Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.594
- Поени од реакции
- 33.749
Грешка ти е што се соживуваш, емоционално се поставуваш и се персонифицираш со едната страна. Често правиш вака. На пример со Ерменците. Со месеци одбиваше да ги прифатиш факти и реалноста дека таму се направи обоена револуција и дека западните инсталираа свој Зеленски во фигурата на Пашанјан. Целиот тој восхит за хероизмот на поранешни генерации Ерменци, те правеше слеп за непријатната сегашност каде Ерменија е предадена одвнатре. Потоа бидна што бидна и реалноста си легна. Пашанјан добива празна подршка од Франција и САД додека вчера во Азербејџан потпишуваа нови договори за воена соработка (купување оружје) со Израел. Но мислам дека сега ти е јасно кој ќе победи утре во некоја следна војна меѓу Ерменија и Азер... Па сеедно колку храбар народ се Ерменците.
Истите заблуди ги имаш и за Израел, тие приказните за 6-дневната војна, Давид против Голијат и слично.
Морав ова да ти го кажам пошто веројатно не си целосно свесен колку неверојатно про-ционистички изгледаш, како за еден Македонец.
Е сега да не биде дека практикувам ад хоминем, еве ја мојата теза (која ти никако не ја оспори со анегдотите и метафорите): Функцијата на Израел на Блискиот Исток е истата функција што на Балканот ја има Косово. Таа функција е правење проблеми и раздор, полузамрзнати судири/проблеми, огнови што тлеат и кога ќе затреба се распламтуваат. Затоа албанската надворешна политика е апла произраелска, затоа во Тирана и Приштина цели улици се со израелски знамиња и со натписи „Косово е Израел на Балканот“.
Последно уредено: