Од тоа што гледам проверуваат и многу лица непотребно. Што е криво обезбедувањето во цела ситуација. Како да не сме писмени и како да сме од Тунгузија овде донесени и не знаеме дека ако газдата каже да се пуштат малолетници се пуштат, ако газдата каже да се варат лични карти се бараат. Луѓето ни криви ни должни сега ке бидат виновни бидејќи се печалеле парче леб. Читам и не ми се верува приведен продавачот на карти... Која вина ја има па тој???.... Како тоа имал лиценца заверена со деловоден број, а под тој број друг документ во Архива. Белки цела управа нема пристап до Штембилот. Каде е архиварот, под чија наредба го заверил документот под фиктивен деловоден број??? Како тоа после трагедијата се дознава дека САМО 12 кабареа или ноќни клубови имаат дозвола, а во сите градови имаме ноќни клубови? Како полицијата контролира, како УЈП контролира како? ДНК биле криви за приотехниката, како се осудија и тоа да го кажат. Па ако нема услови ке му кажеш братче не можеш немам услови и толку, точка... Во секој објект МОРА законски да имаш елаборат за против пожарна заштита. Како овој објект и сите други работат без тој елаборат?
Овие се само неколку прашања кој треба да се одговорат. Лицата треба да одговараат кој дозволиле да помине тоа, а не обезбедувањето кое си работело или продавачот на карти... И да Тошковски како одговорен на оние кои први требало да реагираат место да биде арогантен требаше веднаш да си поднесе морална оставка, заедно со министерот за Економија, Градоначалникот кој патем си даде оставка, инспекторите...
Лесна им земја на загинатите да не кажам убиените, брзо опоравување на повредените, се надевам дека има светло на крајот од тунелот и ке одговараат сите до еден пред луѓето, за пред Господ сигурно ке одговараат...