Познати филозофски изреки од големите мислители

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Работи како да треба да живееш вечно, а однесувај се со луѓето како да треба да умреш веднаш.

Убавината без шарм е како јадица без мамка.
 
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.680
Поени од реакции
266
koga ce se rodi covek cel svet se raduva, a samo on place
treba da zivee taka da koga ce umre cel svet place a samo on se raduva

zivotot e ona sto ti se desava dodeka ti pravis planovi za zivotot

gluposta e najneobicnata boolest-od nea ne pati bolesnik tuku site ostanati
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Бегалец е оној кој е обземен од жалост,кој се лути или се плаши, оној кој не го прифаќа тоа што се случило,што сега се случува или што ќе се случи според волјата на креаторот на светот, т. е. законот кој одредува кому што припаѓа. Затоа бегалец е оној кој е обземен од жалост ,оној кој се лути или се плаши.Марко Аурелиј
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Глупавата убавина не е убавина.Загледај се во глупава убавица, погледни длабоко во секоја црта на нејзиното лице, нејзината насмевка, поглед - нејзината убавина набрзо ќе се претвори во празна грдотија

Кога сме среќни секогаш сме добри, но кога сме добри не сме секогаш среќни.

Секој успех е триумф на упорноста.

Подобро да страдаш од вистината, отколку да бидеш награден за лага.

Идеален маж е оној кој не пие, не се врти по други жени, не се расправа и - го нема.

Кој денес лаже за да живее, утре ќе живее за да лаже.

Тенката линија што го одделува успехот од неуспехот може да се искаже со два збора:Немав време

Мажите пред бракот го губат срцето, на денот на венчавката паметот, а после тоа се друго.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Мечтаам да ти ги кажам најдлабоките зборови што треба да ти ги кажам- ама не се осудувам, страв ми е да не ми се насмевнеш. Затоа си се смеам сама на себе и в шега ја оддавам својата тајна.
Лесно го примам болот свој, плашејќи се тоа да не го направиш ти.

Мечтаам да ти ги кажам најверните зборови што треба да ти ги кажам- ама не се осудувам, страв ми е да не се потсмеваш во нив. Затоа ги облекувам во лага и зборувам спротивно од тоа што го мислам.
Својот бол го оставам да изгледа глуп плашејќи се тоа да не го направиш ти.

Мечтаам да ги употребам најдрагоцените зборови што ги имам за тебе- ама не се осудувам, се плашам дека нема да ми се врати во иста мера.Затоа ти давам лоши имиња и се фалам со својата суровост.
Бол ти задавам, плашејќи се дека никогаш нема да сознаеш што е бол.

Мечтаам немо да седам покрај тебе- ама не се осудувам, зошто срцето може да ми искокне на устата. Затоа брборам и понекогаш лесномислено, си го затрупувам своето срце со зборови.
Грубо го земам својот бол, плашејќи се тоа да не го направиш ти.

Мечтаам да те оставам засекогаш- ама не се осудувам, плашејќи се да не го откриеш мојот кукавичлок. Затоа горделиво ја кревам главата и весела доаѓам во твоето друштво.

Постојани стрели од твоите очи прават мојот бол ВЕЧНО ДА БИДЕ СВЕЖ!
-Tагоре-

Ако се споредуваш себеси со другите може да станеш огорчен или горд,бидејќи секогаш ќе има поголеми и помали од тебе.
Зборувај ја својата вистина смирено и јасно и слушај ги другите,дури и глупавите и неуките бидејќи и тие имаат своја приказна...
Избегнувај ги бучните и агресивните луѓе - тие се товар на духот...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Природата е премногу немилосрдна. Човек себеси тешко може да си замисли како законите на движењето во „најдобриот од сите можни светови“ можат да доведат до така ужасни катастрофи...Самата природа веќе прави многу грешки:накази, чума, отрови, пустош, толку неред покрај редот, толку разорувања покрај толкава моќ на создавање...Насекаде се среќаваме со страдања на поединци...Историјата се состои исклучиво од сцени на крвопролевање, синџир на страдање кој никогаш не се прекинува, купишта злочини и глупости. Светот значи не е како што мислел Лајбниц, најдобар од сите можни светови, туку е најлоша планета.Среќата е сон а болката стварност, тоа го чувствувам веќе 80 години и не знам ништо друго освен да кажам дека мушичките се тука за да ги изедат пајаци, како што човекот е тука за да го разјадуваат грижи...Мноштво суштества кои се создадени само за тоа да неизбежно умрат, од мноштво животни кои се раѓаат и множат за да се јадат меѓу себе, суштества кои се предодредени да поднесат толку болка...Која е смислата на сето тоа?Да ли воопшто може да се верува во добротата на Бог кога во светот кој тој го создал, се среќаваме со толку апсурди?

Досада и млатење празна слама -тоа е животот!




ВОЛТЕР
 
D

DartWader

Гостин
Кои сме ние ? Ке видиме дека живееме на една незначајна планета на една еднообразна звезда , изгубена во галаксијата која се наоѓа во некој заборавен дел на универзумот во кој впрочем има повеќе галаксии отколку луѓе.





Carl Segan
 
С

Смока

Гостин
-Сите среќни семејства си прилегаат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
-Да зборувам за тоа-значи да му придавам важност на она што нема никаква важност.
-Никој не е задоволен со својата положба, но секој е задоволен со својот ум.
-Никогаш не е доцна за каење.
-Има време кога цел месец би дал за половина рубља, а другпат за половина час не би сакал да земеш никакви пари.

"Ана Каренина" Л.Н.Толстој
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Мажите ја создаваат историјата!
Хенрих фон Готард
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.173
Поени од реакции
846
Слушајќи го посткопенхагенскиот говор на Обама, се присетувам на говорот на еден друг голем лидер од американската историја - поглавар Сиетл. Кога во 1854 година гувернерот на државата Вашингтон побарал да ја откупи земјата на која живеело индијанското племе Сквамиш (територија на која се наоѓа денешниот град Сиетл), нивниот поглавар одржал говор што ќе влезе во светската историја и на кој ќе се повикуваат генерации еколози (вклучувајќи го и Ал Гор). Говорот е предолг за да застане во оваа колумна, но еве неколку најинтересни извадоци:

„Како можеме да го купиме или продадеме небото? Или пак земјата? Ваквата идеја нам ни е туѓа. Доколку ние не ја поседуваме свежината на воздухот или жуборот на водата, како тогаш можете да ги купите од нас? Секој дел на оваа земја е свет за мојот народ. Секоја светкава борова игличка, секој песочен брег, секоја магла во мрачните шуми, секоја ледина, секој ѕунечки инсект - сите тие се свети во сеќавањата и искуствата на мојот народ...

Доколку ви ја дадеме нашата земја, запомнете дека воздухот нам ни е скапоцен - бидејќи тој го споделува својот дух со сиот жив свет што го проникнува. Ветерот што му го дал првиот здив на нашиот предок исто така ја примил и неговата последна воздишка. Ветерот исто така им го дава на нашите деца духот на животот. Ако ви ја дадеме нашата земја, тогаш вие ќе морате да ја сочувате како одделно и свето место на кое човекот ќе може да доаѓа за да го вкуси воздухот, кој е засладен со ливадски цвеќиња.

Дали вие ќе ги воспитувате вашите деца онака како што ние ги воспитуваме нашите: дека Земјата е наша мајка? Доколку несреќа ја снајде Земјата, истата несреќа ќе ги снајде и сите синови на Земјата.

Јас имам видено на илјадници мртви бафала, застрелани од белите луѓе од возовите, оставени да изгнијат во преријата... Каков ќе биде тој иден живот во кој нема да можеме да го чуеме рикот на животните и песната на птиците?

Знајте: Земјата не му припаѓа на човекот, туку човекот и припаѓа на Земјата. На неа сите нешта се поврзани како што крвта го соединува секој од нас. Човекот не ја сплетол мрежата на животот, тој е едвај една нејзина нитка. Што и да и направи на таа мрежа - си прави и на самиот себеси!

Една работа ние знаеме: нашиот Бог е исто така и ваш Бог! Нему Земјата му е скапоцена, и затоа: да ја повредиш Земјата е исто како да си искажал презир кон нејзиниот Творец“.

Говорот на поглаварот Сиетл е говор на опомена, изговорен пред 150 години, во времето кога само најмудрите можеле да ги предвидат можните последици на индустриската ера.

Говорот на претседателот Обама е говор на утеха, одржан во моментот кога ни преостануваат едвај четириесетина години за да ја спасиме планетата од штетата што и ја нанесовме.

Но на светот денес не му треба ни опомена ни утеха - на светот му треба акција, бидејќи за само неколку децении може да биде доведен до работ на една огромна бездна. Во таа бездна дури и зборовите на безумникот Клаус ќе станат точни: глобалното загревање навистина ќе стане религија, бидејќи тогаш само Господ Бог ќе може да ни помогне!
:smir:
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Тој што не ја разбира твојата тишина,никогаш нема да ги разбере твоите зборови.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Кој нема ум нема ни грешки (Бергер)

Правдината понекогаш спие,но никогаш не умира (Бергер)


Силата на срцето не му може ништо

Упорната добрина го победува и најтврдото срце (Сенека)​
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.996
Поени од реакции
12.644
"When a true genius appears in the world you may know him by this sign: that all the dunces are in confederacy against him."

-Jonathan Swift-
 

Kajgana Shop

На врв Bottom