Под копитата на сатаната

Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
За него незнам...ама за тебе сум сигурен.

Ти човеку зарем толку ти е закоравено срцето да не знаеш од
Кого сум???
--- надополнето: 18 март 2013 во 23:47 ---
Се одрекувам од сатаната и го избирам Бог! (y)
Можеш ли ти да не го нудиш твоето верување за вистина и да бидеш човек наместо џелат на оние што не веруваат во твојот бог?
Го можеш ли ти тоа ооо пријателу? :D

И ти не си од бог, ами заблуден си од сатаната затоа и за него пишуваш и постојано ти е во умот. Зборувајќи дури и негативно за негативното ти правиш позитивно за тој што ти е постојано во устата и умот, а сигурно и во срцето.
Бегај таму дете на сатаната и молчи за навек. Твојот бог одамна те напуштил и сатаната ти го завел умот! НЕ го споменувај името на твојот бог залудно за да си ги покриеш гнасните траги што ги оставаш зборувајќи за сатаната!
Нека богот ти се смилува, дете!

Зошто секогаш кога ќе се открие расипаноста, изопаченоста на сатаната и страдањата на луѓето поради сатаната, и ќе се спомени
молитвата кон Господ Исус Христос ти негодуваш?
А и многу други ?
Славете Го Господ Исус Христос, тоа го кажувам.

Зошто негодувате???
Најдовте ли лага и невистина во моите зборови,
ако вистината ја зборувам за што ме обвинувате?
--- надополнето: 18 март 2013 во 23:52 ---
Да, време е за љубов!
Благодарам
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Не можете да ми забраните да зборувам за
Господ Исус Христос кој умре и воскресна за сите нас.
За да имаме вечен живот со Него во Неговата љубов.

Господ не е џелат,
Но ја пролеа својата крв за ние да бидеме спасени
од смртта. И родени за вечен живот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Никој ништо не може да ти забрани! Сите сме слободни мажи и жени на Земјата! За тоа сум и јас... Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон!

Твоето верување дека некој евреин умрел за тебе, твоето верување дека некаков си ѓавол владее со Земјата, а не твојот бог, може да го проповедаш, но ние може да не веруваме во тоа и да зборуваме што мислиме во врска со твоите постови - што и го правиме, нели :)
Ти може да проповедаш дека тоа е „целата вистина“, наше е да се сомневаме и да прашуваме и да не веруваме. И ти и твојот бог во кој што веруваш, ништо не може во врска со тоа. Како што гледаш нели...

А ти бидјеќи сепак ќе го проповедаш твојот бог, чии зборови велат дека секој што не верува ќе биде казнет и ќе гори вечно и бла бла бла - го прави твојот бог џелат за луѓе кои не веруваат во твоите проповеди. Што значи добро велам... дека го нудиш својот бог како џелат на оние што не веурваат во твојата вера.

Ти продолжи како што ти е волја... се читаме ;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто секогаш кога ќе се открие расипаноста, изопаченоста на сатаната и страдањата на луѓето поради сатаната, и ќе се спомени
молитвата кон Господ Исус Христос ти негодуваш?
А и многу други ?
Славете Го Господ Исус Христос, тоа го кажувам.

Зошто негодувате???
Најдовте ли лага и невистина во моите зборови,
ако вистината ја зборувам за што ме обвинувате?
Зошто веруваш во семоќен Бог кој е добар, праведен и кој е љубов а кој создал нешто како сатаната? Зошто го создавал? Ако создавањето на сатаната има причина, зошто го сметаш за непотребен и бараш некој да се одрекнува од него?
 
P

propoise

Гостин

Можеби и го "разбира" редот и нередот на работите т.е го разбира Бог-Психопат по дефиниција.
 
D

Daedalus

Гостин
Зошто веруваш во семоќен Бог кој е добар, праведен и кој е љубов а кој создал нешто како сатаната? Зошто го создавал? Ако создавањето на сатаната има причина, зошто го сметаш за непотребен и бараш некој да се одрекнува од него?
Господ Бог им дал волја на своите ангели да одлучат ако им е угодно да останат при Него или пак да одат по патот на нивната Слава. Луцифер, најубавиот и најсјајниот ангел Господов, одлучил да оди по Славата своја исто како што ние одлучуваме дали љубовта кон Бога ни е поважна од земните блага кои се минливи. Приказните во Библијата се метафорични и не треба буквално да ги разбираш. Затоа што знаењето Божјо е поголемо од прашањата кои нам ни изгледаат логични.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Господ Бог им дал волја на своите ангели да одлучат ако им е угодно да останат при Него или пак да одат по патот на нивната Слава. Луцифер, најубавиот и најсјајниот ангел Господов, одлучил да оди по Славата своја исто како што ние одлучуваме дали љубовта кон Бога ни е поважна од земните блага кои се минливи. Приказните во Библијата се метафорични и не треба буквално да ги разбираш. Затоа што знаењето Божјо е поголемо од прашањата кои нам ни изгледаат логични.
Библијата е се само не е метафора. Појди од тоа кој бил тој што почнал да ја пишува и кои биле тие што биле протерани со него заедно.
 
Не сум јас тој што ги разбира буквално, јас се обидувам да ги разберам оние што толкуваат буквално. На пример како ќе го вклопат во ова објаснување "Страшниот суд". ;)
 
Судот е страшен за оние кои грешеле и чијашто душа е полна со катран и плевел. Нека биде Зборот Негов кој ќе одлучи на кого ќе му биде судено а кој ќе ја прими Славата Негова.

Метафорите ќе бидат сфатени само за оној кој со отворено срце ја чита Светата Книга Господова. Ако ја читаш со сомнеж и светоумие, ќе гледаш само зборови а не и Вистина.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Не сум јас тој што ги разбира буквално, јас се обидувам да ги разберам оние што толкуваат буквално. На пример како ќе го вклопат во ова објаснување "Страшниот суд". ;)
Од која позиција се обидуваш да ги разбереш оние кој разбираат буквално?

Бидејќи, не е исто да се обидуваш да разбереш од позиција на набљудувач и да разбереш од позиција на учесник.
Зато кај старите постои една изрека.
Подобро прашај паталец,а не гаталец.;)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Судот е страшен за оние кои грешеле и чијашто душа е полна со катран и плевел. Нека биде Зборот Негов кој ќе одлучи на кого ќе му биде судено а кој ќе ја прими Славата Негова.

Метафорите ќе бидат сфатени само за оној кој со отворено срце ја чита Светата Книга Господова. Ако ја читаш со сомнеж и светоумие, ќе гледаш само зборови а не и Вистина.
Да не си ги утнал ти деновите? Трет четврток е, не е втора среда па да си католик :D
 
D

Daedalus

Гостин
Да не си ги утнал ти деновите? Трет четврток е, не е втора среда па да си католик :D
Моите знаења се својствени за православието. Уште во Византија беше вољата и благоугодноста Негова.

Славата Божја е поголема од Католицизмот и Православието. Кој си ти од земен прав створен, да ги делиш луѓето на католици и православни?
Кој си ти да даваш значење на деновите Божји.
Зарем средите се повелики од неделите?
Зарем деновите се поважни од Небесата?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Моите знаења се својствени за православието. Уште во Византија беше вољата и благоугодноста Негова.

Славата Божја е поголема од Католицизмот и Православието. Кој си ти од земен прав створен, да ги делиш луѓето на католици и православни?
Кој си ти да даваш значење на деновите Божји.
Зарем средите се повелики од неделите?
Зарем деновите се поважни од Небесата?
:pos:
Абе ти и од MIKI1, поголем верник стана :LOL:
 
D

Daedalus

Гостин
:pos:
Абе ти и од MIKI1, поголем верник стана :LOL:
Сите сме верници пред Очите Божји. Некој го изгубил својот пат неверувајќи во вистината која само душата ја знае. Таквите луѓе се нарекуваат атеисти.
Но, очите на слепиот ќе се отварат и ушите на глувиот ќе прослушаат. Нека е Вечно Името Негово.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.946
Поени од реакции
12.546
Tool - The Grudge
"Saturn ascends, choose one or ten. Hang on or be humbled again!"
...means get right or Saturn will come around again teaching the same lesson until you do it.

Не го задевајте да не ви се врати па ќе бегате по манастири и цркви :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom