Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Ф

Флеш

Гостин
Се запишував со ботот и викам ај да видам што ќе каже за наш Чурка,



нема поим кој е и му пишав по име и ми даде кога бил роден, дрн, дрн, небитни работи
ептен дипломатски одговор ми даде


викам ај да видеме колку километри автопат има направено


битно удрил камен темелник на коридорот 8, ама колку што знам е во фаза на планирање, ако тоа го смета за почеток


го прашав за капитални објекти, ама нема поим дали направил нешто, само дека потрошиле 465 милиони евра


си викам ебати ботот што се знае, а не знае за успесите на нашиот Таче Чурка.

Да го прашам за Ж'миц којзнае дали и ќе знае кој е, ако даде нешто интересно пак ќе пишам.
Ај види за Груевски или пиши Груевски vs Заев мандат резултати :LOL:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.854
Поени од реакции
36.587
а Албанците 30%
...офф оффф, сигурно 30% пуста желба, ама не ви оди по планот, ви се иселуваат, така да ниту 15% не сте ако правилно се бројат моменталните резидентни граѓани што се тука во Македонија.

...затоа ВИЕ (очигледно си од албанскиот етникум) во најновиот попис ги испупавте „партиски“ тие %, дигни уште малку направи 40% да бидеш среќен во твојата невистина и заблуда,

...едно да ти е јасно, во Македонија да има и само 100 Македонци, таа ќе биде држава на македонскиот народ и неговите етникуми каде спаѓаш и ти како албански етникум, па биле и 50% етникум , си постои Албанија, си постои Турција, си постои Србија, си постои Бугарија како држави.

Македонија не е исто што е и Хрватска... Мицко војвода и неговата ДПНЕ се изгубени во просторот и во времето со нивните изјави дека поддржуваат да имаме онаков устав по ист принцип ко и Хрватскиот... Арно ама во Хрватска над 90% поточно над 95% се етнички Хрвати, сликата/состојбата во Македонија е сосема поинаква... Да знам муабетите од типот, ама абе етничкото чистење врз Србите за време на НДХ/2СВ (1941-1945), како и етничкото чистење и прогонот на Србите во 90те години (операција Олуја)... сепак состојбите во денешен, моментален аспект се неспоредливи во етнички контекст помеѓу МКД и ХРВ и глупи се таквите јавно произнесени партиски ставови !
...зш бе ти е реторикава иста како што коментираат албанциве ? ејјј ист текст научивте, аууууу сине, па ти си окупиран во заложништво си, аууууу не ми се верува! :несвест:
Не ми е јасно што ќе зборат. Со што ќе излезат?
...со илјада километри изградени патишта, болници, градинки, спортски сали, учебници за сите ученици, бесплатно европско здравство, најмала 500 евра плата, метро и трамвај, патека за формула 1, изградени фабрики, еххе хееее колку има не можам да допишувам тука, разбираш!
 
Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.103
Поени од реакции
3.301
Ај види за Груевски или пиши Груевски vs Заев мандат резултати :LOL:
Слабо дава конкретни одговори, не можел да процене, незнае колку украле, не било негова работа овоа оноа,
првото праашање што го поставив за Црпе погледнете на каков јазик ми одговори



Слабо сум се допишувал со ботот и незнам баш како функционира, подоле на македонски му реков да ми пише и го преведе истото

Другиот бот (а уствари е истиот)
дава малку поинаков одговор


Сигурно Мајкрософт има некој филтри додадено да да биде малку пооргинален,
онаа што ме интересира дали процени дека го прашувам на бугарски или дека Црпе ти е бугар па дава одговор на бугарски.
Автоматски споено мислење:

Уште оваа и веќе не замарам со ботот имаше друга тема па можеби требаше таму да идат овие постови.



По оваа дефинитивно сум убеден дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, слободно да се прекрсте во западна Бугарија и дека сички сме б'лгари.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.102
Поени од реакции
4.883
Па тоа де се бара според предлогот на Мицко, не знам што не ви е по ќеив, и тој тоа го бара, чиста копија на хр устав, значи не Македонците како заедница,туку како народ носител на државата.
Види вака, не знам како откри дека нешто не ми е по “чеиф“ ама коа веќе инсистираш да појаснам.
Мојот став е дури и да се носат измени на Устав по хрватски урнек, јас не би ги ставил Бугарите во Уставот се додека не прифатат, признаат дека имаат окупирано дел од македонскиот народ и територија и единствена можност да бидам неутрален е да им дадат културна автономија на Македонците во Пиринско па во тој случај не би се противел толку.

А ако сме сериозни, би се подготвил за турбулентните времиња кои наидуваат, би се позиционирал така да моите Македонски интереси бидат прифатливи на новите сили... овие кои до вчера(западнава багра) го јаваа светот и вршеа етноцид-геноцид врз Македонците брзо би можеле да се најдат во ситуација-позиција да ги однесе нечистата вода.

Ликов е веќе познат по своите превртливи ставови, зависно „од кај дува ветерот„...
...ме потсети на 10 заповеди,...
-првата беше, шефот е секогаш во право (во нашиов случај Калето е во право!);
-втората беше секогаш кога ќе влезеш во кабинетот на шефот со свое мислење, излегуваш со неговото (или кога одиш на Кале секогаш се враќаш радосен...)
...останатите во друга прилика.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
...офф оффф, сигурно 30% пуста желба, ама не ви оди по планот, ви се иселуваат, така да ниту 15% не сте ако правилно се бројат моменталните резидентни граѓани што се тука во Македонија.

...затоа ВИЕ (очигледно си од албанскиот етникум) во најновиот попис ги испупавте „партиски“ тие %, дигни уште малку направи 40% да бидеш среќен во твојата невистина и заблуда,

...едно да ти е јасно, во Македонија да има и само 100 Македонци, таа ќе биде држава на македонскиот народ и неговите етникуми каде спаѓаш и ти како албански етникум, па биле и 50% етникум , си постои Албанија, си постои Турција, си постои Србија, си постои Бугарија како држави.
Очигледно нешто имаш измешано, вадиш дел од мојот одговор којшто е всушност цитат од вест за тоа што рекол Таравари (за нешто за коешто не се согласувам).
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.854
Поени од реакции
36.587
Очигледно нешто имаш измешано, вадиш дел од мојот одговор којшто е всушност цитат од вест за тоа што рекол Таравари (за нешто за коешто не се согласувам).
... не приметив извичници, ниту дека цитираш, извини на грешката не беше намерна!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.117
Поени од реакции
10.871
Вмро е бројчано силно за да ги бутне СДС а Левица не се ... Левица зборува она што сака да го слушне народот а реалноста е друга, ние сме протекторат управуван од еден центар на моќ (кале). Без разлика што збори Левица, се додека не дојде до гео-политичко поместување нема буквално ништо да се смени.
Ако сака да биде корисна треба да се концентрира на прибирање на членство од СДС а не од ВМРО, вака само префрлаат од шупло во празно а моќта останува во ДУИ / СДС. Левица и да дојде на власт тоа ќе биде само со ВМРО и никој друг, зашто ако дојде со СДС ондак сите влажни фантазии ќе паднат во вода а маските ќе бидат симнати.
Штом е така што ни мења на нас дали е вмро или сдсм кога и двете партии се/ке бидат управувани од калето? стани мурто да седне курто
Левица е факт дека не може од два пратеника да скокне на 30/40 ама затоа може на 15 и да стане некој фактор и да коалицира со вмро ке имаат министерства под нивна капа со тоа и поголемо влијание итн итн
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.582
Поени од реакции
20.878
Штом е така што ни мења на нас дали е вмро или сдсм кога и двете партии се/ке бидат управувани од калето? стани мурто да седне курто
Левица е факт дека не може од два пратеника да скокне на 30/40 ама затоа може на 15 и да стане некој фактор и да коалицира со вмро ке имаат министерства под нивна капа со тоа и поголемо влијание итн итн
Па јас тоа викам, нека останат СДС уште 20 години на власт, може ќе станеме и робовладетелско општество, ќе не впрегнат во синџири и ќе не лупа некој со камшик дур работиме по рудници.
Инаку нешто што треба сите да ве интересира тука :
Собрание на Република Северна Македонија - Детали на седница (sobranie.mk)
На 10.04 ќе има седница каде по скратена постапка и со европско знаменце ќе се воведат измени во едни од најважните закони а се однесуваат на стратешки инвеститор (Бехтел и Енка) изведувач на коридорот 8-10, за кој нема да постојат никакви закони ниту обврски / давачки према државата. Иако во државава постојат закони кои третираат такво нешто каде има категоризација (1-2) и што е од интерес на државата, тука за претпоставувам огромни провизии се дава одврзани раце на фирма која улетува од надвор и може да прави што сака.
Без контрола се распродава се можно во државата, се крадат милионски трицифрени суми, а критичка маса како во времето на владеењето на ВМРО едноставно не постои.
Ваков закон да поминеше во времето на ВМРО, ќе имаше војна и ќе се гранатираа градови, али дека сега нема режим и не се краде нема живо пиле да гукне.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.789
Поени од реакции
17.628
Васко Ковачевски поднесе оставка од директор на ЕСМ
Ova zmija ima jasna situacija koja sleduva, pa podnesol ostavka mislejki deka nema da odgovara.. i toa za ???.000.000€
Кој одговарал кај нас жити очите, Боки 13 ?
Инаку амбасадор ќе биди колбасот, зини земјо голтни ме
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.072
Поени од реакции
8.637
LDSM испуштиле да го напишат слоганот и на албански. Не знам Али како им дозволил да направат таков пропуст.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.181
Поени од реакции
4.322
...што значи дека наскоро можеме да очекуваме нови уставни промени...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom