Значи навистина неможам да разберам како може да се помисли за промена на името, менување на името е еднакво на лично непостоење...
Дали тие што се за, би го промениле и сопственото име?
Претежно тука на форумов да речеме дека просек сме дваесет и некоја година, исто колку и независноста на Македонија. Значи ако "сте" за промена на името променете си го и вашето име, можеби некој во фирмата бара да му се викаат сите "Петко", или пак тоа боли, зошто да се викам "Петко" кога си се викам "Трпе" и така се викам од денот кога ме крстиле и горд сум на тоа....
А за тоа што прочитав некои коментари дека некои држави смениле име (што досега немам слушнато) па по автоматизам значи дека и ние можеме да смениме име? Ќе направам споредба со онаа народната "Ако видеш некој да се фрла во Вардар, оди и ти фрли се, можеби така треба "