Погрешни одлуки

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Незнам баш дали ја крстив темава ко шо треба, слободно нека корегираат модератори.

Ја отварам темава ради една дешафка денес, шо ми остана така у мисла.
Татко ми го беше расклопил вентилаторот, шо стои на таван најчесто, за да го измие, од прашина. И добро го изми, дур се сушеше му искрсна нешто и искочи на работа човекот. Јас како вечи џаболебар, клошарев по дома, и го глеам вентилаторон, си викам, да го склопам, и онака неам попаметна работа, ама другиот дел од подсвеста вика, ај заеби, тато ке среди тоа. И доброо, отидов, се шлапнав на компјутер, пројде некое време, се прибра татко ми дома, почна да го става вентилаторот, му падна штрафцигер, удирајки во телефонот на мајка ми, го искрши стаклото од масичката, телефонот во дефект.

Е сега, мене во мисла, да го наместев јас, ова немаше да се случи, бев мрза, мрзата ме кошташе телефон и стакло.
Никој не знае за ова, дека на пример сум имал намера, такада татко ми ке си ја земе кривицата.

Направив погрешна одлука, не сум крив за телефонот и масичката, крив сум за тоа што не одлучив да го спречам тоа, иако незнаев дека ке се случи, можев да се најдам во работа.

Ме интересира, колку често се наоѓате вие во вакви ситуации, колку често одбирате погрешен избор, и колку често уствари сфаќате дека сте го избрале погрешното, и што тогаш?

Дали на пример би кажале некому дека делумно и вие сте криви за некоја последица, ради лоша одлука?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Се случило милион пати да донесам погрешна одлука и да се каам поради тоа. Но, тоа е што е, едноставно не може секогаш да донесуваме совршени одлуки, луѓе сме на крај краева, сите правиме грешки, донесуваме погрешни одлуки. Не може секогаш да оди како подмачкано. Некои луѓе учат и знаат како да се поправат или барем како да ги намалат грешките или последиците од своите грешни одлуки, некои не знаат. Јас припаѓам во овие вториве. :toe:
Грешните одлуки како и се останато, се само дел од животот и не треба да ги сфаќаме како нешто трагично. Едноставно дел од животот кој е неизбежен.
И се разбира дека би признала доколку последицата е заради моја лоша одлука. Многу подобро и побрзо би се решиле последиците или би се намалиле нивните ефекти доколку признаеме дека самите сме виновни.
 
Се согласувам, мислам и дека треба карактерно да работиме на тие грешки да не се повторуваат, пошто некогаш ке бидат големи, па ке не отепа грижа на совест. :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Се согласувам, мислам и дека треба карактерно да работиме на тие грешки да не се повторуваат, пошто некогаш ке бидат големи, па ке не отепа грижа на совест. :)
Нормално, фала Богу дека треба да се трудиме да не ги повторуваме, но едноставно луѓе сме, не можеме секогаш да предвидиме дали одлуката ќе има добри или лоши последици. Најчесто во моментот мислиме дека ја правиме добрата одлука и дека тоа што го правиме е правилно. Е сега отпосле кога ќе увидиме дека сме ја утнале работата, не можеме ништо да промениме, освен да го прифатиме тоа посмирено и да пробаме колку што можеме повеќе да ја исправиме грешката.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Нормално, фала Богу дека треба да се трудиме да не ги повторуваме, но едноставно луѓе сме, не можеме секогаш да предвидиме дали одлуката ќе има добри или лоши последици. Најчесто во моментот мислиме дека ја правиме добрата одлука и дека тоа што го правиме е правилно. Е сега отпосле кога ќе увидиме дека сме ја утнале работата, не можеме ништо да промениме, освен да го прифатиме тоа посмирено и да пробаме колку што можеме повеќе да ја исправиме грешката.
Точно. Само треба на пример ко мене, да не донесуваме погрешни одлуки, поради тапа ствари, како мрза, љубомора, етц етц :). Така се прават најголемите грешки. Некогаш можат да коштаат многу, дали материјално или нематеријално. :)
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.731
Поени од реакции
34.308
Во никој сличај не си делумно крив. Превземање превентивни мерки може да се манифестирааат во позитивна или пак негативна смисла. Се' e релативно. Just let it be. :eek:dnoviteemot:
Не ги ставај во прашање твоите досегашни одлуки. Може да влијаат врз твојата идна самодоверба.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Во никој сличај не си делумно крив. Превземање превентивни мерки може да се манифестирааат во позитивна или пак негативна смисла. Се' e релативно. Just let it be. :eek:dnoviteemot:
Не ги ставај во прашање твоите досегашни одлуки. Може да влијаат врз твојата идна самодоверба.
Не напротив обратно, делумно сум крив, пошто сум мрза, многу пати од шо ме мрзело сум зезнал работа. Можда не сум крив за телефонот на мајка ми, крив сум зашо сум го мачел татко ми за нешто што сум можел да го направам, ама ме мрзело, занемарувајки го фактот дека човекот се враќа од работа уморен. Да влијае на мојата самодоверба нема, пошо имам побааги од истата. :) Ама ке влијае на моето идно работење на мојот карактер.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.731
Поени од реакции
34.308
Не напротив обратно, делумно сум крив, пошто сум мрза, многу пати од шо ме мрзело сум зезнал работа. Можда не сум крив за телефонот на мајка ми, крив сум зашо сум го мачел татко ми за нешто што сум можел да го направам, ама ме мрзело, занемарувајки го фактот дека човекот се враќа од работа уморен. Да влијае на мојата самодоверба нема, пошо имам побааги од истата. :) Ама ке влијае на моето идно работење на мојот карактер.
Ха! Да погледнеме од друга страна.. (не дека е можно) пример, лошо го склопиш избива краток спој, топи цела инсталација сосе стан/куќа.. тогаш си делумно виновен. :)
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Ха! Да погледнеме од друга страна.. (не дека е можно) пример, лошо го склопиш избива краток спој, топи цела инсталација сосе стан/куќа.. тогаш си делумно виновен. :)
Тогаш сум комплетно виновен, и сум дигнат на клоци од татко ми. :)
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
217
Поени од реакции
8
Ха! Да погледнеме од друга страна.. (не дека е можно) пример, лошо го склопиш избива краток спој, топи цела инсталација сосе стан/куќа.. тогаш си делумно виновен. :)
Човек не свакај баш така.... ти не си крив едноставно тоа така требало да биде може и ти ако си фател да го правиш вентилаторот истото ке се десело ти не можеш да кажеш што ке се случело ако си завршел работа(освен ако не си гледач :pos2:)....а поарно масата и телефон а не цела кука како што кажа вот.
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Ха! Да погледнеме од друга страна.. (не дека е можно) пример, лошо го склопиш избива краток спој, топи цела инсталација сосе стан/куќа.. тогаш си делумно виновен. :)
Навистина.Иако на почетокот не изгледа така,сепак најчесто таа одлука што си ја донел можно е да биде и најдобрата одлука,а не погрешна.
Постои причина зошто си решил да не го поправиш ти вентилаторот и најверојатно така било најдобро.Сепак сте поминале со помала штета.
Според мене луѓето во моментот кога одлучуваат неможат да донесат погрешна одлука.Имаат избор помеѓу две одлуки и избираат според сопствените уверувања и искуства,а како ќе се одвиваат понатаму настаните е сосема друга работа.
Многу нешта можат да влијаат на одлуката.Нешта кои зависат,но и нешта кои не зависат од нас.Што значи неможеме да донесуваме погрешни одлуки,туку одлуки кои понатаму ќе влијаат позитивно или негативно на нас или на околината.
Едноставно е:ако веќе знаеш дека донесуваш ПОГРЕШНА одлука,нема ни да ја донесеш токму затоа што е погрешна.
 
Постоеше причина, мрза, ме мрзеше едноставно. Тоа е грешката. Многу нормално дека јас неможам да ја предвидам иднината, само за некои постапки кога е очигледно дека треба да се направат, ние се откажуваме ради банални причини.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Постоеше причина, мрза, ме мрзеше едноставно. Тоа е грешката. Многу нормално дека јас неможам да ја предвидам иднината, само за некои постапки кога е очигледно дека треба да се направат, ние се откажуваме ради банални причини.
Фората е, што ти откога ја знаеш иднината - тогаш знаеш дека одлуката е погрешна...рајт?

И да видиме, обратното да се случело, односно да си пробал ти сам, па да го сјебеш вентилаторот - ќе си викаш "еи, абе како не оставив на татко ми, се заебав, погрешна одлука".
Гледаш колку се релативни работите?

Да, од дистанца можеби донесуваме погрешни одлуки. Ама затоа да те вратат на истото место, со истите мисли, без предзнаење за иднината - ти пак, и пак, и пак ќе ја донесеш истата одлука.
Затоа што во моментот, таа одлука не е ни правилна, а ни погрешна.

Пробајте со филмот Butterfly Effect, да сфатите колку наједноставните решенија и навидум правилни одлуки, можат да донесат толку негативни последици.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не постои такво нешто како погрешна одлука. Постои само одредена одлука во моментот која ни изгледа најсоодветна, или едноставно препуштање на бранот на животот, “како дое...“

Порано сакав една девојка, ама не можев да дојдам никако до неа бидејќи дечко и ми рекоа дека секогаш носи пиштол. Се лупав у гради дека за нејзе и би погинал, па замисли да решев стварно да ја барам и да завршам у капела? Сега викам, немаше да ме убие, умешен сум, никад немаше ни да ме фати, погрешна одлука донесов, сега ќе бев среќен со неа, но кој знае, шо ако ме фатеше, или ако девојката искочеше некој мазохист па да искочи дупла беља.

Или обратен пример. Еднаш презедов одговорност и организирав цел настан - сам. Се искочи перфектно иако претходно викав шо ќе се малтретирам, ќе се заебам, нема да успеам... искочи дека ако не го сторев тоа, сега немаше да можам да ти раскажам тука за погрешните и правилните одлуки. :toe:

Секоја одлука е погрешна, бидејќи секогаш ќе те чеша како би било ако одбереше поинаку.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Eдна одлука не може да знаеш дали е точна или погрешна се додека не ја направиш.
Во случајот ти си решил да дремеш пред компјутер, може и така требало да биде. Може ако ти си го поправил вентилаторот последиците ќе биле полоши, а може и подобри. Никогаш не може да знаеш се.
Секојдневно се наоѓаме пред илјадници одлуки од оние најмали за ситници до оние кои се многу значајни. Додека не се превземе некакво дејство нема да знаеме дали е точна или погрешна. Целиот живот нас ни е составен од точни и погрешни одлуки. Од погрешните одлуки учиме, но можеби ете следен пат нешто се расипе фрижидер ете и ти ќе си речеш ете сеа е моментот јас да го поправам и да си ја поправам грешката со вентилаторот. Но тоа веќе поминало, ова е нова одлука може сеа да зезнеш уште повеќе.
Ако не постоеја погрешните одлуки животот ќе беше монотон. Вака учиме од нив, иако никогаш нема да научиме сепак како се донесува точна одлука, рецепт не постои. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom