Познавање на македонски јазик

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Долго време ми се провлекува една интерна дилема во однос на нашиот јазик: дали е познавањето на јазикот на државата во која живеете обавеза или не?
Ова не го поврзувам со политиката но не можам да не приметам дека дури и некои членови на политичкиот врв никогаш не го користат јазикот на земјата во која живеат.
Дали некаков личен принцип треба да биде усогласен со основно почитување кон матичната држава?
Дали се работи за предрасуди, подсвесно негирање или едноставно немање желба и потреба да се научи јазикот.
Истото се манифестира кај многу луѓе доселени од Србија и Хрватска кои до денес комуницираат исклучиво на мајчиниот јазик.
Според мене, освен тотално непочитување кон Државата (со голема буква) со ова се покажува и ограниченост да се научи јазик и по многу години живеење во негово опкружение.
Каков е вашиот став?
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Како и секаде и па и овде познавањето на македонскиот јазик е обврска за сите, без разлика кој од каде доаѓа или пак, кој како се чуствува овде во Македонија. Меѓутоа долгогодишното живеење во заедницата Југославија во која агресивно се рекламираше и пропагираше тогашниот службен српско- хрватски јазик, на штета на македонскиот, доведе до ситуација масовно да се бојкотира македонскиот јазик од страна на луѓето доселени по разни основи од поранешната Југославија во Македонија. Во тоа многу им помогнавме и ние самите, прифаќајќи го тоа се со цел да ја покажеме нашата широкоградост, а во исто време и несвесна икомплексираност, т.н. комплекс на нижа вредност, кој како карактеристика си го влечеме долги години. Многумина од луѓето ова го прават и заради потсвесно негирање за да потенцираат кои се, што се и од каде се. Инаку како би го објаснил фактот: човек дојден од српскиот дел на Б и Х на 19 години овде во Македонија, и кој овде го поминува целиот свој живот и се пензионира и сеуште живее овде како пензионер, а да не изустил (внимавај добро) сеуште не изустил еден збор македонски. Не заслужива никаков коментар. Денес пак поголем дел од политичарите, посебно албанските исто така не го почитуваат службениот македонски јазик од познати политички причини, се со цел да ќарат некакви политички поени кај нивното избирачко тело. Се оди дотаму што тие иако го знаат македонскиот јазик, со себе водат преведувачи, покажувајќи со тоа дека намерно го игнорираат јазикот на македонската држава. Ова колку изгледа ингнорантно од нивна страна, уште повеќе самите нив ги отсликува како еднострани политичари кои сопствената самобендисноста ја покажуваат на многу неук и примитивен начин. Сепак, повторно ќе се навратам на она, кое погоре го кажав, вината за се ова е во самите нас, кои свесно или несвесно самите им даваме причина и повод така да се однесуваат со употребата на македонскиот јазик како службен јазик во Македонија. Од друга страна пак, свесно или несвесно, со скриени намери или не, сите оние кои не го користат македонскиот јазик се одделуваат како црни овци, навлекувајќи на себе голем број на заслужени критики.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Долго време ми се провлекува една интерна дилема во однос на нашиот јазик: дали е познавањето на јазикот на државата во која живеете обавеза или не?
Ова не го поврзувам со политиката но не можам да не приметам дека дури и некои членови на политичкиот врв никогаш не го користат јазикот на земјата во која живеат.
Дали некаков личен принцип треба да биде усогласен со основно почитување кон матичната држава?
Дали се работи за предрасуди, подсвесно негирање или едноставно немање желба и потреба да се научи јазикот.
Истото се манифестира кај многу луѓе доселени од Србија и Хрватска кои до денес комуницираат исклучиво на мајчиниот јазик.
Според мене, освен тотално непочитување кон Државата (со голема буква) со ова се покажува и ограниченост да се научи јазик и по многу години живеење во негово опкружение.
Каков е вашиот став?
Толку ни се влезени во потсвест србизми што дури и кога зборуваме дека треба да ги исфрлиме од употреба пак ги употребуваме. Не го сфаќај ова како личен напад врз тебе туку како пример преку кој сакам да го доловам влијанието што ни е наметнато.
Убаво кажа членот над мене дека сето тоа самите го дозволуваме заради комплекс на пониска вредност и веќе толку пуштило корени во јазикот што тешко дека некогаш ќе успееме да го отфрлиме целосно.
Џабе е да зборуваме дека си го почитуваме јазикот кога во свеста го немаме всадено тоа и во прва прилика и самите ќе го нарушиме кога ќе треба да разговараме со некој од Србија или било која од поранешните републики на Југославија, треба масовна „тероризација“ (во позитивен аспект) од страна на медиуми за да успеат да ни го проникнат тоа во главата и дури и несвесно да го правиме спротивното од тоа што ни е веќе наложено.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Во случајов наместо став би требало да заигра стап, за нуспојавите кои виреат тука. Друг проблем е непознавањето на елеменарни работи од македонската граматика, ама тоа па за некој од групата која е целна во темава е веќе виша математика, понатаму како проблем го имаме недостатокот на законска обврска за сите да го користат јазикот во земјата која живеат и го заработуваат лебот, нешто што навистина ни фали и би ни решило многу главоболки, понатаму ја имаме и самата изопаченост на јазикот поради периодите кои минале а во кои периоди на секој начин се обидувале да не уништат и нас и нашиот јазик и култура... и за жал делумно и им успеало тоа.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Токму тоа и го зборам. Види, кај мене србизмите се простени пошто сум доселена од Србија. :smir:
Малку ме потикнаа и личните искуства, но секогаш ми доминираше желбата да го усовршам јазикот бидејќи инаку сама на себеси си изгледав ограничено.
Токму поради тоа не ја разбирам филозофијата да се зачува примарниот јазик. Се плашат да не си ја издадат татковината? Тоа малку поинаку се чува и негува...
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Meне Лично не ми смета ако некој збори на Јужнословенски јазици во МК кои ги разбираат луѓето. Е сега проблемот е што многу Срби-Хрвати а и некои Бугари неразбираат доволно Македонски јазик и има доста недоразирања ако зборуваш со нив. Што резултира со глупава ситуација. Така да се почесто се наоѓам во ситуцаија на Англиски да им зборувам на Јужнословени посебно на Бугарски идиоти од причини што се занесуваат многу.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
А разликуваме овде дијалект и стандарден литературен македонски јазик ?
-Србизмите ги употребуваат скопјаништава (бидејќи се поблискудо Србија) тоа му доаѓа на некој вид дијалект , стандарден литературен јазик МОРА да се збори во државни институции . А дијалектот го користат определена група на луѓе на определена територија ,(во овој случај луѓето од Скопје користат србизми,но сепак тоа е дијалект) а тоа не е непочитување кон Државата.

-Доколку се употребува друг јазик во државни институции , на телевизија итн. тоа би било непочитување кон Државата .
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
А разликуваме овде дијалект и стандарден литературен македонски јазик ?
-Србизмите ги употребуваат скопјаништава (бидејќи се поблискудо Србија) тоа му доаѓа на некој вид дијалект , стандарден литературен јазик МОРА да се збори во државни институции . А дијалектот го користат определена група на луѓе на определена територија ,(во овој случај луѓето од Скопје користат србизми,но сепак тоа е дијалект) а тоа не е непочитување кон Државата.

-Доколку се употребува друг јазик во државни институции , на телевизија итн. тоа би било непочитување кон Државата .[/QU

Не да се збори - да се зборува.Парламентот е пример за употреба на литературен јазик.По зборувањето можете добар дел да одредите од кој дел на државата доаѓаат. Сите како се помалку да ги интересира литературниот јазик?
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
А само да прашам, во читанките шо се за 8мо, и знаете над скоро секој текст има поговорка.И некаде пишува народна пословица.А пословица нели е србизам?Нели место пословица треба да стои поговорка?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
115
Поени од реакции
6
А само да прашам, во читанките шо се за 8мо, и знаете над скоро секој текст има поговорка.И некаде пишува народна пословица.А пословица нели е србизам?Нели место пословица треба да стои поговорка?
Епа ова е целосна утка...Да во право си поговорка е нашиот збот...ама ете толку пазат...
Инаку повеќето македонски писатели го препорачуваат Битолско-Прилепското подрачје како направилно...Затоа што таму неможе да има влијание ни од Грција ни од Албанија затоа што не сме во игруипа на народи...
 
Сакав да кажам дека овде сите на форум дискутираме како да го зачуваме нашиот јазик а во учебници по македонски јазик има србизми.Да беше во друг учебник немаше да ми е толку криво ама во македонски...море каков друг учебник да не ми е криво, сите учебници треба да се на македонски литературен јазик а не да има србизми во учебниците.И после сакаме ние да не ги употребуваме....самите себе си правиме денационализација и асимилација(покрај таа што уште ја вршат албанците, србите, бугарите и грците.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
А само да прашам, во читанките шо се за 8мо, и знаете над скоро секој текст има поговорка.И некаде пишува народна пословица.А пословица нели е србизам?Нели место пословица треба да стои поговорка?
Слово е збор што потекнува од старословенскиот јазик, па прифатен е и кај нас и кај Србите. Оттука пословица влегува во речникот на стандардниот македонски јазик.

Епа ова е целосна утка...Да во право си поговорка е нашиот збот...ама ете толку пазат...
Инаку повеќето македонски писатели го препорачуваат Битолско-Прилепското подрачје како направилно...Затоа што таму неможе да има влијание ни од Грција ни од Албанија затоа што не сме во игруипа на народи...
Пазат = внимаваат, неможе = не може. :smir:
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
115
Поени од реакции
6
^Фала за поправката ;)
Јас сепак мислам дека пословица е српски збор, се додека не проверам во речник.;)
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Постои разлика помеѓу пословици и поговорки. Разликата е во тоа што поговорките во својот состав се пократки од пословиците т.е. пословицата претставува двочлен состав, а поговорката е едночлен состав. Во одредени случаи пословицата може да стане поговорка доколку го изгуби вториот дел.

Секој граѓанин на Македонија треба да го познава македонскиот јазик без разлика на националната припадност. Ние треба да се стремиме кон ова, но мене ми се чини дека се повеќе се оддалечуваме од овој проблем. Друго што ми смета е тоа што ние како народ доста го потценуваме сопствениот јазик мислејќи дека скоро сите други јазици се подобри од нашиот(ова беше споменато и погоре). Честопати ги исмеваме Бугарите(иако јазикот им е навистина смешен) и Хрватите дека оние изрази кои тие ги имаат присвоено во својот јазик се смешни, но наместо ние а го следиме нивниот пример, ние полека го натрупуваме македонскиот јазик со интернационализми кои што најчесто потекнуваат од англискиот јазик. Можеби некогаш работите ќе тргнат на подобро, но дотогаш ние треба да бидеме повеќе свесни за нашиот јазик барем кога го употребуваме во јавноста.
:salut:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Од каде пак заклучокот дека одредени зборови се србизми? За описменувањето и влијанието на Охридската школа може да се прочита во одредени дела (за Светиклиментовиот универзитет и испраќањето на лица да го шират писмото кај сите славјански народи, О Писменах -за буквите од Ц. Храбар...). Србизми ги нарекуваме зборовите кои ги користиме во одредени области од Македонија, а што би рекле србите кога до Ниш има повеќе македонски зборови и изговор отколку српски )Зона Замфирова -убаво девојче).
Истото се случува и со турцизмите, дали се турцизми? Во една тема Анавено (штета не е тука, беше стручњак за вакви "србизми") добро напиша за џам, оџак, пенџере...турцизми, преземени од турците кои до доаѓањето на балканот живееле во шатори и немале оџак.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom