Не сум за промена на името од проста причина што тоа се коси со едно од основните права врз кои се темели Организацијата на Обединетите нации,а тоа е правото на самоопределување.Во исотријата на човештвото не сум приметил ниту еден случај некоја држава да кенка оти некоја друга држава се вика како што сака и нон стоп прави се само за да не го користи името што сака да го користи.
За оние кои се плашат од doomsday сценарија ако не сме прифателе компромис-Грција нон стоп повторува дека компромисот е име за севкупна употреба,значи тоа ќе се користи секаде,и внатре и надвор,и јазикот и националноста ќе ни биде северомакедонска(немам против ако ме назначат за Ким Јонг Ил на Македонија и се фалам дека имам нуклеарки).Ако не сакаме да ни се случи тоа ќе мора да бидеме реални и да го бараме невозможното(не ми текнува кој го рекол тоа),целосно признавање на Република Македонија како Република Македонија,националност Македонец и јазик македонски.Сакам јас како и секој човек на овој свет да си ги уживам своите основни права и слободи,а не да бидам третиран како Евреин од пред Втора светска војна.
Океј,знам дека ќе кукате "ама тоа е невозможно" бла бла бла,ама си мислам-Велика Британија беше најмоќна империја до пред 60 години,ама сите колонии и се лизнаа низ прсти.Зошто така?Во 1915 г. еден млад индиски правник кој студираше во Јужна Африка(исто така британска колонија) ги виде сите неправди кои таму се случуваат како еден прав одраз за тоа што му се случуваше во родната Индија,па се реши да направи отпор во вид на граѓанска непослушност.30 години водеше мирен отпор не само со Британците,туку и со дел од неговите луѓе кои го убедуваа да се откаже,но не се предаде,а во 1945 г. Велика Британија која знаеше да одговори само со убивање демонстранти,затворање на се живо и диво што доаѓаше во контакт со бунтовникот немаше друг избор туку целосно да се повлече од Индија и да ја признае нејзината независност и тоа во време кога немаше повелби за човекови права и ОН беше мисловна именка.Човекот што го започна сето тоа се викаше Ганди,и неговиот пример сите останати колонии го следеа.
Уште не сте уверени?САД важеа се до крајот на шеесетите од дваести век за најсегрегациска држава во светот,со најголеми дискриминации спрема малцинските групи(посебно црнците) и никој ништо не и мпжеше.А тогаш се појави Мартин Лутер Кинг.Го следеше делото на Ганди и го постигна неочекуваното-сегрегацијата заврши,по цена на многу мистериозни исчезнувања на негови следбеници,безброј запалени цркви на црнечкото население,а тој ни прст не дигна на неговите душмани.
И да не го заборавам Нелсон Мандела.30 години скапуваше во затворите во Јужна Африка оти гласно се изјаснуваше против апартхејдот(белото мнозинство ја држеше власта и слободно го тероризираше црното малцинство) за потоа да го сотре во 1991 иако сеуште беше зад решетки за на крај да стане првиот претседател на Јужна Африка после апартхејдот.
Е сега,знам дека и со ова ќе продолжите да мрчите во стил "ама ќе бидеме економски изолирани".Од ЕУ ли?Чудна работа светот да биде само ЕУ.Како да нема други земји на планетава туку ЕУ е светот.Oh well,изгледа на ЕУ не и е рамна Кина,која стана втора светска економија и од која САД и ЕУ полека стануваат зависни.А и каква е таа Јапонија пак,која во студената војна се опорави до толку да и една западна Европа не можеше да и се фати за малото прсте,а и во време кога е во рецесија има пари кои ги дава како неповратна помош и донација на пола држави во светот меѓу кои сме и ние(колку за пример-кога Јапонија ја зафати мартовскиот земјотрес,нивната влада за време на една таква криза ни даде околу 200 000 евра неповратна донација во медицината и комуналиите).Ама ЕУ си е ЕУ јбг.