S
silmarillion
Гостин
Нови санкции против Иран. Ајде аирлија што би рекол велешанецот од Халкидики. Или можда сега Иран стварно си го бараа? : ))))))
Баш кај сега веќе поранешниот кандидат за претседател на САД, кој маваше со дрва и камења по Тед Круз - кој не е ама баш никакво цвеќе за мирисање - бидејќи сопругата на Круз е менаџерка во Голдман Сакс....
Баш кај претседателот кој водеше кампања дека ќе ја врати моќта кај народот
ќе го однесат Бејли во Тирана а ќе ни го донесат Лу не го сакале тамуАбе ајде овој мисли ли да го тргне Бејли? Не можам да го гледам оклето веќе, аман и Трамп па само за нив си гледа. Ти ебам и Трамп и се.
Е многу ми е жал... што стариот американски естаблишмент т.н. светски џандар, 50 години од петни жили се вадеше да го клекни Иран на колена и да го натера да потпиши договор, а тој договор Трамп ќе го поеби со еден executive order! Ноќи непроспиени ќе имам заради ова...Директорот на ЦИА до Трамп: Не чепкај го договорот со Иран и внимателно со Русија
Вашингтон, 30 ноември, 2016 - 10:44
Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, го предупреди новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека ставањето крај на договорот меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран би било „катастрофално“ и „врв на глупоста“. Ваквиот став, Бренан го истакнува во интервју за „Би-би-си“, во кое исто така го советува Трамп да биде претпазлив во односите со Русија.
Во текот на својата кампања, Трамп се закани дека ќе го укине договорот со Иран и најави поблиска соработка со Русија.
Бренан, кој треба да замине од функцијата шеф на ЦИА во јануари следната година, во врска со ситуацијата во Сирија ги обвинува сирискиот режим и Русија дека се одговорни за масакрот врз цивилното население, кој го опишува како „недозволив“.
Тој истакна дека администрацијата на САД треба да продолжи со поддршката на силите на умеренетите бунтовници во нивната борба против војската лојална на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Русија продолжува да ја игра клучната улога околу иднината на Сирија, вели Бренан во интервјуто, но изразува скепса за волјата на Москва да се дојде до некаков договор за прекинување на непријателствата.
Во врска со наводите за обидите на Русија да влијае на претседателските избори преку хакирање и пуштање на информации во јавноста, директорот на ЦИА во интервјуто потврдува дека имало такви активности од Москва, но за нивното евентулано влијание остава да се произнесат службите задолжени за тоа.
Тој потврдува дека околу ова прашање имал разговори со руските тајни служби од кои барал одговор за овие активности и ги предупредил дека тие можат да завршат лошо.
САД не би требало да „се задржат на нивното ниво“ или да ризикуваат ескалација во односите со Русија одговарајќи на идентичен начин, вели Бренан, и додава дека постојат други начини за да се осигури дека Москва ја разбира пораката дека ваквите активности се неприфатливи.
Тероризмот, вели Бренан, и понатаму останува главна грижа на безбедносната политика на САД. Директорот на ЦИА, посочува дека Исламска држава и понатаму е „многу активна“ и дека бара начин тоа да го покаже, без разлика на случувањата на бојното поле.
„ИД е сè уште способна да изведува терористички напади против Западот“, вели Бренан, кој четири години е на чело на ЦИА.
http://meta.mk/direktorot-na-tsia-do-tramp-ne-chepkaj-go-dogovorot-so-iran-i-vnimatelno-so-rusija/
Едно е да браниш стратешки партнери како Јапонија, а друго е да обараш светски влади од каприц, личен интерес на некој дипломат или белосветски хонштаплер(Сорош), или да затскриваш кога те фатиле со спуштени панталони(Бил), а сето тоа зачинето со куфери пари понекогаш фатени на аеродром во името на демократијата(Ахтисари)Нешто не глеам повлекување на ракетниот штит од Полска а и Бејли влакно не му фали. А неговата сменс беше и всушност единствената причина за љубов кон Трамп од нашите патриоти. Го заболе просечниот вмровец за ѕидот со Мексико и дали ќе ги враќал фабриките. Тргни ми го Бејли да не ми го уапси газдата па да ме избркаат од јавна администрација пошто за курац не ме бива, кој ќе ме вработи после неспособен...
Mattis: US will defend Japanese islands claimed by China
Ама ова не значи дека САД продолжува да биде светски џандар. Ова е нешто друго, ама у моментов не ми текнува како се вика?
Чекај, нели ЕУ беше блудницата вавилонска?А што ЕУ не е стратешки партнер?
Си се заебал на дебело, Голден Арт се синоним за неквалитет и анти-квалитет.Кај е Трамп? Кредит имам земено потрошачки и станбен за стан у Голден Арт. Ако не го избрка Бејли ќе летам од работа у мај ќе му терам се по список!