Девојчето има и капацитет и е струја. Во исто време мислам дека 30 работи тера, а и Ѓорче од локалните избори наваму го претворија од скоро непостоечки огранок до да бидат може и да се каже веќе втори после Аеродром. Дали можеби требаше да почекат уште 4 години па на следните избори да се кандидира, по мене да. Али ако се иземат годините и се земе само тоа што го има сработено, сосема е заслужено на таа позиција.
Близнаците воопшто не се повеќе во Левица, а и во секој случај не беа за парламент. Чиз си има свој пат по кој си е движи и во моментов тој не е преку парламент. Плус и Чиз е од Аеродром и ако оди би одел во ИЕ1, а во ИЕ1 е конкуренцијата огромна.
Дарја реално си ја заслужи позицијата на листа повеќе кратно со оглед колку време и труд вложува. Тоа што е мала и требаше да почека уште 4 години е друг муабет али комплетно заслужена и е позицијата.
За листите освен една личност која реално имаше направено многу али реално не беше за пратеник, за друг некој изоставен јас лично не знам. Истата би била одлична за извршна функција, али едноставно јавни настапи не и се силна страна.
Многу имаат доста лабава дефиниција за што значи "активен", а и генерално доста имаат доста нереални очекувања. Ако се иде генерално според тоа кој завршил највеќе работа на терен само а не се земе ништо друго во обзир, тогаш едно 50-60% од добитните места ќе требаше да одат на 2-3 ЛО. Има многу квалитетни луѓе, некои го разбираат истото, али мнозиството се заглавени во тој филм за пратеник. Џабе ти е колку си квалитетен инженер или програмер кога имаш треба да излезеш на микрофон и не сакаш да збориш јавно со луѓе.
Другата работа е што не разбирам зошто сите се толку опседнати да станат пратеници. Реално ако не си човек кој сака да се слуша како збори, да бидеш пратеник е една од најглупите позиции. Како прво најлошиот аспект е дека секогаш си под притисок дека активно ќе бараат нешто за да те уценуваат.
Не ги форсира овие двајца Левица, туку самите си се форсираат со тоа што сработиле, посебно Дарја. Нека има една дебата во ИЕ2 и ќе видиш дали Амар треба да го гласаат про-палестинци или Македонци. Братот повеќе пати во 10 минути ќе каже унитарна Македонија на Македонскиот народ одколку цело ДПНЕ за 10 години. За мене лично далеку подобар оратор и од Апасиев. На човекот според способностите, реално местото му е во парламент.
Да каже некој Амар треба да биде министер или директор, ќе речам не го бива реално човекот за таа функција. Ги нема квалитетите за да биде успешен во истата. Али за собрание каде што главниот предуслов е јавен настап.