Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
23 април 2022
Мислења
561
Поени од реакции
2.797
Два излеза имаат Евент, Мусандра, Терминал, Пјур. Не сум сигурен за Станица 26 ама веројатно имаат. Минус 1, Мецо претпоставувам дека немаат. Ова за ноќни клубови зборам кои функционираат после полноќ
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.767
Поени од реакции
11.723
Овие чекаа Мицко да стане премиер за да отворат дискотеката.
Не чекаа да стане Мицко премиер, туку чекаа да падне СДС (Заев) пошто во Струмица додека беа они на власт не смееше да има други клубови освен оние на ептен блиски нивни луѓе
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.140
Поени од реакции
68.393
Општеството ни е такво каде што кога некој ке покаже карактер, веднаш е покажан како црна овца, зашто не се вклопува во системот на послушност. Ви текнува на Стојко Пауновски, ликот кој се спротистави на Заев кога мораше да вработи 35 рамковни, и кажа дека не се стручни за кај него и дека нема да ја почитува одлуката на владата? Што се случи? Му го повреди егото на Заев, и го сменија експресно, иако сите вработени велеа дека го модернизирал целиот Државен Пазарен Инспекторат и поставил норми и стандардни. Дојде нов директор, и нормално, вработија 35 рамковни.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.564
Поени од реакции
3.630
Не чекаа да стане Мицко премиер, туку чекаа да падне СДС (Заев) пошто во Струмица додека беа они на власт не смееше да има други клубови освен оние на ептен блиски нивни луѓе
Точно, така беше.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.273
Поени од реакции
6.353
Така е. Збориме за постоечкиве диска поготово зимски.
Нема ниедно бар според тие стандарди што се потребни за 100% безбедност.Хардрок е дури и побезбеден од МНТ бидејки е во склоп на комплексот МКЦ а МНТ има еден излез и влез од летниот дел долу во гаражите и другиот од горната страна кај театарот.И двата објекти се направени уште од времето на поранешната СФРЈ во која далеку поквалитетно се градело од денес.
 
Член од
11 октомври 2024
Мислења
444
Поени од реакции
783
Ова баш им е од нигде никаде апсење на уапсениве. Ни во најлуд кошмар не им текнало дека за ова ќе ги апсат.
За жал еден куп небитни и невини луѓе ќе наебат заради невладини невротични лудачи, полуписмени теткици, фејсбук морални громади и “притисок од јавноста“.

Кај нас луѓе не сфаќаат што е право на судење и правда. Веднаш си осуден без да си крив. Како во комунизмот. Од таму ни е тој менталитет на „делење правда„ кога партија те тужи, партија те суди.

Да не се случеше трагедијава веќе следниов викенд дискотеката ќе беше полна на Десингерица и сите ќе се фалеа каква луда журка било, па огномети, триста чуда, како се средиле со бело и алкохол.

Тоа ти е народ тука. Секој што збори друго лаже или сам себе се лаже.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.140
Поени од реакции
68.393
Имале важечка лиценца Mirage (нов клуб од лето 2024) која истекува за 1 месец.
Така разбрав од луѓе блиски со газдите на клубот.

Прегледај го приврзокот 446372
Ако нешто не научи немилиов настан во Кочани, тоа е како се доаѓало до овие документи, а не дали ги има. Дали имало прописна инспекција на објектот, или ова е проформа издадено, зашто се знае чие е.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
3.999
Поени од реакции
15.695
Добро, која е потребата од ова пи ар срање? Ги снимаат децата полумртви по кревети, без цензури, само за да се пофали, со 20камери. Греота и страшно.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.971
Поени од реакции
57.776
Затоа избрале и место плоштад. Ај тоа , можеа да почекаат да помине седумдневната жалост, нека ги погребаат.
И башка само правда бараат после трагедии, а цело време на кафе си ги сунчаат и оговараат.
Епа ај ок, нека продужат да си ги сунчаат и оговараат место да бараат правда. Ќе почекаме да дојде следната трагедија. Па ќе биде кабелот крив уште еднаш.

Ти не бараш ли правда?

Што мора бе увек да се делиме ти ебам народот проколнат...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.203
Поени од реакции
18.314
Значи во моментов во цела држава само следниве имаат важечка лиценца и смеат да работат (според документов https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/registar-na-izdadeni-licenci-za-vrsene-na-ugostitelskdejnost-kabare-noken-bar-diskoklub-i-diskoklub-na-otvoren-prostor.nspx):

1. Де Факто Гевгелија
2. Вис Делчево
3. Голд Фелиција Битола
4. Воид Кичево
5. Хаш Битола
6. Клик Штип
7. Компакт Виница
8. Клуб -1 Охрид (може е минус еден кај Мида регистриран во Охрид, не најдов ваков во Охрид)

Толку, само 8 се другото се е диво, посебно е интересен моментот што нема ниедно од Скопје
По адресава е место шо секоја година менвит екипа за работење, не е скопскиот клуб.
Инаку погоре гледам истечена и на шупата Хангар во Охрид иста како кочанскана, а и на еден поддржувач на власта (макар шо таму е најсредено поради една проста причина, првиот газда беше нашинец од странство, ако не друго барем постојат 4 излези).Исто и Куба Либре не ја прочитав.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.303
Поени од реакции
6.677
Добро, која е потребата од ова пи ар срање? Ги снимаат децата полумртви по кревети, без цензури, само за да се пофали, со 20камери. Греота и страшно.
Вучиќ е болен човек.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.557
Поени од реакции
31.257
Од тоа што гледам проверуваат и многу лица непотребно. Што е криво обезбедувањето во цела ситуација. Како да не сме писмени и како да сме од Тунгузија овде донесени и не знаеме дека ако газдата каже да се пуштат малолетници се пуштат, ако газдата каже да се варат лични карти се бараат. Луѓето ни криви ни должни сега ке бидат виновни бидејќи се печалеле парче леб. Читам и не ми се верува приведен продавачот на карти... Која вина ја има па тој???.... Како тоа имал лиценца заверена со деловоден број, а под тој број друг документ во Архива. Белки цела управа нема пристап до Штембилот. Каде е архиварот, под чија наредба го заверил документот под фиктивен деловоден број??? Како тоа после трагедијата се дознава дека САМО 12 кабареа или ноќни клубови имаат дозвола, а во сите градови имаме ноќни клубови? Како полицијата контролира, како УЈП контролира како? ДНК биле криви за приотехниката, како се осудија и тоа да го кажат. Па ако нема услови ке му кажеш братче не можеш немам услови и толку, точка... Во секој објект МОРА законски да имаш елаборат за против пожарна заштита. Како овој објект и сите други работат без тој елаборат?

Овие се само неколку прашања кој треба да се одговорат. Лицата треба да одговараат кој дозволиле да помине тоа, а не обезбедувањето кое си работело или продавачот на карти... И да Тошковски како одговорен на оние кои први требало да реагираат место да биде арогантен требаше веднаш да си поднесе морална оставка, заедно со министерот за Економија, Градоначалникот кој патем си даде оставка, инспекторите...

Лесна им земја на загинатите да не кажам убиените, брзо опоравување на повредените, се надевам дека има светло на крајот од тунелот и ке одговараат сите до еден пред луѓето, за пред Господ сигурно ке одговараат...
Ок Најчевска, не се глупирај.
 
Член од
23 април 2022
Мислења
561
Поени од реакции
2.797
На Вучиќ му е таков начинот на владеење со агресивен и наметлив ПР маркетинг но да се каже дека е болен човек а изминитавиме години нема што не и даде на нашата земја е во најмала рака безобразно. Од вакцини во период кога не знаевме како изгледаат истите и ни умираа луѓе како глувци, до пченица кога имаше некоја криза, еве сега 2 авиона, еден куп лекари специјалисти пратени тука, деца во многу тешка состајба згрижени таму со сите услови, цел БГ у бои на Македонија денес. Ја не знам што очекувате од него, и што ви смета. Сите заедно што владееле во Србија не не сакале и почитувале и не дале колку него...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.437
Поени од реакции
47.674
Добро, која е потребата од ова пи ар срање? Ги снимаат децата полумртви по кревети, без цензури, само за да се пофали, со 20камери. Греота и страшно.
tuka pa se cudat zaso mu izlagaat na ulica, abe ovoj totalno odlepil beeee, auuuuuuuffffffff
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.557
Поени од реакции
31.257
Добро, која е потребата од ова пи ар срање? Ги снимаат децата полумртви по кревети, без цензури, само за да се пофали, со 20камери. Греота и страшно.
Уф...
Замисли да си родител, или роднина, и ова е прв пат да си ги видиш децата на ТВ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom