Слободен деновиве сум и ајде пак се дупнав да читам кратко форум и налетав на твојов коментар и колку и да се трудев да го игнорирам форумот сепак гледајќи дека никој не ти дава одговор соодветен на твоите ставови ете пак да се нафатам јас, кога веќе спорот е колектив на колектив да направиме реална споредба па да видиме кој за каде е и кој колку вреди.
Се што си напишал за вас како дијаспора во Австралија е точно, да вие сте најорганизирана дијаспора -1, да вие можеби сами вредите колку сите други заедно, секој што е во борбата на улица за Македонија знае колку пари фрливте (иако реално за вас тоа е ситница) и сите до едно последно доларче ви завршија во погрешни раце-2 (намерно или не си знаете сами), но се што тоа што си напишал дека имате направено, старечки домови, клубови, кафани не ги правите од љубов кон Макеоднија-3 или некој патриотизам ниту Македонштината и Македонија имат корист од тоа, сигурно за нив нема да учиме во историските учебниици нели, туку си ги правите за самите себе како колектив да бидете повеќе сполотени, да имате поквалитетен живот, бидејќи е јасно во општество како австралиското најзначајно е да бидеш дел од колектив кој е силен за да успееш, а има ли подобар колектив од луѓе со кои имаш исто потекло, ист јазик (иако и тоа го губите) па затоа и сте толку националистички настроени, не од некоја си таква опсесивна љубов кон Македонија-4 (која ако беше таква ќе си бевте дома) туку за да бидете повеќе вреднувани во еден силен колектив во вашето општество каде живеете кое поставило такви вредности за успех во него.
Токму поради тој менталитет дека треба да си силен како колектив и лојален на него пораките кои ги пишуваат Македонци дека душман попрво би ти помогнал него Македонец низ Европа не ти се за верување, а јас самиот тоа го искусив пред некое време, ама ете немало потреба да споделам, нема ни сега но ете чисто дека и јас сум искусил такво искуство да ти потврдам.
Друга работа вашите протести се еднакви на пораките на манекенките за мир во светот, значи никој не ја става на ум ниту може да промени нешто, друго кога вие одите на протести немате никаква цена за плаќање, си излегувате мирно, си одите мирно, утре нов ден и си пичите, додека тука не е така, кој бил знае добро што се се случува, на последен протест над моите другари (јас лично не бев на тој протест) беше пукано со пиштол директно во нив, имам другари кои чекат да влезат во затвор заради таа борба за Македонија, сме ги давале последните пари и сме иделе со празен џеб за да допринесеме за правата борба додека други се богатат со вашите пари и вашата наивност (или можеби и глупавост) продавајќи ви бајки дека тие се борат за Македонија.
Како колектив вие сте 300 000 Македонци, сите хардкор националисти, образовани, едуцирани, успешни, ајде сите колективно преселба у Македонија ако толку многу ја сакате Македонија , со самото ваше враќање рамковниот станува неважечки, со силно дејствување за кратко време го поништуваме преспански, бугарскиот нема ни да се дискутира од старт е минато, албанското влијание и канцер е мртов, со вашиот број на гласови секако сте победничка партија која ќе ја владее идната Влада, донесете 1/8 од вашиот капитал и долгови Македонија и ќе нема, покажете ги вашите менаџерски способнисти и идеме јако напред, но факт е што го знаеме дека цела ваша вредност и квалитети вредат дека сте Австралијци со македонско потекло со силен колектив во Австралија, ако ве тргнеме од таму сите ваши квалитети и вредности како колектив стануват 0, истите луѓе топтан да дојдете во Македонија ќе сте исти или дури бетер од тие што сме сега тука.
Патриотизам е чувство на припадност кон сопствената нација и татковина за која си спремен да се жртвуваш самиот себе , ќе дадеш се за нејзиниот развој, свесно ќе ги жртвуваш твоите лични придобивки кои може да ги имаш само и само за татковината да оди напред.
Така да патриотска дијаспора е само онаа која е прогоната како децата бегалци или оние кои бегале дека се антикомунисти, другите спрема самата дефиниција погоре не се патриоти и тука завршува дискусијата, патриоти може да бидат само ако се во постојан колектив со матицата и помагат на неа со дела, а такви не се ни 1 % од дијаспората наша ширум светот.
Никој вас не ви поставува правила и не ви одредува како да живеете, сте одбрале наместо за нација и држава да се борите за вашите лични животи , секоја одлука треба да се почитува и вреднува, еден живот секој нека го живее како сака, но никој на вас не ви поставува услови или барања како што вие ни поставувате на нас, не повикувате да јадеме трња и да се жртвуваме да ја браниме Македонија додека истите вие сте избегале од неа затоа што не ви се јадело трња, додека вие шетате низ цел свет и јадете во најфенси ресторанти во светски рамки, повикувате друг дека мора да гладува да ја брани нашата татковина, епа ако е наша ајде да гладуваме заедно или не ни држи газето, немате никакво право да барате од луѓето кои живеат во Македонија да живеат живот од кој вие самите од што не го сакате сте избегале, тоа ти се вика лицемерие.
Дур вие го освојувате светот, ние тука се жртвуваме постојано, место да шетам по Европа јас жртвувам многу лични бенефити кои можев да ги имам за да инвестирам во колективни нешта да изградам нешто достоинствено без разлика дали е во црква, навивачка група, политичка идеологија и.т.н. за да го направам мојот роден град и Македонија подобро место за живеење, иако свесен дека сам со мал број на луѓе неможам ништо да променам радикално и пак свесно го правам тоа.
За на крај секој со својот патриотизам, вашата екипа со старечки домови, кафани и фудбалски клубови, мојата екипа со улица, давање на последен денар за Македонија, жртвување, борба да се создаде добар колектив,а како што имаа ситуација мои другари и со можно плаќање на својата борба со сопствен живот, како што гледаш тежината на едниот и другиот патриотизам и цената која се плаќа за него е сто пати поскапа на наша отколку на ваша кожа , со секоја чест што имаш направено како поединец, но една ластовичка не прави пролет.