Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
На профилот Roberto Navali на инста, на едно од последните сториња, кое трае неколку секунди и е посветено на некој што гасел и загинал, јасно се гледа празна дискотека, еден човек сано гаси со ПП апарат и уште десетина лабаво си седат. Значи они биле тотално несвесни за опасноста, стварно мислеле ќе ја изгасат завесата и ќе си продолжи журката. Од снимката, јасно е дека другите веќе биле излезени или дремеле во делот пред вратата или по вецињата.
Не мислеле дека толку брзо ќе се прошири и дека се ќе се изгаси со еден апарат и ќе продолжи забавата.

Пишав дека лабаво со чаши излегувале надвор мислеш пауза за цигара е.

Се се случило во рок од 2 минити, а тоа било период од моментот кога им кажале дека треба да излезат надвор и кога веќе пола плафон бил во пламен и имало црна чад и онесвестени на под.

Во тоа видео веќе сите се пред врата или излезени надвор.

А од ДНК сите можно е да имаат останато последни да собираат инструменти или да видат што ќе се случи со пожарот.
Паднал плафонот и тоа е тоа што се случи.
 
Гледај во локаливе како Мош, Салваторе и слични имаат перформанс со такви жижици, знамиња глупости. На свадби исто гледам поставуваат во затворени простори нешто слично со искри што фрла.
Плус оние жижицине за Моети и такви пијачки.
Значи имаме во затворен простор жижици, пиротехника (нормално не во таков обем како Кочани), проблем е во објектот и лесно запаливиот материјал што служел како изолација
Затоа и реков едни од виновниците секако не се единствени.
 
Но од правен аспект незнам како ќе ги гонат, лиценцата е помината, практично настанов е направен без важечка лиценца, барем колку што разбирам јас, ако има некој правник нека пише.
Абе каков правник од чиста логика, во тој објект имало само еден излез,што не смее да се случи во дискотека, немало апарати за гасење пожар, објектот бил стар, кровот бил од некаков материјал кој не е пригоден за да се употребува во дискотека, некој запаллив, ама не е само овој случај, Тетово болницата, Дурмо Турс автобус кај шо загинаа пак 20+ луѓе зашто им биле минати возилата по врски на технички преглед во Гостивар.
 
Немаме центар за изгореници, тие 47 шо се надвор од државата се највероватно сите такви случаеви.
Ептен било комплицирано и требало посебни услови и третмани за да ги спасат оти наеднаш можело да се смени состојбата.
Затоа веројатно одма побараа помош од соседни земји.
Во Солун однесени се најкритичните пациенти
 
Бог да им подари на сите Царство Небесно.

Голема благодарност до сите држави и поединци кои ни излегоа во пресрет да ни помогнат, без нив, прашање е како ќе беше сега ситуацијата.

Не верувам дека нешто во државата ќе се смени, дури и сите одговорни да бидат осудени за несреќата, ова не е само една несреќа, ова е многу подлабок проблем во едно полу-функционално општество кое тоне во криминал и корупција, затоа и се повеќе млади не ја гледаат својата иднина овде.

Небитно кој е на власт, сдс,дуи,дпмне, суштински за обичниот граѓанин животот е секогаш горе долу ист.
Тие шо ќе се помират со тој факт, ќе останат овде, тие шо ќе бараат подобри услови за живот, ќе се селат, и тоа е тоа.
 
Немаме центар за изгореници, тие 47 шо се надвор од државата се највероватно сите такви случаеви.
Ептен било комплицирано и требало посебни услови и третмани за да ги спасат оти наеднаш можело да се смени состојбата.
Затоа веројатно одма побараа помош од соседни земји.
Треба некој од новинарите да му постават прашање на Таравари зошто немаме доктори специјалисти за изгореници, зошто нема центар за изгореници???
Срамота..што здравство имаме:(
 
На ноќен клуб Јагода во Битола инспекторатот не му одобрува лиценца 6 месеци, ради шо е поранешен хангар и на кровот има греди, иако имат обезбедено влез/излез.
Во превод: не платил рекет или не е со власта :D
 
Бог да им подари на сите Царство Небесно.

Голема благодарност до сите држави и поединци кои ни излегоа во пресрет да ни помогнат, без нив, прашање е како ќе беше сега ситуацијата.

Не верувам дека нешто во државата ќе се смени, дури и сите одговорни да бидат осудени за несреќата, ова не е само една несреќа, ова е многу подлабок проблем во едно полу-функционално општество кое тоне во криминал и корупција, затоа и се повеќе млади не ја гледаат својата иднина овде.

Небитно кој е на власт, сдс,дуи,дпмне, суштински за обичниот граѓанин животот е секогаш горе долу ист.
Тие шо ќе се помират со тој факт, ќе останат овде, тие шо ќе бараат подобри услови за живот, ќе се селат, и тоа е тоа.
Ставот ти е дефетистички. Мора да одговараат сите, мора да се спроведе ред еднаш засекогаш, неможе сите да се иселат, какво ти е тоа размислување. Македонија е наша татковина.
 
Сите дискотеки кај нас се со по еден влез/излез. Во парк сите имаат еден, не дај боже се запали Станица, Маракана, Терминал, по тоа скалите никој нема да се симне/качи.
И да има повеќе излези пак сите ќе тргнат од таму кај што дошле зошто ништо не е обележано како што треба.
 
Треба некој од новинарите да му постават прашање на Таравари зошто немаме доктори специјалисти за изгореници, зошто нема центар за изгореници???
Срамота..што здравство имаме:(
Чоек имаме доктори немаме центар...
Еве шо читав денес....
Во државата нема Центар за изгореници, иако тоа го имало по сите стандарди пред 24 години, во поранешната Воена болница, но откако во дел од болницата почнала со работа приватна здравствена установа (станува збор за кардиохирургијата „Филип Втори“), граѓаните го изгубиле Центарот за изгореници.
lg.php

Подоцна, благодарејќи на напорите на некои лекари, во 2000 година беше основан е нов Центар за изгореници кој беше сместен во старата Градска болница во Скопје, а сега Универзитетска клиника за хируршки болести. Но, и тој беше затворен откако почна реконструкцијата на оваа болница.
 
Затоа што многу дезинформации се раширија тука ќе ви кажам нешто што не е, дали некој ќе верува е сопствен избор. Панчо е еден од осомничените , а ДНК како бенд самите инсистираат на пиротехника.
Тоа ги прави едни од директните виновници за овој геноцид.
Оваа ситуација претставува геноцид врз младината на Кочани и на цела држава.
Дали имаш нешто повеќе поврзано со ова? Коментар од некој, вест?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom