Пожар во Кочани, диско Пулс.

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.696
Поени од реакции
31.605
Bog neka go prosti...
 
Член од
30 август 2024
Мислења
324
Поени од реакции
1.394
Изгледа никој од нас не е доволно освестен од тоа што ни се случи.

За Неверување е сето ова.

Летав Белград Скопје во петокот,во авинот беа 3 повредени деца... Не изгледаа добро,беа со завои целите во придружба на семејствата.
Меѓутоа верувајте беа пресреќни што си одат дома,и тие и семејствата! На душава ми дојде некоја "горчлива среќа" ако можам така да се изразам.
Си помислив на моментот од излегување во диско,добро расположени млади дечки и девојки ,пијачки ,флертувања ,живеење на младоста,и одеднаш се наоѓаш у воен авион пеплосан ,те носат некаде ни ти не знаеш каде,болки,ужас,мислиш на твоите дома,мислиш дали ќе преживееш,ако преживееш дали ќе изгледаш како што треба.

Ова што ни се случи не е трагедија,ова беше и сеуште трае е национална катастрофа.
Мислам дека и не сме свесни каква загуба претрпува тој регион па и цела држава.

Вака само кога ќе прочитаме нов наслов дека ново име подлегнало на повредите... тогаш не удира во глава реално колку е ова болно и тажно.

Нека им е лесна земја. Од срце им посакувам барем на овие што ќе ги донесат назад... што побргу да се вратат во нормала и да пројдат брзо, лесно и успешно лечење.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.998
Поени од реакции
8.302
Се произлегува од „знам човек со кој ќе поминеме поевтино“
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.601
Поени од реакции
1.049
Во каква состојба е Панчо дали има нови вести
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.762
Поени од реакции
5.951

У амфитеатар изглеа ќе ги судат како скечот на к 15
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.440
Поени од реакции
22.194
УАПСЕНИ ПОРАНЕШНИТЕ МИНИСТРИ БЕКИМ НЕЗИРИ И ВАЉОН САРАЧИНИ ОД ДУИ, ШАБАН САЛИУ ОД ДЗС И УШТЕ 20-ИНА НОВИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА КАТАСТРОФАТА ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“
По наредба на Обвинителството, полицијата денеска апси поранешни високи функционери и прибира докази, зашто ја проширува истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката во „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 61 лице. Над 200 се повредени, од кои има и такви кои се во критична состојба сè уште.

По претходните 30, истрагата сега се проширува за над 23 нови осомничени, а меѓу нив се поранешниот министер за економија Беким Незири, кој пред две години влезе во МНАВ и истепа контролор на летање, потоа долгогодишниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор Шабан Салиу, Ваљон Сарачини – поранешен министер за економија, и други.

Наводно осомничен е и Дритон Кучи, поранешен министер за економија, кој во моментов е амбасадор на Македонија во Норвешка. Уапсен бил и актуелниот директор на ДЗС Џеват Селами, но како и за претходните имиња, така и за него Обвинителството вели дека официјални информации ќе има во текот на денот.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.080
Поени од реакции
1.897
Член од
7 февруари 2021
Мислења
331
Поени од реакции
892
МАКЕДОНИЈА Од гробот на тапанарот на ДНК, Ѓорги, крадени предмети оставени во негов спомен



Пет минути седам со линков копиран на темава, и не знам каков коментар да дадам…
Уште неколку часа после трагедијата имаше луѓе што пробаа да ја злоупотребат ситуацијата (се претставуваа како семејство на загинатите и бараа парична помош итн) Зошто ова те чуди? Има секакви луѓе. Буквално гробови со се тело биле откопувани во потрага по злато а не пак нешто да оставиш надвор од гробот. Затоа нема потреба од закопување или оставаање вредни предмети.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.902
Поени од реакции
12.473
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.143
Поени од реакции
1.300
Комерцијална банка ќе донира 485.000 евра за фондацијата ,, Заедно за едно'' за помош на повредените и семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Ова е за почит, убаво напишав на форумов пред некое време, нека помагаат си финансиски средства финансиски моќните и силни компании во државата.
Алкалоид донираше 15 милиони денари, сега и останатите компании нека го следат примерот на Комерцијална банка.

Само да не се злоупотребуваат донираните парични средства, секогаш на тоа треба да се внимава, овој народ знае да прави трикови и манипулации.



 

Kajgana Shop

На врв Bottom