се фокусира на таканаречената арапска пролет, која во реалност е арапска зима, бидејќи секаде каде што има поминато, со себеси има донесено се` и сешто, освен слобода и демократија, понатаму да се фокусира на војните во Либија, Сирија и Украина, и најважно од се` - терористичкиот напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, на 11 септември 2011, и каква е вмешаноста на Хилари Клинтон и Барак Хусеин Обама во овој терористички напад, во кој загинаа американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, заедно со уште тројца американски дипломати во Либија.
На Мајкл Мур не му претставуваше проблем да ги прикаже Џорџ Буш Помладиот и неговите блиски соработници како најобични воени профитери, па ако сака да се покаже и докаже себеси како неутрален и непристрасен продуцент и режисер на документарни филмови, треба да се потруди и да ги прикаже и` Барак Хусеин Обама и Хилари Клинтон ако не како воени профитери, тогаш како потрчковци на воените профитери, застапувани од долгогодишниот соработник на Клинтонови, лобистот Сидни Блументал.
За каков шверц на оружје од Либија кон Сирија станува збор - истиот шверц на оружје кој американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, одбил да продолжи да го крие од американската јавност ?
Кој го организирал ваквиот шверц на оружје и најважно од се, кој профитирал најмногу од ваквиот шверц со оружје ?
Нека се позанимава Мајкл Мур со овие теми во нов Фаренхајт 9/11 филм, па можеби ќе успее да се покаже и докаже себеси како неутрален и непристрасен продуцент и режисер на документарни филмови. Но додека да дојде тој ден, Мајкл Мур ќе остане најобичен спинер на Демократската Партија на САД, партиски пулен кој се продава себеси за партиски пари, негов пандан во Македонија е Драган Павловиќ Латас, со разликата што Латас не мора да снима документарни филмови, и вака доволно длабоко си ги има наполнето џебовите од неговите пуленски настапи во етерот во корист на пвеводбениците.