Ех...
Некоректно е ако „моделот„ за диктатор, кој навистина потекнува од „модерново„ време (ја наведов славната „револуција„, која во суштина е преседан за „државен удар„, односно преседан во кој рајата си го менува и монархот и политичкото уредување...), го проектираш историски/ретроактивно.
Сите познати диктатори од XX век се имаат огледано на Французите, поточно Робеспјер (така ги учеше Маркс...), затоа што временски и идеолошки им беше поблизок, отколку огледувањето на лик од Римската Империја, која се води по својот светоглед.
Франко Шпанија, Пападопулос и Јоанидис Грција, Мохамад Реза Пахлави Персија, Пиночет Чиле, Естадо Ново во Португалија ...
"Преседан" за народен преврат, Оливер Кромвел (1649), Прв и втор Stadtholderless во Холандија каде што династијата Orange e протерана чисто како пример . А бројот на неуспешни револуции буни, па тоа се десетици секоја година и само во Европа.
Неспорно е дека диктаторско однесување може да се „запримети„ во сите минати/историски уредувања, иако кај нив не постојат идеологии во модерна смисла, но не и во мерка и начин на кој диктаторството е практикувано како во претходниот век.
Како мислиш немало идеологија, само зошто немале некаква пишана унифицирана платформа за нивните идеи не значи дека не биле водени од подалекусежни идеи за какво треба да биде општественото и економско уредување на нивните држави, главната причина за државните удари првин од Сула а потоа од Цезар билa концентрацијата на економската моќ во рацете на една мала олигарска група за време на војните со Картагина и поделбата на политичката моќ помеѓу сенаторите/конзулите и народните трибуни. Сула направил државен удар за да спречи реформи, Цезар направил државен удар за да спроведе реформи.
Една од главните точки на платформата на Цезар со која добил подршка од народот било распарчувањето на големите поседи на сенаторите на кои работеле само робови, и поделба на земјата на Римските граѓани и ветераните со што повторно би се оформила Римска средна класа и би се вратило општественото уредување како што било пред војната со Картагина. Втората точка било зголемување на моќта на народните трибуни и доделување на сенаторски места и на лојалните племенски сојузници.
Војната помеѓу Цезар и Помпеј била буквална војна на популарен војсководец/политичар против олигархијата.