Политички активизам: Прирачник за почетници

Дали овој прирачник ви беше од помош


  • Вкупно гласачи
    23
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Како и во секоја предизборна кампања, така и во оваа, партиите го анимираат членството за долгата и макотрпна предизборна битка која следи. Борбата на повеќе фронтови бара силно залагање од секој поединечен член и ентузијаст на една партија затоа што, како и на сите избори досега, буквално животот ни зависи од резултатот од гласањето. Како и секогаш досега, или ќе не биде - или нема да не биде.
Ваквата метафизичка, а богами и егзистенцијална поставеност на изборите како врвен приоритет за идна материјална благосостојба и биолошко функционирање со сигурност ќе мотивира многу засегнати млади луѓе да се вклучат активно во предизборниот политички ринг. За жал, многу од нив влегуваат наивно во таквиот ринг и може лесно да настрадаат, да бидат злоупотребени или завршат како колатерала. Затоа се јави потребата за овој скромен прирачник кој се надевам ќе биде од помош и ќе придонесе за инстант политичко созревање на неискусните, нивно навремено искачување на партиската хиерархија, па по добивање функција во влада или парламент, истурање скара и алкохол врз авторот на овој скромен прирачник.

1. One man Army

- Ако не сте доволно физички импозантни и не успеете да импонирате интелектуално заради притисокот и обврската која целите да ја превземете, ваша прва задача во партиските штабови може да биде активно промовирање на партијата и лидерот на социјални мрежи, форуми и низ коментари по портали. Овде мора од старт да покажете две работи:
-авторитет кон најблиското опкружување и
-трудољубивост кон задачата што ви е зададена.
Авторитет ќе проектирате со тоа што нема да прифатите било какво сокче. Долна граница на прифатливо сокче во вашето работно време не смее да биде пониска од 50 денари. Јас би препорачал швепс, заради изразито машката кампања и рекламни спотови кои го промовираа тој пијалок. Но, може и Пепси, Кока-Кола...
Тука сопартијците може да се обидат да ве изиграат со лукавство и да ви подметнат некое локално сокче со слична етикета како она што сте го побарале, сличен назив, но далеку поефтино и навредливо за статусот кон кој претендирате. Внимателно читајте ја етикетата, па ако наидете на називи како Pupsi, Cocka Cola или Schwups, реагирајте бурно и инсистирајте "да не драпаат мадиња".
За да укажете дека вашиот статус на Дива е заслужен, потребно е активно да работите на најмалку 20 акаунти на социјалните мрежи(10 на фејсбук, 10 на твитер), да се зачлените и редовно да пишувате во топ 3 најактивните форуми во државата и на најпопуларните два портали. За разлика од форумите и порталите, каде вашата анонимност е загарантирана и можете теоретски да напишете илјадници коментари/постови без да некој го оспори вашиот идентитет, на социјалните мрежи потребен е одреден декор, т.е. сликички од вас, за да лажниот профил добие на тежина и кредибилитет. Авторот на овој прирачник смета дека тоа може да се покрие така што ќе ставите слики од партискиот амблем, лидерот, слики од митинзи, слики од партиски моќници на средба со граѓани, рандом луѓе собрани во штаб. Нема никого да тагнувате, па нека си чукаат главата активистите од спротивниот табор во нивниот обид да ве идентификуваат. Друг битен момент е дека сите ваши профили треба да коментираат "во еден здив". Toа некои го викаат "спамирање", ние овде ќе го наречеме продуктивно мултиплицирано апсолвирање на вистината. Кога десетина, дваесетина коментари, еден под друг, се од вашите профили, злобниците од спротивниот табор најчесто реагираат со "стаса племето", "ја вклучија ордата", а многу поретко пишуваат дека се работи за многу лажни профили од една единствена локација. Така тие се оние кои навредуваат, а вашите лажни профили изгледаат како профили на обичниот, скромен народ кој патриотски си ја брани државата.
Сево ова, заклучно, ви дава на цена, па наредното скалило може да биде токму вам да ви се довери некој официјален профил на парламентарец, министер или, ако доследно сте го следеле упатствово, претседателот на партијата. Во таков случај, вашата креативност изразувајте ја само во објавувањето слики и видеа, никако во самиот текст. Текстовите треба да бидат такви какви што биле наложени во нарачката. Бидете трпеливи и чувајте го жарот за на терен.

2. Улична демократија

- Во првиот дел она што намерно го изостави авторот е тоа дека многу е битно низ виртуелната комуникација на социјалните мрежи и форумите, да тврдите дека членовите на вашата партија можат, треба, а после избори и ЌЕ ги скршат од мавање нивните политички противници. Се разбира, ова нема на ваков начин да го презентирате, авторот само си даде малку слобода да поедностави. Не, вие ќе користите метафори кои ќе бидат инсинуативни на постизборното кршење од ќотек. Овде ќе ви дадам неколку темплејти кои може да ги употребувате за да изгледате силни и мускулести, а во исто време интелектуално и академски потковани.

- После избори тоа дека ви фали памет ќе мора да го набројувате, дали со уста или на прсти, не знам. Ќе видиме.
- Сега што зборувате, на ребрата истетовирајте си го. Ќе прочитаме после избори.
- На вашето насилништво ќе ставиме една голема, бетонска плоча над свежа, хумусна почва и ќе викнеме човек во црн мантил да проба да ви ги испее гревовите (
делумно превземено од друг автор).

...и слични вакви досетки. Многу е битно досетките да бидат вакви за да не останете во друштво на изразити, искусни партиски теренци и да ви биде во старт интелектуално закочена кариерата.

Истото морате да го пренесете и на терен. Тоа подразбира ваше присуство на повеќе настани од културно-уметничка, политичко-лентосечачка или конвенционално-кафанска природа.
На културно-уметнички настани е неопходно да седите во непосредна близина на партиските челници, односно највисокиот по функција претставник на партијата. Носете со вас уште еден човек и опремете го со фотоапарат. Гледајте да ве има негде до партискиот великодостојник на официјалните слики кои одат на медиуми. Потоа поздравете се со човекот, прашајте го разговорно "како ви се допадна X(претставата, концертот...)" и замолете го да се слика со вас. Тој со фотоапаратот треба да чека на готовс и веднаш да ве слика, за да не се случи нетрпеливост. Не го гушкајте вашиот надреден сопартиец додека се сликате. Рацете да ви бидат прибрани, да бидете исправени и да изгледате горди и достоинствени. Таа слика ја земате, ја носите во штаб и ја ставате во рамка на видно место, без разлика на неодобрувањето од останатите.
Истото важи и кога се сечат ленти и се одржуваат манифестации/средби со граѓани. Стојте најблиску што може до високите функционери/претседателот на партијата и сликајте се. Муабетот во таква ситуација треба да биде во стил "ова X(палмите, на пример) многу ќе го живнат градот".
Бирајте кафани кај што знаете со сигурност дека чести гости се членови на противничката партија. Со себе земете неколку искусни теренци, седнете во непосредна близина на вашите противници и обидете се да им навлечете гнев со реченици слични на дадените погоре во темплејтот. Бидете гласни и грлати, за да можат и другите гости да слушнат дека сте посилни, посамоуверени и поспремни. Дозволете на вашите придружници да ги поедностават со речник соодветен за нив. Доколку не ги испровоцирате на физичка пресметка, тогаш е најважно тие да бидат иссмеани и понижени, а вие да бидете предводници и на крај победници во таквото надмудрување. Ако дојде до физичка пресметка, имајте го на ум следново:
-Мавање шамар/и носи прекршочна
-Мавање бокс/ови, во зависност од интензитет, носи кривична
Нема да објаснувам подробно зошто и како. Други, во свои прирачници го имаат ова објаснувано, но е добро да се има во предвид. Според мене, најдобро е да се обидете да ги соборите или на клоци да ги исфрлите од локалот. Доколку, за жал, вие како група го извлечете подебелиот крај, на заминување морате да им предвидите реванш, во кои тие ќе го извлечат најдебелиот крај. Ако ја имате таа опција(имате видливи телесни повреди) веднаш пријавете ги кај човек кој работи во полиција, а знаете дека ви е сопартиец. Сево ова се очајни мерки и затоа е потребно да одмерите дали можете да надвладеете во ситуација на ескалација.

2.1 Демолирање на штаб

Според некои модерни теоретичари, демолирање на штаб е реликт од минатото, рурална тенденција и е контрапродуктивно за рејтингот на партијата. Авторот на овој прирачник тврди дека денес особено се става акцент на физичката сила и потенцијалот на едните да ги здробат од ќотек другите. Сметам дека демолирање на штаб како манифестација на таа сила предизборно е итекако од помош на денот кога народот ќе се прекршува пред гласачката кутија кој е поголем Алфа и кому да му го даде гласот.
Круцијално е токму вие да бидете иницијаторот. Сами да ја извршите подготовката на терен и да процените кој штаб ќе биде вашата жртва. Мора да внимавате на неколку работи:
-Прво, чија е просторијата која е издадена на вашите противници за да биде штаб. Ако лицето кое ја издало под кирија е член на вашата партија, а во незавидна финансиска положба или неопределен гласач кој може потенцијално да гласа за вашата партија, не би било во ред да му се кршат прозорите, обиваат вратите и слично. Подобро е во такви случаи да наредите погребални венци, ковчези(за ова ќе побарате донација од газди на фирми верни на партијата) пред штабот. Така половично го постигнувате ефектот, а не правите штета на неколкуте гласачки ливчиња кои во знак на револт нивните заокружувачи ќе решат да ги поништат или дадат на противникот.
-Второ, дали некој чува стража. Неретко во штабовите има луѓе кои не се баш најпожелни во домот, па своето време го минуваат во штабовите, со алкохол, мезе и екс-ју музика, некогаш сами, некогаш со сопартијци. Некои од нив и преспиваат таму. Пред да се одлучите кој штаб ќе го демолирате, мора да се осигурате дека нема такви индивидуи и нема да има жртви.
-Трето, дали има заштитна ограда. Замарање е кршење катанци, сечење огради. Тоа е бучно, одзема време и напор и е ризично.
Нападот на штабот што ги задоволува критериумите, а ги нема "недостатоците" набројани погоре, го извршувате во раните утрински часови. Еден часот, два часот... Потребно е да носите црни вреќи, секири, да сте добро најадени и напиени. Кршите со секирите се од инвентар, компјутери и кабли. Крадете се од промотивен материјал. Пенкала, запалки, знаменца, постери. Ќе ги фрлите на враќање во некој контејнер. Некој од вашите сопартијци, по можност повеќе, но не и вие, вршат нужда на одредени одбрани локации во штабот, за да може да се создаде медиумска диверзија дека вандализмот не е политички мотивиран, туку поради кражбата и вршењето нужда, е веројатно дело на некој од ромската популација. Сево ова треба да се направи за десетина минути, затоа што постои опасност некој да ви викне полиција.
Со успешно демолиран штаб, вие сте на добар пат да влезете во потесна конкуренција за иден партиски советник, одговорен за стратешки прашања.

2.2 Протести и контрапротести

Тука Вашиот ангажман е условен од три работи.
-Ваше познанство со човек кој се занимава со превоз
-Ваше познанство со човек кој има сендвичара/ланец сендвичари
-Ваше познанство со непресметливи, кретеноидни, нехоспитализирани индивидуи.

На овие три треба да работите уште од вашите почетоци. Од организациски аспект, огромен триумф е ако вие ги најдете луѓето кои најефтино ќе ги пренесат гласачите на протестот/контрапротестот и луѓето кои најефтино ќе дадат сендвичи и сокчиња за протестирачите/контрапротестирачите. Партијата плаќа, да, но со тоа што вие на свој грб земате одговорност да преговарате со превозникот и угостителот, покажувате иницијативност, претприемнички дух и лидерство.
Последното е токму она што сите го потценуваат кога се работи за организирање и спроведување протести/контрапротести, но авторот на овој прирачник ви тврди дека е можеби и најбитниот елемент. Ако успеете да ги најдете најтешките случаи на душевна нестабилност, луѓе кои редовно прават ексцеси, тотално непресметливи градски/селски/маалски шутови, вие всушност го имате најголемото богатство за вакви настани. Колку повеќе такви најдете - толку подобро. Ако не се членови на партијата, зачленете ги. Носете ги во штаб, давајте им некаква демек одговорност. Да метат, да чистат. Нека се врткаат таму. Бидете фини со нив и редовно потсетувајте ги колку сте вие и вашата партија добри, како мислите за нив и ќе им помогнете после изборите. Хранете ги во зависност од проценката колку меморија имаат, со страшни сценарија што ги подготвува противничката партија. Ако се верници, за нив вашите противници треба да се антихристи. Обрнувајте им доволно внимание колку да бидете сигурни дека кога ќе бидат потребни на протест/контрапротест, ќе бидат и спремни. Може да ви се смеат и да се шегуваат со вас вашите сопартијци затоа што трошите време на такви, ама кога ќе дојде денот и ќе ги пуштите на протест/контрапротест, е тогаш ќе ја соберете дивидендата од вашето залагање. Тогаш, додека сите парфимирани и начешлани ќе се задоволат со викање Уааа и ракоплескање, вашите војници ќе одат да искршат нешто, ќе се степаат со вашите противници, ќе се степаат со полицијата, ќе се туркаат, ќе се тегнат. Во едно совршено сценарио, може и ќе му залепат два три печес шамари на некој висок функционер од спротиставениот табор, ќе го посрамотат и ќе му го земат инстантно кредибилитетот. Тогаш гордо ќе можете да кажете "Да, јас го донесов тука овој човек. Јас го зачленив, јас го индоктринирав и јас го ослободив како жив хаос и фурија да сее страв и ебе мајки на хоштаплериве."
Ако некој се сомнева дека ова е една од најбитните ствари за искачување на партиската пирамида, тогаш би ве замолил со внимание да го проследите видеово:


Oва Откритие, со овој настап, на својот партиско-идеолошки старател во најмала рака му има донесено локална висока функција или директорско место. Човекот беше буквално спремен на се, наелектризиран и настрвен. Ваквите и ним сличните ви се можеби најголемото оружје за да го направите последниот чекор и да застанете на врвот. Сите што ве исмејувале тогаш ќе сфатат каква генијалност имало во таквиот ваш потег и ќе им биде криво зошто нив не им текнало.
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.363
Поени од реакции
5.107
Една мала приказна.

Година 2002, Парламентарни избори...Ја се враќам од град (чаршија, правилно) во 3 саат сабајле бурече топло тогаш земено вруќо-вруќо шо да ти распраам а надвор камен ладно...тогаш свртено од лето во есен, тазе подвранто ти се чини зимата стегнала.
Се растураме со друштвото наваму натаму и мене ми остануе уште нецел километар да стасам до дома...коа глеам на тоа трафостаницата двајца дечки излезени од југото а еден внатре...зеле кофата лепак, лепат та лепат плакати... Го познав тој гилиптарот в кола седнат со дуксер стаил капата преку глава, студи јбг.... Партиска директива, ќе лепиш плакати од љубов према партијата... Љубовта ќе те грее...
Ги познав, идам и му тропам на тоа ветробранското стакло. "Мркииииии иди легни си!" Ликов се сепна којзнае во кој филм беше влезен. Бидна што бидна ги оставив така смешни накиснати дури и ми падна малку жал за тоа до кое дереџе дошле во животот али јбг секој со својта среќа......

Година 2016, Истиот тој Мрки е Директор на една Државна институција за која во интерес на заштита на приватноста нема да ја именувам.

Тоа се тие жртви кој треба да ги дадеш за да успееш во животот...
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Една мала приказна.

Година 2002, Парламентарни избори...Ја се враќам од град (чаршија, правилно) во 3 саат сабајле бурече топло тогаш земено вруќо-вруќо шо да ти распраам а надвор камен ладно...тогаш свртено од лето во есен, тазе подвранто ти се чини зимата стегнала.
Се растураме со друштвото наваму натаму и мене ми остануе уште нецел километар да стасам до дома...коа глеам на тоа трафостаницата двајца дечки излезени од југото а еден внатре...зеле кофата лепак, лепат та лепат плакати... Го познав тој гилиптарот в кола седнат со дуксер стаил капата преку глава, студи јбг.... Партиска директива, ќе лепиш плакати од љубов према партијата... Љубовта ќе те грее...
Ги познав, идам и му тропам на тоа ветробранското стакло. "Мркииииии иди легни си!" Ликов се сепна којзнае во кој филм беше влезен. Бидна што бидна ги оставив така смешни накиснати дури и ми падна малку жал за тоа до кое дереџе дошле во животот али јбг секој со својта среќа......

Година 2016, Истиот тој Мрки е Директор на една Државна институција за која во интерес на заштита на приватноста нема да ја именувам.

Тоа се тие жртви кој треба да ги дадеш за да успееш во животот...
За жал има многу вакви примери, затоа ниедна државна институција не ни функционира како што треба.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.180
Поени од реакции
25.826
Како опишаното во памфлетов или како тој што го пишувал?
Како тој што го пишувал де. Со такви, општи совети. И комплементарни им се интересите. Супер пар би биле. <3
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.868
Да ги разберам овие што имаат факултет да се траќаат партиски ок утре зад утре можеби директори ке бидат ама оние со 7-мо одделение што гинат за партијата оти им нашле нај затепано вработување за обична плата неможам да ги разберам. За да успееш во партија да се избориш до директорско место единствено според мене е клучно да си што по ненормален првенствено и да си куче до патот на тој т.н. успех односно да газиш се не пазејки на карма и ништо живо, жртвувајки го и приватниот живот.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
И Натка вака почна, па до Курир стаса. (y)
Натка не даскалуваше, Натка коментираше за стајлинг, естетика на говорење, тоналитет и визуелен декор на политичари. Се држеше на површните работи, затоа и заврши во Курир. Тоа не значи дека нема да ја женам или нешто слично, ама колку да се објасниме.

---
Инаку, ве охрабрувам сите да дадете свои предлози и совети, па ако се добри, може да ги сублимираме во еден вистински прирачник, што дигитално ќе го промовираме и ќе помогнеме во развојот на младите партиски војници и идни предводници на земјава. Имам неколку наслови на ум, ама и за нив добредојдени се предлози.
На почетокот на таквиот прирачник нема да ставаме посвета или благодарница, туку "впечатоци" на други кои наводно го прочитале прирачникот додека бил во бета верзија и тоа им помогнало во нивната кариера. На пример:

-"Го втев, го втев тоа пвивачникот секој ден, по пет-десет минути. Кога заввшив, уешив да се занимавам активно со политика."
-"Не знам како да ви кажам, кога го дочитав овој прирачник, бев силно мотивиран, осеќав дека можам живи луѓе да јадам."

Се разбира, ова е своевиден маркетиншки трик, ама сите поуспешни издавачи и промотори го користат, така што и ние ќе се послужиме со алатките на модерниот ПР во промоција на нашиот прирачник.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.180
Поени од реакции
25.826
Натка не даскалуваше, Натка коментираше за стајлинг, естетика на говорење, тоналитет и визуелен декор на политичари. Се држеше на површните работи, затоа и заврши во Курир. Тоа не значи дека нема да ја женам или нешто слично, ама колку да се објасниме.
Баш заради тоа ти зборам. Ти наоѓаш група која суштински ја спремаш, од различни возрасти, интереси, вештини и капацитет. Ќе бидат добри, ќе вршат работа, ама ќе им фали стил.

Замисли го оној што си го ставил на видеоно, наместо да лупа антифашисти и слични глупости, да изговара реченици што би звучеле како да се излезени од сценарио на Тарантино. Дополнително тоа да биде проследено со гестикулации, естетика на говорење, прав тоналитет.

Основата ја имаш, уште тој финален детал ти фали, и кој знае кај ќе ти биде крајот тогаш. А за тој финиш, ќе мора да бараш испомош во Курир. Судбина...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.978
Поени од реакции
3.696
Прво и основно правило за секој кој решил да се бави со ,,политика,, е ДА СЕ ИЗБЕРЕ ВИСТИНСКАТА ПАРТИЈА! Тоа значи дека треба да си имаш книшка од сите партии кои имаат шанси за победа и добро да пратиш рејтинг на партии пред избори па во зависност од тоа која партија има најголеми шанси за победа во таа се активираш и плукаш по другите. Ако се случи куршлус и победи другата партија треба веднаш уште кога ке се објават резултатите да излезеш на плштадот и да се фатиш напред на победничкото оро и убедливо да плачеш како тоа од другите (племе му ебем предавничко) си бил под страшен притисок, закани по личниот и животот на семејството ако не учествуваш во нивната кампања ама бидејќи ти си многу итар си ги надмудрил и заедно со потесното и поширокото семејство како и пријателите и познаниците кои си ги убедил сте гласале за вистинската патриотска партија... Понатака ако треба па двапати налево круг и обратно, еби тоа да бидеш со години опозиција, нема ќар во таа работа, особено ако се деси малер со твоите да изгубиш неколку избори по ред и остареш чекајќи победа,....
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
Баш заради тоа ти зборам. Ти наоѓаш група која суштински ја спремаш, од различни возрасти, интереси, вештини и капацитет. Ќе бидат добри, ќе вршат работа, ама ќе им фали стил.

Замисли го оној што си го ставил на видеоно, наместо да лупа антифашисти и слични глупости, да изговара реченици што би звучеле како да се излезени од сценарио на Тарантино. Дополнително тоа да биде проследено со гестикулации, естетика на говорење, прав тоналитет.

Основата ја имаш, уште тој финален детал ти фали, и кој знае кај ќе ти биде крајот тогаш. А за тој финиш, ќе мора да бараш испомош во Курир. Судбина...

Spoken like a true professional(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom