Подемот на крајната десница во Европа

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Кој е критериумот?
Со изборот на Трамп критериумот е да бидеш галамџија, да го кажуваш тоа што гласачите сакаат да ги слушнат на најпрост можен начин и максимално да ги вреѓаш неистомислениците, истовремено терајќи некоја нереална популистичка кампања.

По овие критериуми, Оџеда добро стои, само тешко дека ќе го прифатат демократите.

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Со изборот на Трамп критериумот е да бидеш галамџија, да го кажуваш тоа што гласачите сакаат да ги слушнат на најпрост можен начин и максимално да ги вреѓаш неистомислениците, истовремено терајќи некоја нереална популистичка кампања.

По овие критериуми, Оџеда добро стои, само тешко дека ќе го прифатат демократите.
Кампањата на Трамп е реална, што позитивно се одрази и на последниве избори. И ќе збориме за навреди? Ако еден Тед потроши пола буџет за црна пропаганда против мене, очекуваш да си ставам фластер на устата? Работата е во тоа што лесно е да удриш човек кој е на земја и на навредиш/нападнеш некој кој не се присутен да се одбрани, но тешко е да собереш храброст и истото да му го кажеш во лице. Килари водеше идентичка кампања па изгуби. Мислам дека и на тој народ му е смачено исти лица да гледа 100 год. во политичкиот живот, кои немаат идеи и само се послушници на желбите на нивните спонзори. Значи тоа што го напиша може да пали еднаш, но не 2-3 пати. Башка има одлични изгледи повторно да биде кандидат за претседател кај републиканците, ако добие нови 4 год., ќе бараш нов критериум (галамџија!?) и нови оправдувања.

Затоа што е глуп го контролира медиумскиот простор кој е против него, ја обедини републиканската партија која беше настоена против него, победи во држави кои беа темно сини уште од 70тите, уништи на дебати редум искусни политичари, ги надмина сите афери, победи на избори и денес прави економски бум и згора на сето тоа ја промени и политичката мапа на Европа! Срамота е да го споредуваме со Кортез, која верувај ќе ја уништи на избори лице в лице. :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Нема што да се убедуваме, ти гледаш едно, јас гледам друго во поглед на успешност во неговиот мандат и генерлно на него како личност

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Најсмешен ми е делот дека не ги следел желбите на неговите спонзори, тешка заблуда ти е тоа, ги следи и тоа на големо, што убаво се гледа и во внатрешната и во надворешната политика.

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
“Нема ништо поуспешно од успех“.
Последниве избори требаше да бидат референдум за неговите политики.

Мислиш на глобалното затоплување и слободата за користење на оружје? Оние класичните спонзори на републиканците и нивните политики!?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не, пред се мислев на даночните кратења и односот кон С.Арабија, политики во директна корист на богатите донатори и воениот комплекс, иако второто е константа на сите без оглед на партиска припадност.

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Од даночните кратења корист ќе имаат т.е веќе има и средната класа, покрај богатите, иако сите се на определен рок. Гледам дека богатите станале 20% побогати во времето на Трамп, позади истото не може да застанам затоа што во текстот немаше никакви податоци кои можат да се проверат. Односот со С. Арабија и јас не го оправдувам, но тој однос е традиционален, идентично како и оној со Израел. Кога ќе видиш дека Арабија дава 35 милијарди долари на САД за купување на оружје, кој пак издвојуваат 700 милијарди за воениот буџет. Авијацијата и морнарицата им се засилени, на тоа додај и пари кои ги земаат од членките на нато кои им го шиткаат по повисока цена. Арабија има најголем воен буџет во светот, поголем од оној на САД, а плодовите од истиот ги истура во Јемен, каде досега имаат убиено и изгладнето повеќе од 35.000 деца. Тоа е огромна бројка и никој не зборува за тоа.

Единствено јавниот долг може да се зголеми за 5,5 трилиони, нешто што најави Трамп дека ќе намали и целосно ќе го подмири за 8 год. Тоа е неверојатно да се направи, па ако успее да не го зголеми истиот, тоа ќе биде успех со оглед на тоа дека Обама истиот го зголеми за 9,4 трилиони, а тоа речиси е 50% од сегашниот долг. Тој долг е 70% направен во 21 век, па увиди каде оди тој тренд.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Трамп ја обединил републиканската партија :pos:

Од времето ко гледав Only Fools and Horses, се немам вака смеено
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Класика, 0 аргументи. Ништо ново од тебе.

Пред изборите сите републиканци беа против ѕидот, сега беше на тапет-програмата на Тед. Истото се однесува и на новиот гувернер на Флорида и новиот сенатор на Флорида кои ја застапуваат таа идеја. Речиси сите застанаа зад даночната реформа, а оние од репубиканските редови кои беа доста критички настроени кон Трамп, голем дел не беа реизбрани за конгресмени.

Прашањето е всушност зошто речиси сите кандидати на Обама изгубија, дали можеби народот веќе нема интерес за него? Играше на картата раса и победи 2 пати. Сега со Кортез играат на слична карта и ќе изгубат. Не може таргет да ти бидат само црнците, хиспаносите и жените, од кои поголемиот дел навистина се гласачи за Демократската партија. Кај Килари играа на картата жена, па кога ќе поставиш кандидат без квалитети тој ќе ти изгуби. Башка повеќе од 50% од белите жени гласаа за Трамп. Голема грешка им беше тоа со суперелекторите кои не застанаа зад Берни. Берни ќе имаше изгледни шанси против Трамп, само Берни беше премногу мек спрема Килари. Милионерот социјалист кој води Робин Худ политики без финансиска основа и елементарна логика за тие политики. Вистинското прашање е дали смета дека 2 мил. е богатство, кои после 4 год. мандат ќе станат 5-6 мил. и дали себеси се смета за богат? Или повторно ќе го ренда тој 1% кој пак ја финансира и демократската партија!?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
А море ништо не кажа за моменталната ментална состојба на Трамп, после избориве :D

Инаку нема ни потреба да кажувам аргументи, ти имаш потреба од искривување на реалноста. Само тоа ќе биде со краток век, затоа и не ми требаат аргументи ќе си видиш и самиот :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не можеш да го понудиш она што го немаш. Барем и да ја исправиш реалноста(!), кога веќе тврдиш дека јас ја кривам.

Еве ти отворена можност и објасни ја менталната состојба на Трамп. Имаш серија од психолози кои му препишуваа разно разни терапии, па и тие нека ти бидат на помош. Се’ само конечно, по 12 год., од тебе да видиме еден основен аргумент. :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.043
Поени од реакции
83.484
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
:) Ова десницава се се кој од кој

https://www.mkd.mk/svet/vesti/holandski-antimuslimanski-desnichar-prejde-vo-islam-i-ja-napushti-politikata
Холандски антимуслимански десничар прејде во ислам и ја напушти политиката
Јорман ван Клаверен, поранешен член на холандската екстремно десничарска Партија за слободата (ПВВ), по повеќе години активна борба против исламот и муслиманите премина во ислам.


Овој 39-годишен поранешен холандски политичар и близок соработник на Герт Вилдерс јавно призна дека го прифатил исламот.

Ван Клаверен одлучил да стане муслиман додека пишувал книга против исламот.

„За време на пишувањето наидов на сè повеќе и повеќе работи кои го зацврстија моето гледиште за исламот“, изјави тој за холандското радио, пренесе Политико.

Ван Клаверен бил член на Партијата за слободата (ПВВ) од 2010 до 2014 година, но ја напуштил откако Вилдерс на митинг во 2014 година ги прашал поддржувачите дали сакаат повеќе или помалку Мароканци во Холандија, на што толпата извикувала „Помалку! Помалку! Помалку!“

По напуштањето на ПВВ, Ван Клаверен основал своја партија, За Холандија, но не успеал да освои место на националните избори во 2017 година и се откажал од политиката.

Ван Клаверен бил суров критичар на исламот за време на неговото време како политичар на ПВВ, велејќи дека „Исламот е лага“ и „Куранот е отров“, објави весникот НРЦ.

Запрашан во интервјуто за весникот, дали се чувствува виновен за овие изјави, Ван Клаверен рече дека „едноставно бил грешка“, додавајќи дека тоа било „политика на ПВВ: сè што беше лошо мораше да биде поврзано со исламот на еден или друг начин“.

Арнауд ван Дорн, поранешен функционер на ПВВ, исто така претходно се има преобратено во ислам. Тој му честиташе на Ван Клаверен на неговата одлука преку Твитер, пишувајќи: „Никогаш не помислив дека ПВВ ќе стане место за преобразување“.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Ќе ги биде ли десничариве на Европските избори или ќе крахираат?
Кои се прогнозите?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom