се разбира дека би сакал да ти објаснам што мислам, поготово кога културно прашуваш и цитираш.
не сметам дека треба да се укине пензинскиот фонд, но сметам дека секој треба да има право на збор дали истиот сака да го финансира или не - не гледам од која причина неволонтерно би ми се одбивале пари од платата, доколку не сакам, немам потреба или не очекувам пензија во иднина.
сметам дека пензискиот фонд е тотално опљачкан од страна на ДУИ, државата покрај тоа што е пред тотален колапс секој месец се задолжуваа пари за да исплати пензии (што значи дека ова нема да тера долго), што резултира во тоа да мислам дека далеку подобро би бил кога би ги имал тие пари кеш на овие и да ги инвестирам во работи кои што ќе допринесат во иднина да можам да заработувам повеќе, а со тоа и сам да си ги ,,штекам" парите и да си имам сопствено креирана пензија на стари години.
истото го сметам со здраственото, зошто би ми се одбивале секој месец пари од плата, а притоа услугите не ги ни користам, па дури и еден ден да останам неосигуран т.е невработен, јас немам право на здраствено осигурување иако за истото сум плаќал со години, па дури и недај Боже да имаш потреба од здраствена услуга, сепак скоро сите лекови мораш да ги платиш приватно.