Ако некој го мачи неправдата на овој свет и тој сака да ја бара правдата, нека разбере дека таа е во носењето на тешкото бреме на нашиот брат и ближниот, до последното издивнување, и во трпењето на сите неправди во сегашниот живот. Секое натажување кое ни се случува, било да доаѓа од луѓе, демони, или од нашата сопствена природа, секогаш во себе го сокрива добитниот одговор. Кој ќе го надвладее со трпение, ја добива својата награда: овде залог, а таму (во вечноста) исполнување. Поради тоа, трпението е неопходно како сол во храната. Не постои друг пат за да победиме, да се збогатиме и да царуваме. Тој пат ни го покажа Христос..
..Без искушенијата не се препознаваат чистите души, не се појавуваат добродетелите, не се воочува трпението. Без искушенија, душата не може да оздрави.
св Јосиф Исихаст
(извадок од 38-мо писмо - напишано кон својата мајка и своите роднини)
Повеќето сме христијани, а никој не го слуша Христа...