Подобар/подобра сум од него/неа

С

Сатори

Гостин
Дали намерно се затвораат очи пред објективноста и тврдиме дека не сме субјективни, убедувајќи се и самите дека сме најреални?
Човекот ја нема способноста да каже за себе дека е објективен, можеби мојата голема недоверба кон системот на Платон го базира заклучокот, но не верувам дека сите го гледаме светот со исти очи или дека сите ја имаме можноста да ја спознаеме вистината, зошто, сите ние сме субјективисти, зависни од нашите перцепции преку кои доаѓаме до судот за тоа кој колку е добар и каде сме ние на таа скала.

Сакам да верувам дека сум одлична во тоа што го работам, но, кој од нас не сака или не верува, зошто секогаш е најлесно да мислиме дека сме најдобри, по себе убедување, статистика или here and there say, но најчесто вистината иако релативна е сосема поинаква, доблестите и маните не се поклопуваат а некој друг веќе го земал медалот.
Не знам колку сум подобра, ниту ме интересира, компетицијата е здрава, победата е благо пријатна, ама ништо од тоа не статично, ниту е битно кога легнуваме да спиеме задоволни, но не среќни.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Нема објективно мерило за нечија способност. Секој си тргнува од своите субјективни мерила и си ги смета за најправилни и најверодостојни.
Дури и кога поголема група од луѓе дава идентичен суд за нешто/некој, пак имаме само една страна од приказната, субјективно видување.

Затоа, последниов период се повеќе се трудам да одбегнувам да давам изричити судови. Може да речам, тоа не ми се допаѓа, тоа ми се свиѓа, не сметам дека е тоа правилно и сл, али не и да се ставам у улога на арбитар и да вреднувам, со исклучивост, особи или дела или шо и да е, у стилот на: Тој е глуп и крај, тоа е за нигде, таа е прекрасна....затоа што, што и да речам, тоа ќе биде само рефлексија на моте убедувања создадени од моите искуства, емоции и сл, но не и веродостоен факт.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Дури и да сретнам некого за кого навистина ќе морам да признаам дека е подобар од мене, тој може да ми стане идол или пример, но и понатаму не би се менувал со него, јас сум си јас, тој е само тој, кој му е крив :)
Е, да сретнам такво женско...
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Никој не дејствува со знаење против најдоброто, туку само од незнаење. - Сократ
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Ако правиме муабет за општо кој од кој е подобар... Секако ке речам дека јас сум подобар од другар ми у кошарка, бидејки другар ми игра кошарка еднаш годишно.
Ако пак правиме муабет за интелектуално ниво, тешко дека ќе дојдеме до некој, онака, реален заклучок... Како што рече некој погоре освен во ептен драстична ситуација.

Инаку, дали стварно би сакале некогаш да речете дека сте подобар од некој во нешто? Јас на пример и повеќето што ги познавам не го практикуваат тоа... Секој е добар во нешто. Секој си има своја ѕвезда на небесниот свод :smir:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Интересна работа е ова натпреварување со другите луѓе. Сите знаеме понекогаш да кажеме во себе или на глас: „Еј, јас сум подобар во тоа-и-тоа од него!“

Дали според вас човек може објективно и најискрено да донесе заклучок за тоа? Или, пак, некој трет, не директно вклучен во муабетот може да биде во право за тоа кој е подобар од кого?

Дали е можно некој реално да ја согледа ситуацијата и да признае дека е во нешто полош од друг, или за да се чувствува подобро понатаму бара нешто што ќе си напомне дека е подобар во споредба со сосема трета личност?

Дали намерно се затвораат очи пред објективноста и тврдиме дека не сме субјективни, убедувајќи се и самите дека сме најреални?

Исто и тоа кој е попаметен од кого. Како се донесува заклучок дека сме попаметни во однос на некој друг? Настрана бројките од тестови, туку онака, ни паднало на памет да наречеме некој помалку паметен од нас.

Има и други примери, но ми ја сфативте поентата. Спомнете нешто ако ви текне.
Па?
Ние луѓето, за разлика од животните имаме тенденција да се самодокажуваме. Пред себе и пред другите. За нашата самодоверба да остане на ниво 'над нулата' ги анализираме другите и носиме суд за нивните постапки, во споредба со нашите. Сега зависи, нели збориме за луѓе, а тоа е многу индивидуална работа, не може да се донесат општи заклучоци, нели. Да речеме, едни патат од комплекс на инфериорност, па мислат дека другите се боље од нив, и ништо што самите прават не е доволно добро за да ги задоволат своите критериуми. Други, патат од комплекс на супериорност, и мислат дека се подобри од другите, па постапките на другите ги вреднуваат помалку од нивната реална вредност. А трети па имаат пореална слика за средината и нивното место во неа, па можат и до негде пообјективно да заклучат за постапките на другите во споредба со своите. Иако и таа објективност не верувам дека може да биде целосна, зашто секој човек има различен поглед на светот, од своја перспектива, под влијание на свои околности. За тоа, дали може некој трет да донесе пообјективен заклучок за тоа кој е подобар од кого... Па најверојатно може да донесе пообјективен заклучок во споредба со заклучоците на двајцата вмешани во проблемот. Ама пак и тука има фактори, да речеме дали тој третиот има тенденција кон едната личност, дали е способна за фер расудување, колкаво е нејзиното познавање за работата во која се натпреваруваат другите двајца, и, дефинитивно за каква работа се работи (на пример да речеме Еден брка многу девојки, зашто мисли дека колку му е поголема бројката на смувани девојки, е толку поголем фраер. Два, емоционално се енволвира со мал број девојки, бидејќи смета дека ако има малку ама добри девојки така е поголем фраер. И, Трет, треба да донесе заклучок за тоа кој е поголем фраер. Неговиот заклучок ќе биде донесен под влијание на неговите ставови во врска со темата, значи точен одговор за оваа тема нема, има само субјективно мислење.)
Мислам дека Е можно некој реално да ја согледа ситуацијата, иако од негова перспектива, да донесе каков-таков објективен суд за неговата успешност во истата. Да речеме, решавање задачи математика (нема да ги спомињам факторите тука, што е потребно да поседуваш за да бидеш добар во решавање математички проблеми). Јас не можам да ги решам задачите со толкава брзина и точност во споредба со Станко, ама ако го признаам тоа, автоматски си давам стимул повеќе внимание да обрнам на себе во таа насока, за да го стигнам Станко еден ден. И, еве, ако не успеам да го стигнам Станко, едноставно чоекот си е боље од мене, нема што, тогаш ќе си напраам замена. Да речеме, Стане е боље од мене математика, ама затоа јас сум боље од него македонски. Или, ко што рече, во споредба со трета личност, не е важно. Само тука има и врска критериумот кој си го поставуваме за тоа кој е колку добар во една работа. Ако татко му на Станко е професор по математика, ние од старт имаме мали шанси за споредба со него. А, ако се споредиме со Стојко, што има ниво блиско до нашето познавање на математиката, тогаш веќе можеме да направиме пореална проценка, без преценување или потценување.
Најверојатно има разлика од човек до човек, во однос на тоа колку го вреднуваат својот став како објективен или субјективен.
Тоа со тоа кој е попаметен од кого, е всушност исто со она кој е подобар од кого, зашто да бидеш 'попаметен' од некој значи да бидеш подобар од некој во баратање со вербален материјал и увидување врски меѓу елементите во материјалот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom