За конкретниов случај со новинарот не е јасно што се случило но се надевам дека ке излезат снимки од кои ке може убаво да се види кој е кабает.... Друго нешто во државава ми е многу интересно. Имено, имам приметено дека луѓето кои ги плаќаме од буџетот, генерално се плашат од камери и не дозволуваат да се снима нивната работа, МВР, судови, министерства, извршители.... ако видат дека некој снима се потресуваат и напаѓаат со сите средства, не смеело да се снима... Па кој курац бе лајна, вие постапувате во име на народот, вашата работа е јавна и ако ви е чист газот нема што да криете и секој има право да ја снима вашата работа освен кога тоа е изричито забрането со закон и јавноста е исклучена! Зошто, пример, да не можеш слободно да го снимаш постапувањето на пандурите при сообраќајна контрола? Или да не можеш да снимаш извршител додека превзема извршни дејствија? Или постапувањето на шалтерецот при вадење некој папир? Тоа е сосем легално и законски, не го снимам додека е во кафана или дома, го снимам при работа.