Нема Ј, ама има П, Ф, Р, Г. Затоа зборови ко YПОФЕРО, АГАПО, можиме да ги прочитаме ко на наш јазик. Ајде не тровај за европски јазици и глеј си таму кинеските афери што подалеку од нас.
Еден нашинец од Австралија ми понуди да сум одел таму. Ептен остварен човек, ми рече дека сите го мразат таму, дека цела фамилија му ја мразат Македонците, и дека сите се токмат и споредуваат со него. Македонецот е..ми рече, многу љубоморен по природа и редовно се споредува со другите. Без разлика колку му дала земјата каде што е појден тој ќе е вечно напизден и несреќен, затоа што дури тогаш излегува во вистинското светло.
Што ми нудат Германија и Швајцарија во споредба со вас? Мир. Точно е, секој е на ладна дистанца, токму така треба и да биде. Заеби пари ако некој нон стоп се токми со тебе и другите, токсично. Како австралијанец, евидентно е дека многу си засегнат со животот во Европа, а тој на обичните луѓе се состои од едрење по езера, скијајне на француските Алпи со мирни луѓе. Луѓето во Европа се решаваат за некакво хоби, за да не мислат на другите оти тогаш животот им се лизнал низ раце, поминало времето.