Мојот одмилен Фридрих Ниче-неколку мисли од делото
“Така зборуваше Заратрустра
*Гледај!Овој пехар пак сака да се испразни и Заратрустра сака пак да стане човек.
*Тој стар светец се уште не слушнал ништо во својата шума за тоа дека Бог е мртов.
*Натчовекот е смислата на земјата.
Некогаш гревот спрема Бога беше најголемиот грев,Но Бог умре а заедно со него умреа и тие безбожници.
*Што е најголемото нешто што можете да го доживеете вие?
Тоа е часот на големиот презир.Часот во кој и вашата среќа се претвара за вас во одвратност,а исто така и вашиот ум и вашата доблест.
Што ми е грижа за мојата сомилост!
Зар сомилоста не е крст на кој го распнуваат оној што ги сака луѓето.Но мојата сомилост не е распетие.
Не вашиот грев-вашата умереност вика кон небото,самата ваша скржавост во гревот вика кон небото.
Каде е громот со својот јазик што ќе ве втрешти?Каде е лудоста што треба да ви се присади?
Ете ве учам за натчовекот:тој е тој гром,тој е таа лудост!
*Ги сакам оние што не знаат да живеат поинаку освен да заоѓаат,зашто тоа се оние кои преминуваат.
Ги сакам големите презирачи,зашто се големи почитувачи и стрели на копнежот кон другиот брег.
*Го сакам оној што ги оправдува луѓето на иднината и ги спасува луѓето на минатото:зашто тој сака да загине од луѓето на сегашноста.
Го сакам оној што го казнува својојт Бог,затоа што го сака својот Бог:зашто тој бездруго треба да зајде од бесот на својот Бог.
*Го сакам оној чија душа е преполна,така што се заборава себеси и сите нешта се во него:така сите нешта ќе станат негово заоѓање.
Го сакам оној што е со слободен дух и со слободно срце:така неговата глава е само внатрешност на неговото срце,а неговото срце го тера кон заоѓање.
*Да се разболиш и да бидеш недоверлив,за нив тоа е нешто грешно:човекот оди внимателно.Глупав е оној кој сеуште се сопнува од камења или од луѓе.
Малку отров одвреме навреме:тоа создава пријатни соништа.А надокрај многу отров за да биде пријатно умирањето.