Веќе разликата во рејтинзи помеѓу партиите е толку голема, што изборен инженеринг не може да ја испегла. Сега има два избори пред Калето. Или ќе креира Данела партија, па пак да ги донесе на егал. Или ќе креира лидер на ВМРО-ДПМНЕ со капацитет да биде премиер. Во спротивно, тоа ќе биде тажно владеење, кое може да забега, во било која насока.
Не мислам дека во Македонија може да ја играат Петков опцијата како во Бугарија, зошто во Македонија огромен број од гласачите се фиксирани за разлика од Бугарија, и најголемата борба е кој ќе си мотивира повеќе гласачи воопшто да му излезат да гласаат. Бројката за неутрални гласачи не оди во 200 - 300 000 па да може да се направи нов блок туку е повеќе накај 80-150 000 од кои добар дел се вечни контраши. Ниту пак Данела има некоја многу широка популарност, надвор од Скопје никој не знае како се вика. И да се здружи и со Стевчо и со Максо и уште некој таков помал лимитот ќе и биде 3-5 пратеника максимум и тоа не некој нови гласачи тоа пак ќе бидат исканибализирани гласови од СДС и ДПНЕ.
За да имаат каков било успех (20+ пратеника) ќе треба да и креираат навистина сериозна партија, а тоа ќе ги чини еден тон пари и време а во процесот и неминовно ќе треба да ги исканибализираат дополнително СДС и ДПНЕ.
А околу креирањето на лидер за ДПНЕ, тоа е невозможна мисија. Можат Бизмарк ако сакаат да го воскреснат или да го клонираат и да го постават на чело и нема да смени ништо. Целата структура им е комплетно трула од внатре и сето тоа се држи заедно само за една цел а тоа е повторно дочепување на власт. А и да се случи тоа, падот на ДПНЕ ќе почне веднаш по доаѓањето на власт зошто странците нема да им дадат да спроведат ниту една од работите кои се потребни.
- Нема да им дозволат ДУИ да биде пратен во опозиција, распаднат а раководството судено.
- Нема да дозволат судски постапки против Заев, Димитров, Шеќеринска, итн ...
- Нема да дозволат поништување на законот за јазици и Преспански договор.
- Мијалков, Кичеец, Анѓушев, Вице, Нефи никој нема да лежи затвор.
Дополнително нема да САКААТ да:
- Го исчистат судството/обвинителството.
- Да ја исчистат Армијата и МВР.
- Да го исчистат МНР и Тајната Полиција од странски агенти.
- Да се справат со НГО мрежата.
На кратко нема да дозволат ништо суштинско да се чепне. И исто како со локалната власт, ќе дојдат со голема помпа и огномет на власт, и ќе тргнат "турбо" во старт и после некое време ќе ги снема и ќе си се вратат на крадење и правење дилови со сите можни мафии.
СДС не може да преживее во опозиција, а ДПНЕ нема да смее да направи ништо од позиција на власт и ќе почне да трокира. И тоа е единствената причина зошто и двете се во сегашните позиции, зошто нема добра опција која што можат Американците да ја изиграат. Па одолговлекуваат. А во истото време ДУИ користат и гледаат што е можно повеќе да натрпаат.