Суми до 1000E се пари без кои може да живеам ако некој реши да ме закрпи, по цена веќе никогаш да не излага пред очи од срам. Пари давам на луѓе што мислам дека ги знам и со кои активно се дружам. Ако некој од нив се реши да ме заебе, знам дека не ми е пријател, и дека ке ме заебе многу повеќе во блиска иднина, па ова ми е некој вид данок/тест на пријателство. Имам другар што редовно ми бара пари, 300-500Е, и редовно ми ги враќа. Единствениот услов ми е, кажи ми кога ке ми ги вратиш, датум, и стој си на зборот.
Но, ме закрпи дечко од Виница, ке им текне тука на некои за кого се работи зашто не сум единствениот, барајки ми пари за итна операција на керкичката, тумор на мозокот. Дечко со кој активно се дружевме, ми се јави на телефон, избезумен, дури и ја му ги однесов со кола, ај викам да не направиш беља, знам како е кога ке добиеш такви вести, паметот не ти е на патот. Дури и му се извинив што немав повеќе во тој момент да му дадам, зашто беше викенд. Да работеа банките, ке му дадев уште повеќе. Нели, живот или смрт на најмило. И нека му е на чест. Да си го искористиш сопственото дете на таков болен начин, треба нешто сериозно да не е во ред со тебе. Си се опростив од парите откако разбрав дека шемата му била разработена на највисоко можно ниво.
Овие што бараат иљадарка у 10-11-12 навечер, зашто знаат дека работата ми е скоро цела ноќ а живеам карши скоро сите казина во Куманово ми е јасно за што им се, и никогаш не сум им позајмил пари. Што е најфасцинантно, пари ми бараат и луѓе што ги имам видено неколку пати во животот. Без срам, без перде.