Да се разбереме, јас може не го потенцирам тоа често а и не сакам да агитирам али јас сум член на левица и комунист.Се сложувам со болдираното. Ама за да ова стане главен наратив, ние треба се почесто за тоа да зборуваме.
Уште еден наратив кој јас мислам дела треба да се актуелизира е наративот за политичка активност и политичка одговорност на луѓето во Македонија:
- на пример сите анализи ги правиме само со постоењето на партиите СМРДСМ, "партијата што го украде зборчето ВМРО" и е-мајтап(Љевиц),
- сите овие партии се или анти-македонски или едноставно не претставуваат македонска политичка опција
- СМРДСМ е анти-македонска партија
- "партијата што го украде зборчето ВМРО" и е-мајтап(Љевиц) не се посебно про-македонски политички опции
- Наративот кој барам да се актуелизира е пример создавање на култура на политичко ангажирање
- Луѓето мислат дека со муабетите "мене не ме интересира политика" или "сите се исти" или "јас немам за никој гласано досега" покажуваат некаква си доблест
- Или да поддржиме автентично-македонска опција, или да создадеме таква(предупредување: не е лесно ова)
А околу културата и ангажирањето, тешко се менуваат навики кои се вкоренувале 70-80 години. Многу тешко. Посебно кога немаш пристап до ниту една институција за да почнеш да ги променуваш работите. 95-99% од целата власт ја држат СДС, ДПНЕ и ДУИ. Се држат од почеток до крај, од најнискиот шеф на смена преку проферсори на факултети, судии, офицери до градоначалници/пратеници/министри.
И ти треба да почнеш се буквално до почеток, и без никаква можност за помош.
Цените се примарно качени дека нема никакво производство повеќе и се повеќе мора да се носи од увоз. И тоа нешто производство што го има, трговците и прекупците го собираат одма во старт и после манипулираат со цените зошто целата трговска мрежа се консолидираше во неколку трговски ланци кои меѓусебе соработуваат. Најголемата грешка е да пробуваш да решиш проблем на недостаток на производи и организирана криминална трговска мрежа со финансиски решенија.Сепак дека цените се ненормално качени, качени се.
И 300 000 денари да ја направат платата нема да направи никаква разлика зошто цените веднаш ќе рипнат х10 пати, Проблемот е што веќе нема ниту кој да се занимава со земјоделие, сточарство. Сите што работеа така 8 саати на работа + 4-5 саати после тоа на нива или приватно кај луѓе веќе идат во длабока старост. Ниту има мајстори, ниту има аргати, ниту има возачи, ниту има инженери. Ништо нема. Огромен дел од државата живее со стандард на живеење кој е далеку далеку над тоа што они го сработуваат. Плус имаш и огромен дел на вработени кои се заглавени во делови од економијата кои се комплетно непотребни и не придонесуваат на ниту еден начин кон подобар стандард на живот.И за крај го имаш најголемиот проблем, драстично опаѓање и на работните способности но и на работните навики кај луѓето.
Ако братот сака да јаде лубеница, нека отиде на село ако нема куќа нека си дигне барака, па после работа еднаш во неделата до селото ќе си отиде да навади + секој викенд таму да ископа да фрли ѓубре и да навади пообилно да држи и ќе има лубеници за јадење. Па кога ќе отиде во пензија ќе си отиде таму и ќе работи цело време на бавчата и цела фамилија и децата ќе му јадат се додека го држат нозе, и кога нема да го држат ќе си се врати назад во град да си го дочека удобно крајот. Не е должен некој да грбачи по 10 саати секој ден на сонце за некој што работи по 3-4 саати ефективно секој ден од дома да имал ефтина храна.
Последно уредено: