Пожар во Кочани, диско Пулс.

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.782
Поени од реакции
5.124
За жал корумпираноста на системот продолжува да си го наплаќа данокот во крв. Верувајте цела држава функционира како овој објект погоре што добил лиценца за работа за дискотека. Никаков проти пожарен систем кој треба да вклучува пп апарати, прскалки, влезови и и излези за евакуација итн.
Треба затварање на сите објекти од ваков карактер, проверка како добиле лиценци и дали имаат било каков пп систем интегрирано во објектите.
Нека почиваат во мир младите луѓе кои не дочекаа да се вратат дома кај нивните сакани, а на нивните семејства господ да им дари сила во овие тешки времиња.
Ужас и катастрофа незапаметена за Македонија.
Баш цела држава да се затвори, од јавен превоз до најмал статичен објект. Прашање на време е каде и кога ќе се случеа вакви големи несреќи.
Неможам да замислам како им е на роднините и пријателите на загинатите и повредените. Господ нека им даде сила.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.963
Поени од реакции
8.673
Ако после и оваа трагедија кај народот пројде се како ништо да не се случило, тогаш Македонија не заслужува повеќе да постои воопшто.
Ќе пројде после три дена пак по старо. Ќе се вади овој народ вечно на тешките животни услови дека мора да снаоѓа и да заобиколува прописи за да извади корка леб. Сиромав човек, жив ѓаол. Не е џабе кажано.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.975
Поени од реакции
22.268
Мора да признам дека около 6 сат сабајле у рок од 10 минута, два пута с'нува куде ја и жена ми гасимо пожар у некоју пригушену просторију.
Језиво.
Немога да заспију и се пребаци у дневну.После некое време штракам телефон и не ми се веруе што читам.

Страшно и жално е овој што ни се дешава на нас како нација.Како проклнати и опседнати смо од ѓавола.А устфари за сфе сами смо си криви.Тој наше каурско и алчно, сфе да се протне и да се скрие под тепих.
Самосфест нула.
Институцие нула.

Ах бре македонче...
Жално ептен...:(


А ти горе на небо,ако постоиш уопште.
Да гориш и ти како овија деца!
Невини деца, отишле на забаву.
Срце ми се кине.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.903
Поени од реакции
21.943
Vikam, nad 50 deca e nesto nevideno vo nasata istorija i opsto retkost na balkanov, osven za vreme na vojnite. Ova ima poinakov impakt, doprva ke vidime kakov. Ne deka treba da ima piedestal za bilo kakva tragedija, ama ima, i ova kotira najvisoko gore, deca, mal grad, traorni sceni i svedostva, doprva i drugi raboti ke izlagaat od slucajov, ova e samo za zadnji 2 ipol saati.
За жал државата е темпирана бомба, прашање е на време каде на друго место "ќе пукне" и кој ќе стане нова жртва. Еве ти наједноставен пример, клошараана со скапи коли блокираат цела лента на партизанска додека пијат кафе во броз кафе, и го кочат цело скопје да отиде на работа или да се врати дома, амбулантно возило, пожарна итн. Да има правна држава, таквата клошараана ја собира полиција во комбе колата на отпад за рециклирање и плаќање казна за да нема после пари за да купи нова. Тоа е казнивост на систем и почитување на закон, ако не можеш да следиш правила за функционирање, системот те отстранува и не гледаш бел ден. Се напуни Скопје со клошараана, агресини ликови полни со кеш од сомнителни извори, неписмена багра, се некој е инвеститор на згради, газда на дискотеки итн. Се газди без грам школа, јаки врски и пун џеб кеш. Од тоа пати државата пред се !!!
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
5.329
Се наежив кога станав.
Нека почиваат во мир и нека се спасат што е можно повеќе што се борат за живот. Толку имам да кажам.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.302
Поени од реакции
7.044
Никакви стандарди никаде нема, 3-4 дена ќе се труби на фб со тажни слики со црна позадина, издржи Кочани, срцепарајучи постови итн, ама у реалност за викенд се ќе продолжи исто..

Единствената дискотека у Кав се наоѓа на 10тина метри височина од земјата, до чиј влез се доаѓа преку скали широки 3 метри најмногу, повеќе од 2-ца луѓе не можат истовремено да се качат. Недај Боже да се случи поголема гужва, од типот на ќотек, а камоли нешто вакво ќе испозагинат повеќе луѓе од стампедо отколку од самиот пожар. Посебно кога доаѓаат гости од типот на Либеро Бенд и слични како нив, скалите се преполни со луѓе за влез, а камоли за излез доколку е потребно нешто итно. Контрола на малолетници не се сеќавам кога имало последен пат, уствари има кога имаат дојава за инспекција, во нормални услови никој никогаш не е вратен бидеќи бил малолетен.
Еден од попознатите локали исто работи како кафиќ официјално, меѓутоа за викенд со гости како Жаре Бербер и останата екипа знаат да се заборават и тераат до кај 2-3 без проблем. Локалот се наоѓа во зграда буквално, со што го нарушува мирот на сите места околу. Недај Боже ако дојде таму до пожар, отидоа цели згради. Роднина мој има неколку пати пријавено во полиција во 2-3 сабајле за нарушување на јавен ред и мир, овие му враќаат повратен одговор "ти не живееш таму, што имаш против локалот " (бидејќи станот му е купен неодамна, и не му се завршени сите процедури)

Жално за починатите, нека почиваат во мир..
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
376
Поени од реакции
2.128
Верувај цела држава функционира на системот "ургенција" и да му се помогне и реши барањето, предметот на некој хоштаплер со порше џип кој преку ноќ стигнал до пари и станал газда.
Треба да се уапси сопственикот, тој што му помогнал да добие лиценца, сите тие кои се потпишале на документот за лиценцата итн. По кратка постапка доживотен затвор, и одма проверка по сите други дискотеки и ќе видите дека 100% од нив не исполнуваат основни услови за таков тип објекти ... и секаде со врски и ургенции добиле дозволи !!! Е сега тука зборуваме само за дискотеки, ама во глобала цела држава функционира вака, ургенција и врски !!!!
Да тргнеме од нас, ние за најситна работа за која обично се чека ден-два бараме ургенции за да се заврши побрзо, а државава е трула и труе 30+ години, ова е само производ на гнилежот кој се насобрал.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
1.243
Поени од реакции
3.328
Ни се случи најголема трагедија,многу млади деца ни починаа,не е фер ова :(
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.118
Поени од реакции
68.237
Језиво колку е сличен случајов
Да, овој случај, и малтене ова видео за користи по многу Американски фирми како дел од fire training. Кога го видов видеото од Кочани, се запрепастив каква сличност имаат, зашто и таму и таму е истата причина, пиротехника кај бендот.

Многу луѓе не знаат дека чадот е тоа што те убива. Во ситуација каде што нагло се намалува кислородот во затворена просторијА, зашто нешто мора да го храни огнот, доволно е 2-3 пати да вдишеш густ чад, и веќе не си способен да одиш. Советот беше да ставиш мокра крпа преку уста, дур да можеш да излезеш надвор. Во тој пожарот погоре, многу тела беа најдени на излезните врата, едно врз друго.

Трагедија невидена, има и деца од Куманово што биле, уште ги бараат. Да не си им во кожа на родителите.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.605
Поени од реакции
15.174
Да тргнеме од нас, ние за најситна работа за која обично се чека ден-два бараме ургенции за да се заврши побрзо, а државава е трула и труе 30+ години, ова е само производ на гнилежот кој се насобрал.
"Само јас ли да сум поштен и будала..."
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.978
Поени од реакции
17.228
Нема несреќи, се е со некој причини, ги пратам на дискавери, имаше и за пожари во елитни хотели во Вегас, а не па ќумезарници...сите т.н. несреќи се данок во крв на импровизации..
Ако не се случеше ништо, дали некој ќе покренеше казнени мерки ??
Секое чудо за 3 дена, полиција ги казнуваше кај тутунски тие што влагаат од јужен од лента за лево, ама само 2 дена, па се по старо, некој си ср праат паметни. Така и со пожароте, во Гостивар 2 пати имаше жртви од неисправна инсталација, 2 пати ден на жалост, ама Истрага и Одговорност немаше. Пиротеникаѕа треба потполно да се Забрани !!!
И пак да прсшам, читав 16г девојче бара во болницата, значи имало и малолетници.
Нели Законски е Забрането малолетни лица без присаство на родител старател да излегуваат од домот по 22ч??
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.650
Поени од реакции
7.786
ДНК заедно со цела екипа, организаторот и сопственикот на оваа шупа 20 години во затвор, заедно со сите одговорни во инспекции во Кочани. А Тошковски и Стојанче оставки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom