На народот му е преку глава и од комуњарите, но и од лажните патриоти, да се разбереме. Под народ мислам на обичниот народ, неутралниот народ, народот кој мисли со своја глава, народот кој живее, работи и се мачи овде во државава. Народот нема доверба и не сака да гласа за никого, ни за едните, ни за другите, зошто, бидејќи не постои никаква разлика помеѓу нив и едните и другите се политички профитери и борци за власт, фотељи, моќ, пари и функции. Тешко на народот и од комуњарите, но и од сите овие лажни патриоти од типот на ДПНЕ(Жмицко, Ацо-Шунка, Тимчо и.т.н.), потоа исто така народот не им верува и не им дава доверба на избори ни на разно-разната онаа ситна десничарска боранија од типот на Бачевци, Кекеновци, Интегри, Минтегри, Родини, Модини, ТМРО, Палчовци и ред други преварантски и исто така политичко-профитерски пајтон партиички/организации/движења кои само нешто фрфљаат и трабуњаат и така се во еден магичен круг до бесконечност.