Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.500
За да изгледа природна коалицијата сдс дуи на наредни парламентарни, можеби фатени за рака на митинзи да одат, којзнае :D
Ако одат како коалиција ДУИ ќе им ги прави заедничките кандидатски листи 100%. Очекувам од 35-40 освоени пратеника 25 да бидат на ДУИ. Резултатите после тоа можат да бидат комплетно катастрофални, од комплетно кошмар сценарио каде што ДУИ(СДС)-АА-БЕСА директно самите прават влада со 61 пратеник, до сценариото каде што ДУИ комплетно ги апсорбира СДС и сме заглавени со вечно огромна ДУИ со 30+ пратеника која има присуство низ целата држава.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.942
Поени од реакции
5.083
Мислам дека треба да се забележи фактот дека ДУИ ги ставиле во Европскиот Социјал-Демократски блок, или поточно дека биле центар-лево. Не знам само по кој стандард се ДУИ не лево, не центар туку воопшто на идеолошкиот спектар. Они ти се повеќе мафијашко-племенско-терористичко здружение.
Природно и здраворазумно, ДИУ нема никаква идеолошка подлога, освен идејата за голема Албанија, со која се „...буди и легнува секој припадник на другата националност...„,.

ДУИ е ставена како лева партија или по грешна или ради градење нејзин меЏународен имиџ на ѓоамити лево ориентирана партија (што пак му одаѓа како грешка).
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.530
Поени од реакции
22.185
ВМРО може слободно да се каже дека денес е предавничка партија, која води сметка само за партиските интереси (и личните секако).

А СДСМ, у ствари не знам како постои. Нивното ниво на предавство надминува општоприфатени дефиниции за тој збор и е скроз нејасно како некој со барем една сива ќелија гласал за нив.

Dobro utro. Nikogas ne bilo poinaku samo sto sega ne moze da se krie povekje.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.040
Поени од реакции
83.476
Dobro utro. Nikogas ne bilo poinaku samo sto sega ne moze da se krie povekje.
Со текот на годините предавствата на двете партии се трупаат.
На пример, пред година дена ВМРО имаше знаме на република Албанија и амнестија на воените злосторства на Албанците врз Македонците (покрај другото), сега имаат и прифаќање на пописниот инжинеринг.
Се трупаат стварите, а ВМРО и СДСМ играат на кратко памтење и до сега добро им иде.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.530
Поени од реакции
22.185
Со текот на годините предавствата на двете партии се трупаат.
На пример, пред година дена ВМРО имаше знаме на република Албанија и амнестија на воените злосторства на Албанците врз Македонците (покрај другото), сега имаат и прифаќање на пописниот инжинеринг.
Се трупаат стварите, а ВМРО и СДСМ играат на кратко памтење и до сега добро им иде.
DPMNE ima mnogu povekje od toa, da ne pocnuvame ne mozeme kraj da najdeme. Sto sekako ne znaci deka komunjarive ne se beter. Ednostavno i dvete se grobari na Makedonija.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.040
Поени од реакции
83.476
DPMNE ima mnogu povekje od toa, da ne pocnuvame ne mozeme kraj da najdeme. Sto sekako ne znaci deka komunjarive ne se beter. Ednostavno i dvete se grobari na Makedonija.
И двете.
Сепак, ако ги вагаме, СДСМ ќе испадне малку поагилен во предавствата.
Автоматски споено мислење:

Долговите за струја на Албанците собирани 20 години, исто така владата требаше да ги плати.
Наместо тоа, едноставно им дозволија на ЕВН долговите на Албанците (Арачиново, Велешта...) да се стават во графа загуби и така да се распределат по останатите сметки (кои ги плаќаат глупите каури).
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.470
Поени од реакции
87.276
Апасиев на тв24 моментално
Моментално се гледа дуелот на Канал 5 на Господинот Мирко Попов и Господинот Љупче Златев. Апасиев не може да се мери со експертизата на овие две величини што имаме можност да ги гледаме заедно вечерва на ваков празник како Свети Никола.

Момировски и водителот само сметаат
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Ќе помине повеќе од цела деценија трубејќи како тој ја зараобил државата, не отргнал од европскиот пат, вовел режим и диктатура, ја укинал слободата на говорот, цела нивна демагогија, се собират на конвеција да зборат како срушиле режим, ете народов е со нив, пола деценија на власт и им излева анкета утредента како истиот лик е убедливо најпопуларниот политичар во државата, а ако ги тргнаш нивниве над 2/3 од народот смета дека државата оди во погрешен правец, одма се откажувам од бавање политика и срам ќе ми биде цел живот да излезам пред народ, таква попара им направија каква што не знам некој да бил толку попарен за било што друго не само политика.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.740
Поени од реакции
49.318

За потенцирање е дека скокот во рејтингот на Груевски е во минативе година/година и пол.
Без промоција, без пропаганда, без Мирка, Латас и Миленко, напротив, со црна кампања и од сопствената партија и редовно користен како плашило од СДС.
Тоа во превод значи дека до толку е засрана работава, што голем дел од тие што до пред година/година и пол не го поддржувале, сега би го вратиле назад.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Веќе разликата во рејтинзи помеѓу партиите е толку голема, што изборен инженеринг не може да ја испегла. Сега има два избори пред Калето. Или ќе креира Данела партија, па пак да ги донесе на егал. Или ќе креира лидер на ВМРО-ДПМНЕ со капацитет да биде премиер. Во спротивно, тоа ќе биде тажно владеење, кое може да забега, во било која насока.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.040
Поени од реакции
83.476
Мицковски е американско-албански слуга, подеднакво како Ковачевски. Супер е за САД тоа што има висок рејтинг. Он од петни жили се трудеше да стане подобен. Менуваше изјави, правци на дејствување и све друго што Амбасадата ќе побараше од него.
Но, високиот рејтинг на ВМРО на Мицковски, е исклучиво резултат на активностите на СДСМ и ДУИ, додека кај Груевски, високиот рејтинг беше резултат на активностите на ВМРО. Активностите на ВМРО на Мицковски, воглавно беа насочени кон стандардизирање на нивната политика со барањата од САД/Албанците.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.500
Веќе разликата во рејтинзи помеѓу партиите е толку голема, што изборен инженеринг не може да ја испегла. Сега има два избори пред Калето. Или ќе креира Данела партија, па пак да ги донесе на егал. Или ќе креира лидер на ВМРО-ДПМНЕ со капацитет да биде премиер. Во спротивно, тоа ќе биде тажно владеење, кое може да забега, во било која насока.
Не мислам дека во Македонија може да ја играат Петков опцијата како во Бугарија, зошто во Македонија огромен број од гласачите се фиксирани за разлика од Бугарија, и најголемата борба е кој ќе си мотивира повеќе гласачи воопшто да му излезат да гласаат. Бројката за неутрални гласачи не оди во 200 - 300 000 па да може да се направи нов блок туку е повеќе накај 80-150 000 од кои добар дел се вечни контраши. Ниту пак Данела има некоја многу широка популарност, надвор од Скопје никој не знае како се вика. И да се здружи и со Стевчо и со Максо и уште некој таков помал лимитот ќе и биде 3-5 пратеника максимум и тоа не некој нови гласачи тоа пак ќе бидат исканибализирани гласови од СДС и ДПНЕ.

За да имаат каков било успех (20+ пратеника) ќе треба да и креираат навистина сериозна партија, а тоа ќе ги чини еден тон пари и време а во процесот и неминовно ќе треба да ги исканибализираат дополнително СДС и ДПНЕ.

А околу креирањето на лидер за ДПНЕ, тоа е невозможна мисија. Можат Бизмарк ако сакаат да го воскреснат или да го клонираат и да го постават на чело и нема да смени ништо. Целата структура им е комплетно трула од внатре и сето тоа се држи заедно само за една цел а тоа е повторно дочепување на власт. А и да се случи тоа, падот на ДПНЕ ќе почне веднаш по доаѓањето на власт зошто странците нема да им дадат да спроведат ниту една од работите кои се потребни.
  1. Нема да им дозволат ДУИ да биде пратен во опозиција, распаднат а раководството судено.
  2. Нема да дозволат судски постапки против Заев, Димитров, Шеќеринска, итн ...
  3. Нема да дозволат поништување на законот за јазици и Преспански договор.
  4. Мијалков, Кичеец, Анѓушев, Вице, Нефи никој нема да лежи затвор.
Дополнително нема да САКААТ да:
  1. Го исчистат судството/обвинителството.
  2. Да ја исчистат Армијата и МВР.
  3. Да го исчистат МНР и Тајната Полиција од странски агенти.
  4. Да се справат со НГО мрежата.
На кратко нема да дозволат ништо суштинско да се чепне. И исто како со локалната власт, ќе дојдат со голема помпа и огномет на власт, и ќе тргнат "турбо" во старт и после некое време ќе ги снема и ќе си се вратат на крадење и правење дилови со сите можни мафии.

СДС не може да преживее во опозиција, а ДПНЕ нема да смее да направи ништо од позиција на власт и ќе почне да трокира. И тоа е единствената причина зошто и двете се во сегашните позиции, зошто нема добра опција која што можат Американците да ја изиграат. Па одолговлекуваат. А во истото време ДУИ користат и гледаат што е можно повеќе да натрпаат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom