Или си апла игнорантен или си недоволно информиран за случајов кој сам го отвори на темава.
Зошто веќе во 2 поста за случајов не успеа да спомнеш дека всушност златото не било крадено од рацете на невините жители, туку заменето за долари, и зошто не спомна дека заради стандардот на злато и ‘хордањето‘ на истото се случуваше огромна дефлација на доларот, што би ја направило одлуката на Рузвелт неопходна за оживување на американската економија.
Значи повеќе се работи за форсирање на народот да го продаде златото кое што ја уништувало вредноста на доларот отколку крадење на златото, ама тоа не звучи баш толку добро во контекст на демонизација на владата, нели?
Всушност нема што да се расправаме, историските факти зборуваат сами за себе, а тие се дека Рузвелт им го спаси газот на америте за време на големата депресија и покрај тоа што ти продолжуваш со твојата реторика дека америте се спасиле не со неговите реформи туку со втората светска војна.
Па уште и твојата споредба на одредбава на Рузвелт со Гладоморот е, во најмала рака, комична.
И ај кажи ми, што требаше да направи Рузвелт поинаку? Да не ја направеше одредбава, што требаше да стори за да го сопре стандардот на злато кој ја уништуваше американската економија?
Па уште и за нафтени акцизи тропаш, дај, попаметен си ти од ова.
Јас не отворив никаков случај на темава, туку само спомнав дека сите припадници на Демократската Партија на САД, исто како и сите јавни функционери кои произлегле од редовите на истата таа партија, се покажани и докажани лажговци, измамници и лицемери, а Франклин Делано Рузвелт може да се третира како исклучок кој го докажува ова што пред малку го спомнав, само бидејќи е единствениот претседател на САД кој бил избран за 4 претседателски мандати по ред, а бил припадник на истата таа Демократска Партија на САД.
Можеш колку сакаш да го браниш Рузвелт со реформите од неговиот Валкан Договор, или како што ти и таквите како тебе го нарекуваат - Нов Договор, односно Њу Дил - но вистината е дека САД излегле од Големата Депресија дури после јапонскиот напад врз Перл Харбор на 7 декември 1941, со што САД и официјално станале учесници во Втората Светска Војна.
Што би требал да направи Рузвелт поинаку ?
Па ги има бројни решенија, но првите две кои ми паѓаат на памет, се реализирање со конкретни дела, а не само со зборови, на неговата осуда кон американските банки и банкари во неговиот прв инаугурален говор во март 1933, а и укинувањето на златниот стандард не е лоша идеја, Рузвелт можеше да го направи тоа уште во 1933 година, наместо тоа да го направи Ричард Никсон во 1971 година, односно 38 години откако Рузвелт им го конфискуваше, пардон - им го експроприираше сето злато на сите граѓани на САД.
Експропријација е конфискација со надоместок, но сепак е конфискација која државата ја врши, а граѓаните не можат да се спротивстават на истата таа конфискација, па подобро би било да го користиш изразот ПРИСИЛУВАЊЕ, а не ФОРСИРАЊЕ - кој е англиски израз со исто значење, но македонскиот израз е поразбирлив.
Не за нешто друго, туку за да не помислат читателите на форумов дека американците можеле да и` го продадат златото само на американската влада, но не биле обврзани на тоа, додека вистината е сосема спротивното - американците биле присилени да и го продадат златото на американската влада, и тоа по цена одредена од државата, која веднаш ја зголемила цената на златото за да го спаси американскиот долар откако им го конфискувала сето злато на сите граѓани на САД, наместо да им го овозможи правото на американските граѓани да одлучат по која цена ќе и` го продадат своето злато на американската држава.
Денес САД се малку посовремени и пософистицирани, па вредноста на американскиот долар не ја одржуваат врз златните резерви на САД, туку врз употребата на американскиот долар во светската економија, а особено во трговијата со нафта и останатите енергетски ресурси. Кога Садам Хусеин се осмели да ја продава ирачката нафта во евра, наместо во американски долари, експресно му се случи американска инвазија и окупација на Ирак во 2003 година, по што Хусеин заврши на бесилка во декември 2006.
Еве ти и трето решение - ако веќе мора да се изврши експропријација на сето злато на сите граѓани на САД, тогаш Франклин Делано Рузвелт можел барем да се обиде да глуми демократија и да предложи закон пред американскиот Конгрес и/или американскиот Сенат, за ваквата присилна експропријација на американското злато од американските граѓани барем да има некаква легална потпора.
И онака неговите партиски истомисленици од редовите на Демократската Партија на САД имале сопствено мнозинство и во Конгресот и во Сенатот. Но наместо легално усвоен законски акт, Рузвелт одлучил да игра на картата на потпишување и издавање на извршна наредба на почетоктот на април 1933 со која преку ноќ, како гром од ведро небо, сите граѓани на САД се присилени да го продадат сето свое злато - со мали исклучоци како што се ретки златни монети и венчални прстени - на државата, и тоа по цена која државата ќе ја одреди.
Во Советскиот Сојуз, во СФР Југославија и во останатите поранешни социјалистички држави, каде што имаше закони за национализација - експропријација без никаков надоместок - истите тие закони биле усвоени од страна на пратениците во тамошните парламенти - кои не биле избрани на фер и демократски избори, но барем се одлучиле да глумат демократија, за разлика од Франклин Делано Рузвелт, кој исто како и Барак Хусеин Обама, одлучил да глуми крал.
Па дури и пвеводбениците во Македонија кои го усвоија законот за експропријација со надоместок, беа избрани на фер и демократски избори, со што нивниот закон за експропријација со надоместок има многу поголем легитимитет во Македонија наспроти извршната наредба на Франклин Делано Рузвелт за конфискување на сето злато на граѓаните на САД.
Но ај да се вратиме на темата.
Јас од моја страна спомнав дека немам доверба во ниту еден политичар и дека сите политичари ги сметам за покажани и докажани лажговци, измамници и лицемери, а особено политичарите кои доаѓаат од редовите на Демократската Партија на САД.
Како редок исклучок го сметав Бенџамин Карсон, се до моментот кога Карсон отворено и јавно го поддржа договорот за Транс-Пацифичкото Партнерство (ТПП).
Имаш ли ти фаворит(ка) меѓу потенцијалните кандидат(к)и за претседател(ка) на САД и од кои причини го/ја поддржуваш ?