Хаос... Сабајле одам пешки на работа, и у воздухот се осеќа тагата од ова што се случи, луѓето мрачни, невесели, нема позитивна енергија, уште па сабајлево 32432423234 нови случаи на сообраќајки и прегазени пешаци, општа мизерија.
Многу ми е криво и жал што доста од жртвите починале поради несфаќање на сериозноста на ситуацијата. Мислам, лесно е да се збори од позади компјутер, можеби да сум бил на местото на настанот и јас би направил исто и не би се замарал, ама у курац нека иде се.
Исто многу ми е криво што живееме во време каде се храниме со дезинформации и шпекулации, а тоа е нешто што најмалку треба во вакви ситуации. Од вчера до денес едно милијарда глупости беа кажани и напишани во медиумите, а замислете само колку семејства има што чекаа инфо каде им е детето, братучедот, братот, сестрата и слично, а на интернет некој бомбардира со неточни информации и лаги, ХК ПУ. Затоа и им реагирав на ликови како Рон и Војаџер, не дека ми сметаат нешто или дека ги мразам, ама стварно не е моментот да се праиме паметни и да изиграваме дрвени адвокати, едно е Украина, Америка, Сирија, Израел темите, таму колку сакате трескајте и пишувајте, ама овде се работи за наши луѓе што преживаа траорна несреќа.
Знам дека е клише муабет, ама ако после ова не ни се крене свеста како народ за да ги угасиме канцерогените поставки во системот тогаш и не треба да постоиме како држава.