Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
Само потсети не‘, во кој момент Зоќе из Муртино го (пре)квалификува референдимот како „консултативен„?...
Уште у старт :) .
Повели:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.372
Поени од реакции
21.900
Разликувај прво негување традиција со давање команди од кај што си
Не верував дека уште првиот одговор ќе потврди тоа што пишав. Честитам.
 
  • Тажно
Reactions: y2k

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.556
Поени од реакции
23.093
Слободен деновиве сум и ајде пак се дупнав да читам кратко форум и налетав на твојов коментар и колку и да се трудев да го игнорирам форумот сепак гледајќи дека никој не ти дава одговор соодветен на твоите ставови ете пак да се нафатам јас, кога веќе спорот е колектив на колектив да направиме реална споредба па да видиме кој за каде е и кој колку вреди.

Се што си напишал за вас како дијаспора во Австралија е точно, да вие сте најорганизирана дијаспора, да вие можеби сами вредите колку сите други заедно, секој што е во борбата на улица за Македонија знае колку пари фрливте (иако реално за вас тоа е ситница) и сите до едно последно доларче ви завршија во погрешни раце (намерно или не си знаете сами), но се што тоа што си напишал дека имате направено, старечки домови, клубови, кафани не ги правите од љубов кон Макеоднија или некој патриотизам ниту Македонштината и Македонија имат корист од тоа, сигурно за нив нема да учиме во историските учебниици нели, туку си ги правите за самите себе како колектив да бидете повеќе сполотени, да имате поквалитетен живот, бидејќи е јасно во општество како австралиското најзначајно е да бидеш дел од колектив кој е силен за да успееш, а има ли подобар колектив од луѓе со кои имаш исто потекло, ист јазик (иако и тоа го губите) па затоа и сте толку националистички настроени, не од некоја си таква опсесивна љубов кон Македонија (која ако беше таква ќе си бевте дома) туку за да бидете повеќе вреднувани во еден силен колектив во вашето општество каде живеете кое поставило такви вредности за успех во него.
Токму поради тој менталитет дека треба да си силен како колектив и лојален на него пораките кои ги пишуваат Македонци дека душман попрво би ти помогнал него Македонец низ Европа не ти се за верување-5, а јас самиот тоа го искусив пред некое време, ама ете немало потреба да споделам, нема ни сега но ете чисто дека и јас сум искусил такво искуство да ти потврдам.

Друга работа вашите протести се еднакви на пораките на манекенките за мир во светот, значи никој не ја става на ум ниту може да промени нешто, друго кога вие одите на протести немате никаква цена за плаќање, си излегувате мирно, си одите мирно, утре нов ден и си пичите, додека тука не е така, кој бил знае добро што се се случува, на последен протест над моите другари (јас лично не бев на тој протест) беше пукано со пиштол директно во нив, имам другари кои чекат да влезат во затвор заради таа борба за Македонија, сме ги давале последните пари и сме иделе со празен џеб за да допринесеме за правата борба додека други се богатат со вашите пари и вашата наивност (или можеби и глупавост) продавајќи ви бајки дека тие се борат за Македонија. -6

Како колектив вие сте 300 000 Македонци, сите хардкор националисти, образовани, едуцирани, успешни, ајде сите колективно преселба у Македонија ако толку многу ја сакате Македонија-7 , со самото ваше враќање рамковниот станува неважечки, со силно дејствување за кратко време го поништуваме преспански, бугарскиот нема ни да се дискутира од старт е минато, албанското влијание и канцер е мртов -8, со вашиот број на гласови секако сте победничка партија која ќе ја владее идната Влада -9, донесете 1/8 од вашиот капитал и долгови Македонија и ќе нема, покажете ги вашите менаџерски способнисти и идеме јако напред, но факт е што го знаеме дека цела ваша вредност и квалитети вредат дека сте Австралијци со македонско потекло со силен колектив во Австралија, ако ве тргнеме од таму сите ваши квалитети и вредности како колектив стануват 0, истите луѓе топтан да дојдете во Македонија ќе сте исти или дури бетер од тие што сме сега тука. -10

Патриотизам е чувство на припадност кон сопствената нација и татковина за која си спремен да се жртвуваш самиот себе , ќе дадеш се за нејзиниот развој, свесно ќе ги жртвуваш твоите лични придобивки кои може да ги имаш само и само за татковината да оди напред.-11

Така да патриотска дијаспора е само онаа која е прогоната како децата бегалци или оние кои бегале дека се антикомунисти, другите спрема самата дефиниција погоре не се патриоти и тука завршува дискусијата, патриоти може да бидат само ако се во постојан колектив со матицата и помагат на неа со дела, а такви не се ни 1 % од дијаспората наша ширум светот.-12
Никој вас не ви поставува правила и не ви одредува како да живеете, сте одбрале наместо за нација и држава да се борите за вашите лични животи , секоја одлука треба да се почитува и вреднува, еден живот секој нека го живее како сака, но никој на вас не ви поставува услови или барања како што вие ни поставувате на нас, не повикувате да јадеме трња и да се жртвуваме да ја браниме Македонија-13 додека истите вие сте избегале од неа затоа што не ви се јадело трња-14, додека вие шетате низ цел свет и јадете во најфенси ресторанти во светски рамки, повикувате друг дека мора да гладува-15 да ја брани нашата татковина, епа ако е наша ајде да гладуваме заедно или не ни држи газето, немате никакво право да барате од луѓето кои живеат во Македонија да живеат живот од кој вие самите од што не го сакате сте избегале, тоа ти се вика лицемерие. -16
Дур вие го освојувате светот, ние тука се жртвуваме постојано-17, место да шетам по Европа јас жртвувам многу лични бенефити кои можев да ги имам за да инвестирам во колективни нешта да изградам нешто достоинствено без разлика дали е во црква, навивачка група, политичка идеологија-18 и.т.н. за да го направам мојот роден град и Македонија подобро место за живеење, иако свесен дека сам со мал број на луѓе неможам ништо да променам радикално и пак свесно го правам тоа.

За на крај секој со својот патриотизам, вашата екипа со старечки домови, кафани и фудбалски клубови, мојата екипа-19 со улица, давање на последен денар за Македонија, жртвување, борба да се создаде добар колектив,а како што имаа ситуација мои другари и со можно плаќање на својата борба со сопствен живот, како што гледаш тежината на едниот и другиот патриотизам и цената која се плаќа за него е сто пати поскапа на наша отколку на ваша кожа , со секоја чест што имаш направено како поединец, но една ластовичка не прави пролет.
5. Абе ајде... Пак ќе кажам тој што се дружи со шлајм на крај таков круг и ќе има. Јас сигурно имам повеќе шетано од тебе низ европа и светот и за да знам. Лугето во мојот круг помагаат. Иди на темата за германија прочитај ги последните 2 страни.

6. Нашите протести тука се за ние да кажеме што мислиме, да знае светот дека дијаспората нема да го прифати тоа што твојот сограганин го одлучил и најбитно да ви се даде поттик и вие да излезете на протести. Не е точно дека овде немаме последници, и овде не им е сеедно на тие што работат во државно или големи компании да се експонираат на етнички протести кој чесно знаат и да се насилни, не им е сеедно и на тие што имаат бизниси а работат со грци/шпонови овде. Тоа што сте уплашени од последиците ви е нова болест, предходно имаше протести и народот немаше страв. Сега одкако ги испоуапсија оние што влегоа во собрание и практично ставија крај на демократијата во МКД сите сте ми некако уплашени... :icon_mrgr: Со право, не викам не, ама вие тоа го дозволивте.

7. Зошто? Види, ние сме си ОК. Си имаме среден живот, ние сакаме да ви помогнеме а не да ви ја ги преуредуваме животите. Ако сте толку неспособни да ја водите државата ти реков, тргнете се ќе ви пратиме експертска влада ќе ве среди за 10 години.

8. Ништо од ова не мораше да се случи. Вие допуштивте се тоа, не ние, зошто сега ние мора да ви ги исправаме грешките?

9. Ова не е баш точно.

10. Ова не само што не факт него е и тотално погрешно. Објаснив горе со примерот у точка 3 а има и купишта други кога дошле наши отвориле и воделе успешен бизнис во МКД. Јас до пред 10 год имав таков, па го поколонив на мој роднини таму, едноставно немав време да се замарам имав подобри и попрофитабилни опции на други места.

11. Значи уште еднаш, јас не сум патриот. Кај мене заврши тоа во 2001ва. Тогаш дојдов да се борам. Донесов и пари и направив ред други работи што не се за на форум. Пошто имаш контакти у навијачкиот свет слободно распрашај се ако сакаш у пп ќе продолжиме за ова. Фино тогаш еден господин комуњар пратен од министерот наш што продаваше тенковски делови ни кажа што и како. На крај пак поделив мање више пари за еден стан на жртвите од конфликтот. Колку толку јас мислам дека моето си го имам направено поготово кога и не сум морал, кога многу од таа багра комуњарска бегаше од МКД.

12. За ова треба може и тема да се отвори. За да си во постојан колетив треба некој и од таму да работи и сака. Тоа е всушност проблемот. Од кај нас не е проблем, секогаш што се барало се правело. Проблемот е што од МКД место да пратат учители и учебници они не игнорираат, место да пратат асални дипломати ни праќаат идиоти. Заедницата некој треба и да ја води и да работи со неа. Од кај знам јас што треба таму да ви се помогне ако некој не каже. Ние овде сме ОК, имаме заедница ама низ ЕУ нема речиси ништо, во УСА пропага во голема мера баш затоа што никој не работи со нив. Затоа ти изгледа дека дали 1% се такви. Некој треба да засука ракави и да направи пчеларник а после и да дава команди. Еве ние го имаме пчеларникот овде ама другиот дел кога е у прашање соработката тука вие потфрлате. За ЕУ и УСА треба многу многу работа... Ама јеби га, овие сега сакаат НЕКОЈА НОВА ДИЈАСПОРА, па место да пратат учители овде дадоа на некој анонимус во канбера грант од 40К долари за да засадела дрво, дадоа 50К на шипо да го води Дојче веле и да направи портал на нашите таму и какви се не глупости. Еве го @Staufer нека објасни за Германија, баш со него дискутиравме ова порано.

13. Кој услови ти ги поставуваме? Државата да се вика Македонија, како што се викала од секогаш. Знамето и симболите да ги третирате со респект како и секоја друга држава а не како тоалет хартија. Јазикот да си е македонски каков и што е? Тоа за тебе се услови? :facepalm: Јадеш трња или кавијар зависно од тоа колку си способен. Па веќе на темава 2-3ца ми кажаа дека добро им било таму.

14. Ни ова не е точно, индивидуално е. Имаш многу што заминале за ред други работи веќе објаснив.

15. Намали со драмите. Ако немаш што да јадеш тогаш земи работи, ко што гледам секаде се бараат луѓе.

16. Не. Овде нема лицемерие него лузерски менталитет. Јас сум живеел на победни места од МКД и не сум гладувал, напротив сум правел пари. Драмите задржи си ги за себе, од приказните ајде уште ова да смениме и ќе биде мед и млеко видовме до кај стигнавме.

17. Намали доживљај... Дај кажи ми како се жртвуваш? И на крај карајева кој тоа го бара од тебе?

18. Што те стопира да ги правиш и 2те? Јас го правам тоа.

19. Ова ко БГ Синдикат да го слушам... :pos:Извини ама ЗЗ е твојот крај така? Е сега знам дека добро мислиш и си ОК човек ама ко што рече едно ластовичка не ја носи пролетта...
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.086
@ultras1988

Само да праша дали под патриотизам се продава-спаѓа и промена на име на државата и народот.
Ако ДА, тоа е некој нов вид патриотизам за кој до сега не сме чуле.
Некој прашања не заслужуваат одговор а твоето е такво но ете ќе ти одговорам директно, продавање и промена на име на држава а многу повеќе на народ е предаство и не е патриотизам, што ти е дефинирано во самата дефиниција, но кој сака да разбере ќе разбере, кој не сака нема и ќе си поставува такви искрено глупи прашања.

Затоа и потенцирав во дефиницијата татковината а не државата.

дечкото е од струмица инаку, тие ептен искрвавија за Македонија, мислам за Северна, тој обично е отсутен од форумов ама кога некое копиле ќе почне да сере по дијаспората тој одненадеш онака случано се вклучува на форумов.
И баш ме интересира како некој други него му помогнале таму некаде по Германија, сигурно отиде таму и му побара помош на некој рандом арап или шваба на улица и тие одма воодушевени од струмичкиот шарм се отепаа да му помогнат, баш сакам да ја слушнам приказната.
Токму затоа што сте чуле а не сте разбрале некој работи давате пари на луѓе кои се богатат од ваш џеб, и ако, додека има овци ќе има и волна, нека ве молзат и нека ви зимат уште повеќе пари продавајќи ви бајки за тоа како тие ја бранат Македонија, а голем дел од нив се играчи на службите.

Судиш за цел град по една личност, ајде фактографија, град кој организира протест против име неорганизиран од организација и партија беше Струмица, на сите протести во Скопје имаше присутна екипа од Струмица и секогаш прв ред, кога се бранеше Гоце имаше екипи само од Скопје, Струмица и Тетово, да не редам немам потреба да објаснувам, доволен е фактот што кога се забрани кутлешот први Кутлеш пред тие што го забранија и тоа знаме 4 на 4 метри и неколку помали беа извадени во Струмица и покрај наредбата од премиер не ни беа одземени покрај цел притисок на полицијата, доволно е само тоа, а настанот каде мене не ми помогнал Македонец (не би ни било потребно некоја посебна помош) не е Германија , не бери гајле, не сум должен да ти објаснувам приватен живот мој личен тука, а посебно последно да е помош од арап и други раси не би барал па последно да ми е.

Другар не те разбирам искрено. Дали стварно очекуваш дека Македонци во втора, трета, четврта генерација родени во Австралија ќе се преселат во криминална држава како Македонија? Не можеш тоа да го очекуваш како знак на патриотизам. Исто така какви се овие барања? Проблемот е до пристапот на матичната држава кон дијаспората. Едноставно не ги сака. Оти политичарите не можат да ги уценат и да имаат влијание над нив. Не гледам дека Албанската, Грчката или било која друга дијаспора толку е плукана. Матичната држава треба да има интерес да го користи потенцијалот на дијаспората за доброто на државата ама спротивно работи, ги баталува Македонците а ги фаворизира Шкип. Иако мислам возот одамна е заминат за Македонија и прашање на време дур имплодира, спасот може да дојде само од надвор. Внатре во Македонија нема доволно капацитет и очигледно воља во народот да ја турне државата во вистинскиот правец.

Иначе сметам и те како е важно дијаспората и надвор од Македонија да ја негува традицијата, јазикот и културата. Тоа е од невероватна корист за македонскиот народ, каде во слобода може да се развива без цензура на комуњарата. На крај секој Македонец коj се асимилирал во Австралија е за секогаш изгубен. Овие работи придонесуваат колку толку коренот да се предаде на следните генерации.
Јас нити барам а уште помалку очекувам дури искрено и посакувам, некоја си трета-четврта генерација да дојде во Македонија, чисто се знае прва генерација е единствена која не се асимилира, втората сеуште е под влијание на првата, трета е измеѓу и четврата генерација е тотално асимилирана и тие луѓе си се со друга национална припадност, свест и.т.н., такви закони има токму Австралија колку што сум запознат за тоа која генерација какви правила има у политиката (можеби грешам но така сум запознат).

Јас искрено ако ме прашаш луѓе кои ја напуштиле државата не сакам да бидат фактор во неа , мој идеолошки принципи, но реалноста е дека ако сакаме Македонија да ја издигнеме на нозе потребно е да се соработува со дијаспората, бидејќи речиси 70 % од нашите најквалитетни луѓе на жал се таму, но тоа не да биде коленичење и молење, туку заедничко тие да помогнат со свои искуства и знаења како што спомна некој примери @kano погоре, но тие да бидат стотици, нации се издигнаа благодарејќи на дијаспората, една која ме изненади за која научив скоро и токму од членот кој ти го наведов е Ирска.

Македонската дијаспора не е почитувана од матицата од факт (зборам од мое име можеби повеќе) дека си препишува повеќе заслуги од реално што има и што наметнува да биде попатриотска од матицата (ниту една друга дијаспора тоа не го прави) си земал добар пример со грчката и албанската дијаспора, грчката дијаспора е втората најјака светска дијаспора по еврејската и таа е целосно соработува со Атина, тие не се прават поголеми Грци од самите Грци, активни се во политичкиот живот финансирајќи политички опции кои се чисти, едни од главните финансиери на Златна Зора ти беа од Австралија каде имаа и своја секција, друго албанската дијаспора што прави за матицата овде, доволно е што дојдоа илјадници да гласат за да го освојат твое Кичево, гледаш разлика тука се гледа, што напраи македонската дијаспора а што правеше албанската, затоа и почитта од матиците кон дијаспорите е различна.

Здраво е да имаш дијаспора која е квалитетна и продуктивна, но македонската не е таква, друго за Македонија да се издигне напред, за македонската нација не биде понижувана се потребни Македонци во Македонија и тоа минимум 2 милиони, а ние веќе паднавме под милион, така да македонската нација со такви тендеции биолошки ќе си изумре, вашиве внуци, правнуци ќе се асимилираат, нашиве ќе се безгласни букви и ќе си пишува по учебници си беше еднаш една земја.

Сепак за да дојде до тоа треба многу поактивна соработка помеѓу матицата и дијаспората, но јазот кој го има помеѓу нас во моментов никој не се обидува да го надмине, јас специално и отворив тема за тоа во која има 7 страници кои повеќето се лупетење глупости него реални видувања за тоа како да се надмине, а заради нашите ега Македонија наскоро може да стане едно големо Мариово, тогаш името искрено најмалце ќе биде важно на државата, на жал.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.556
Поени од реакции
23.093
Веќе и тоа е познато-дека „од надвор платените„ (познати како NGO) си ја вршат работата за која и постојат, а тоа е роварење по домицилниот народ и промовирање, афирмирање и легализирање на секоја белосветска ментална извртеност, а од хоби, вршат и по некоја „офарбана револуција„, особено ако постојната власт не е по мерак од некоја тетка или чиче од некоја ембаси...

„Од надвор платените„ без исклучот се (мање-више) блиски со секоја власт во Македонија, така да тешко дека ќе се отарасаме од нив...
znaci udri na niv na sekoj mozen nacin. taka se pravi razlika. momentot koga ovaa vlast ke padne gomnata sto ja poddrzuvaa sarenata revolucija treba da jadat kotek na sekoj cekor.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.372
Поени од реакции
21.900
Некој прашања не заслужуваат одговор а твоето е такво но ете ќе ти одговорам директно, продавање и промена на име на држава а многу повеќе на народ е предаство и не е патриотизам, што ти е дефинирано во самата дефиниција, но кој сака да разбере ќе разбере, кој не сака нема и ќе си поставува такви искрено глупи прашања.

Затоа и потенцирав во дефиницијата татковината а не државата.


Токму затоа што сте чуле а не сте разбрале некој работи давате пари на луѓе кои се богатат од ваш џеб, и ако, додека има овци ќе има и волна, нека ве молзат и нека ви зимат уште повеќе пари продавајќи ви бајки за тоа како тие ја бранат Македонија, а голем дел од нив се играчи на службите.

Судиш за цел град по една личност, ајде фактографија, град кој организира протест против име неорганизиран од организација и партија беше Струмица, на сите протести во Скопје имаше присутна екипа од Струмица и секогаш прв ред, кога се бранеше Гоце имаше екипи само од Скопје, Струмица и Тетово, да не редам немам потреба да објаснувам, доволен е фактот што кога се забрани кутлешот први Кутлеш пред тие што го забранија и тоа знаме 4 на 4 метри и неколку помали беа извадени во Струмица и покрај наредбата од премиер не ни беа одземени покрај цел притисок на полицијата, доволно е само тоа, а настанот каде мене не ми помогнал Македонец (не би ни било потребно некоја посебна помош) не е Германија , не бери гајле, не сум должен да ти објаснувам приватен живот мој личен тука, а посебно последно да е помош од арап и други раси не би барал па последно да ми е.


Јас нити барам а уште помалку очекувам дури искрено и посакуван некоја си трета-четврта генерација да дојде во Македонија, чисто се знае прва генерација е единствена која не сеа асимилира, втората сеуште е под влијание на првата, трета е измеѓу и четврата генерација е тотално асимилирана и тие луѓе си се со друга национална припадност, свест и.т.н., такви закони има токму Австралија колку што сум запознат за тоа која генерација какви правила има у политиката (можеби грешам но така сум запознат).

Јас искрено ако ме прашаш луѓе кои ја напуштиле државата не сакам да бидат фактор во неа , мој идеолошки принципи, но реалноста е дека ако сакаме Македонија да ја издигнеме на нозе потребно е да се соработува со дијаспората, бидејќи речиси 70 % од нашите најквалитетни луѓе на жал се таму, но тоа не да биде коленичење и молење, туку заедничко тие да помогнат со свои искуства и знаења како што спомна некој примери @kano погоре, но тие да бидат стотици, нации се издигнаа благодарејќи на дијаспората, една која ме изненади за која научив скоро и токму од членот кој ти го наведов е Ирска.

Македонската дијаспора не е почитувана од матицата од факт (зборам од мое име можеби повеќе) дека си препишува повеќе заслуги од реално што има и што наметнува да биде попатриотска од матицата (ниту една друга дијаспора тоа не го прави) си земал добар пример со грчката и албанската дијаспора, грчката дијаспота е втората најјака светска дијаспора по еврејската и таа е целосно соработува со Атина, тие не се прават поголеми Грци од самите Грци, активни се во политичкиот живот финансирајќи политички опции кои се чисти, едни од главните финансиери на Златна Зора ти беа од Австралија каде имаа и своја секција, друго албанската дијаспора што прави за матицата овде, доволно е што дојдоа илјадници да гласат за да го освојат твое Кичево, гледаш разлика тука се гледа, што напраи македонската дијаспора а што правеше албанската, затоа и почитта од матиците кон дијаспорите е различна.

Здраво е да имаш дијаспора која е квалитетна и продуктивна, но македонската не е таква, друго за Македонија да се издигне напред, за македонската нација не биде понижувана се потребни Македонци во Македонија и тоа минимум 2 милиони, а ние веќе паднавме под милион, така да македонската нација со такви тендеции биолошки ќе си изумре, вашиве внуци, правнуци ќе се асимилираат, нашиве ќе се безгласни букви и ќе си пишува по учебници си беше еднаш една земја.

Сепак за да дојде до тоа треба многу поактивна соработка помеѓу матицата и дијаспората, но јазот кој го има помеѓу нас во моментов никој не се обидува да го надмине, јас специално и отворив тема за тоа во која има 7 страници кои повеќето се лупетење глупости него реални видувања за тоа како да се надмине, а заради нашите ега Македонија наскоро може да стане едно големо Мариово, тогаш името искрено најмалце ќе биде важно на државата, на жал.
Сам се негираш. На кратко:

цитат: Македонската дијаспора не е почитувана од матицата од факт (зборам од мое име можеби повеќе) дека си препишува повеќе заслуги од реално што има и што наметнува да биде попатриотска од матицата

цитат: друго албанската дијаспора што прави за матицата овде, доволно е што дојдоа илјадници да гласат за да го освојат твое Кичево

Да те прашам само: Кој е виновен за сите глупости од 2001ва навака? Рамковен, територијална реорганизација, втор јазик, учки во влада? Само немој да кажеш дијаспората. Сите срања се правени од внатре а ти сакаш од надвор да идеме на избори ама и тоа реално не сакаш оти не сакаш некој во трета генерација надвор, а Македонец, да има некоја улога. Ајде жити се одлучи се.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.181
Поени од реакции
4.322
Пак те излажале комуњарите-Зоќе го преквалификува рефрендумот непосредно пред самиот рефереднум, откако и на неговата плиткоумност и на неговите комуњари им стана јасно дека повеќето од народов нема да гласа, иако Македонија беше посетувана од сета белосветска багра со цел да не‘ убеди да гласаме за самоукинување...

Изјавата од Зоќета за „као„ консултативен рефререндум беше емитувана на ТВ.

Обиди се пак, може ќе ти успее...
 
J

joli1

Гостин
неспоредлива е било која група на македонската дијаспора со австралијците, да бидеме реални.

моите роднини (мнозинството), моите познаници и пријатели, како и фамилијарните пријатели кои што живеат во САД се толку отуѓени од земјава (во компарација со дијаспората во Австралија) да е жално воопшто да споредиш.

прво - доаѓаат еднаш у 10-тина години (да, разбирам дека е голема дистанца, но зошто се почесто во Хрватска?), реално не инвестираат во ништо тука, па дури и не си ги ни потпомагаат роднините тука (што е случајот со албанската дијаспора), дел од нив не ни комуницираат на македонски воопшто, најчесто уобразено се понашаат со подсмев спрема луѓето кои што се тука, сеуште сметаат дека ние ништо не знаеме (иако светот е делумно глобализиран), како ништо не сме виделе, ама затоа се први патриоти по свадби и на празници.

мој братучед, кој што е производ на татко македонец кој што цел живот е во САД и мајка македонка која што на млади години е отидена во САД се смета себеси за полугрк и полусрбин, иако нема ниту српско потекло, ниту пак грчко - кога ќе го прашаа пријателите од САД кај е дојден за лето, велеше дека е дојден во Европа, а не во Македонија затоа што му беше срам да каже кај е.

реално од сите дијаспори, австралијците ми се онака најхардкор, доаѓаат колку толку често, имаш little italy (само macedonia) тип на места, не се срамат (се гордеат) да кажат дека се македонци, имаат разноразни македонски клубови, што интелектуални, што спортски, организирани се, помагаат финансиски донирајќи средства на луѓето кои што тие средства им се потребни, дури и солиден број на овие анима мунди тип на друштва кои што спасуваат животни се најчесто подржани од наши луѓе во Австралија.

вистинското прашање би било - што направи државава за дијаспорците (кои секој ден стануваат се повеќе и повеќе), колку лесно се добиваат македонски документи за нашите родени таму, дали државата инвестира во македонските клубови во дијаспората, итн?
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.086
5. Абе ајде... Пак ќе кажам тој што се дружи со шлајм на крај таков круг и ќе има. Јас сигурно имам повеќе шетано од тебе низ европа и светот и за да знам. Лугето во мојот круг помагаат. Иди на темата за германија прочитај ги последните 2 страни.

6. Нашите протести тука се за ние да кажеме што мислиме, да знае светот дека дијаспората нема да го прифати тоа што твојот сограганин го одлучил и најбитно да ви се даде поттик и вие да излезете на протести. Не е точно дека овде немаме последници, и овде не им е сеедно на тие што работат во државно или големи компании да се експонираат на етнички протести кој чесно знаат и да се насилни, не им е сеедно и на тие што имаат бизниси а работат со грци/шпонови овде. Тоа што сте уплашени од последиците ви е нова болест, предходно имаше протести и народот немаше страв. Сега одкако ги испоуапсија оние што влегоа во собрание и практично ставија крај на демократијата во МКД сите сте ми некако уплашени... :icon_mrgr: Со право, не викам не, ама вие тоа го дозволивте.

7. Зошто? Види, ние сме си ОК. Си имаме среден живот, ние сакаме да ви помогнеме а не да ви ја ги преуредуваме животите. Ако сте толку неспособни да ја водите државата ти реков, тргнете се ќе ви пратиме експертска влада ќе ве среди за 10 години.

8. Ништо од ова не мораше да се случи. Вие допуштивте се тоа, не ние, зошто сега ние мора да ви ги исправаме грешките?

9. Ова не е баш точно.

10. Ова не само што не факт него е и тотално погрешно. Објаснив горе со примерот у точка 3 а има и купишта други кога дошле наши отвориле и воделе успешен бизнис во МКД. Јас до пред 10 год имав таков, па го поколонив на мој роднини таму, едноставно немав време да се замарам имав подобри и попрофитабилни опции на други места.

11. Значи уште еднаш, јас не сум патриот. Кај мене заврши тоа во 2001ва. Тогаш дојдов да се борам. Донесов и пари и направив ред други работи што не се за на форум. Пошто имаш контакти у навијачкиот свет слободно распрашај се ако сакаш у пп ќе продолжиме за ова. Фино тогаш еден господин комуњар пратен од министерот наш што продаваше тенковски делови ни кажа што и како. На крај пак поделив мање више пари за еден стан на жртвите од конфликтот. Колку толку јас мислам дека моето си го имам направено поготово кога и не сум морал, кога многу од таа багра комуњарска бегаше од МКД.

12. За ова треба може и тема да се отвори. За да си во постојан колетив треба некој и од таму да работи и сака. Тоа е всушност проблемот. Од кај нас не е проблем, секогаш што се барало се правело. Проблемот е што од МКД место да пратат учители и учебници они не игнорираат, место да пратат асални дипломати ни праќаат идиоти. Заедницата некој треба и да ја води и да работи со неа. Од кај знам јас што треба таму да ви се помогне ако некој не каже. Ние овде сме ОК, имаме заедница ама низ ЕУ нема речиси ништо, во УСА пропага во голема мера баш затоа што никој не работи со нив. Затоа ти изгледа дека дали 1% се такви. Некој треба да засука ракави и да направи пчеларник а после и да дава команди. Еве ние го имаме пчеларникот овде ама другиот дел кога е у прашање соработката тука вие потфрлате. За ЕУ и УСА треба многу многу работа... Ама јеби га, овие сега сакаат НЕКОЈА НОВА ДИЈАСПОРА, па место да пратат учители овде дадоа на некој анонимус во канбера грант од 40К долари за да засадела дрво, дадоа 50К на шипо да го води Дојче веле и да направи портал на нашите таму и какви се не глупости. Еве го @Staufer нека објасни за Германија, баш со него дискутиравме ова порано.

13. Кој услови ти ги поставуваме? Државата да се вика Македонија, како што се викала од секогаш. Знамето и симболите да ги третирате со респект како и секоја друга држава а не како тоалет хартија. Јазикот да си е македонски каков и што е? Тоа за тебе се услови? :facepalm: Јадеш трња или кавијар зависно од тоа колку си способен. Па веќе на темава 2-3ца ми кажаа дека добро им било таму.

14. Ни ова не е точно, индивидуално е. Имаш многу што заминале за ред други работи веќе објаснив.

15. Намали со драмите. Ако немаш што да јадеш тогаш земи работи, ко што гледам секаде се бараат луѓе.

16. Не. Овде нема лицемерие него лузерски менталитет. Јас сум живеел на победни места од МКД и не сум гладувал, напротив сум правел пари. Драмите задржи си ги за себе, од приказните ајде уште ова да смениме и ќе биде мед и млеко видовме до кај стигнавме.

17. Намали доживљај... Дај кажи ми како се жртвуваш? И на крај карајева кој тоа го бара од тебе?

18. Што те стопира да ги правиш и 2те? Јас го правам тоа.

19. Ова ко БГ Синдикат да го слушам... :pos:Извини ама ЗЗ е твојот крај така? Е сега знам дека добро мислиш и си ОК човек ама ко што рече едно ластовичка не ја носи пролетта...
Многу точки напиша и секој ќе си го носи муабетот во своја корист, потенцирам ти повеќе ги гледаш настаните од призмата на индивидуалец, јас од призма на колектив, за мене е лесно, фала богу сум се едуцирал, образувал и еве почнувам со работа во која ќе вадам за многу достоинствен живот во МКД , почнувам да движам низ Европа и.т.н., но поентата е дека не сите луѓе во таков образовен систем и такви околности се способни , немат такви интелектуални капацитети, да не редам, како прво треба да биде среден колективот за тој да може да напредува, а кога колективот ќе биде силен тогаш нема да ти менуваат ни име ни ќе си играт курташак со државата.

Ако ЗЗ е од мојот крај, за него во шарената на прв ред се бореа луѓе од твојот крај, муабетот може да го вртиме во таа конотација до недоглед, тоа е исто сега јас да кажам абе знаеш дека хотелот во кој ЗЗ ја распродаде Македонија е од Македонец од Австралија направен и беше негов пред да го продаде, значи ако он не го направил ќе немал каде ЗЗ да ја продава Македонија, така ми иде муабетот, и да тоа е со влијание од БС ебига :D:D:D.
Сам се негираш. На кратко:

цитат: Македонската дијаспора не е почитувана од матицата од факт (зборам од мое име можеби повеќе) дека си препишува повеќе заслуги од реално што има и што наметнува да биде попатриотска од матицата

цитат: друго албанската дијаспора што прави за матицата овде, доволно е што дојдоа илјадници да гласат за да го освојат твое Кичево

Да те прашам само: Кој е виновен за сите глупости од 2001ва навака? Рамковен, територијална реорганизација, втор јазик, учки во влада? Само немој да кажеш дијаспората. Сите срања се правени од внатре а ти сакаш од надвор да идеме на избори ама и тоа реално не сакаш оти не сакаш некој во трета генерација надвор, а Македонец, да има некоја улога. Ајде жити се одлучи се.
Виновен е колективот во целина, за тоа што ако толку масовно Македонци не се иселувале, Албанците никогаш нема да биле тој %, не би биле таков фактор, со што немало да се дозволи да не дупи кој стигне, како што има кажано некој ако сите кои се иселија 400 000 еднаш гласале за друга партија место крадците од двете најголеми партии никогаш немаше да стигнаме до тој степен нели ?
А за трета-четврта па и прва-втора генерација јасно ти пишав, ако гледам јас чисто идеолошки не сакам ништо, моите лични идеолошки сфаќања дека Македонци живеат само во Македонија, но ако сакаш да направиш силна држава реално во Македонија нема квалитетни кадри на сите позиции и помошта е повеќе од потребна од страна, без разлика дал ќе е дијаспора или некој странци кои тоа би го направиле, како што гледаш јас лично надминувам мои идеолошки погледи кога се работи за доброто на колективот , ако сега ме разбра поубаво.
 
Ф

Флеш

Гостин
Абе кој го ебе ШарпШутер ...


Навистина Таче дал рачна оставка у СДСМ која е најдобрата партија во историјата?!


ВИСТИНА Е ОВА ?!

ДЕНЕСКА новинари го прашуваа
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.556
Поени од реакции
23.093
Никој никаде не спомна негување на традиција. Овде се води расправија за нешто сосема десетто. Далеку е ова од негување. Инаку, дијаспората во Европа па и во УСА колку толку имаат допирна точка со реалноста тука. Многу луѓе од УСА се почесто доаѓаат тука и горе долу се во тек со настаните. За Европа да не праиме муабет веќе, 1 час лет е од кај и да се качиш за до тука. Имаш луѓе што буквално 2 пати месечно се тука. Повеќе од пола дијаспора во Австралија не ја знае азбуката во буквална смисла на зборот. Македонски да зборуваат незнаат, имаш пациенти што по 30 години не се вратиле овде. И сеа некој таков од таму со Орце Стевковски рингтон на телефонот држи предавање што треба да се прави овде. Греота...
vo mkd do pred kovid imase u prosek od 25 do 29K vlezovi godisno so AUS pasos. Dodaj gi i tie so MKD pasos i doagas do nekade 1/4 od oficijalnata dijaspora ovde. imas takvi sto ne se vratile 30 god, ama tie ne se ni druzat ni mesaat so nashi nitu pak znaat koj e orce stevkovski. ne e bas kako sto si mislis.

i te molam pridruzini se u 21vi vek, posto imame internet, televizija, vesnici i sekakvi drugi cuda za da znaeme i pratime sto se slucuva u republika nasata zemja sto e odvaj nekoj 200 na 220km2.... kako go napravi ko nie na mars da sme a makedonijava da e golema ko australia. :pos:
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.582
Поени од реакции
5.176
:icon_lol: Не можат ни на мочање да одат без дозвола. Јако ги ебат дуи, ама не можат тие да ебат колку шо можат овие да крепат.
 

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
824
Поени од реакции
1.297
vo mkd do pred kovid imase u prosek od 25 do 29K vlezovi godisno so AUS pasos. Dodaj gi i tie so MKD pasos i doagas do nekade 1/4 od oficijalnata dijaspora ovde. imas takvi sto ne se vratile 30 god, ama tie ne se ni druzat ni mesaat so nashi nitu pak znaat koj e orce stevkovski. ne e bas kako sto si mislis.

i te molam pridruzini se u 21vi vek, posto imame internet, televizija, vesnici i sekakvi drugi cuda za da znaeme i pratime sto se slucuva u republika nasata zemja sto e odvaj nekoj 200 na 220km2.... kako go napravi ko nie na mars da sme a makedonijava da e golema ko australia. :pos:
Со чест на исклучоци и предходно ти пишав. Убаво си пишува дека еден голем процент, читај убаво.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom