Ситуацијата на Македонија е поволна, во некој сегменти. Да, кого и да прашаш во Македонија, САД или Русија би ти рекол Русија, исто како и во Црна Гора на пример. Но проблемот на Македонија се баш Албанциве. Конфликтот во 2001 година беше изрежиран со 1 цел : Пазете што правете, и Македонците и Албанците. Албанците да бидеме реални се нација која уште од време на Ахмет Зогу (ако не се лажам првиот крал на Албанија помеѓу двете светски војни, кога и дефакто Албанија настанала) рекол, парафразирам : Албанците секогаш мора да бидат со појакиот, да го добијат тоа што го сакаат, спремни да гинат за нив. Па така уште од тоа време они се увлечуваат и на Русите и на Американците, сега модерно на Американциве. Е сега кога Америка им го даде тоа што го сакаа, Косово (Али да не се лажеме и Америка доби многу од тоа) Американците се уплашија од можно менување на колосекот на Албанците надвор од Албанија, па го изрежираа конфликтот во 2001та година. Тоа беше конфликт во кој они им рекоја на Албанците : Еј, пазете што правите, Македонците се моќни (Па ни дозволија Су-25 кој подоцна им ги забранија на Украинците да ги продаваат затоа што тогаш ќе им пропаднеше целта на конфликтот) а на Македонците : Пазете, и Албанците се моќни, ги наоружаја и герилски напаѓаа. Така да, Македонија не смее многу да иде со Русија, али ако сакаме со Русија не треба да идеме ни со НАТО ни со ЕУ, па така оваа ситуација барем во овие времиња е една од подобрите солуции. Според мене, Македонија мора да балансира, се додека геополитиката и колосекот на Балкан не се смени, а кога ќе се смени, јасно треба да кажеме на која страна ќе се одлучиме. Малите држави никогаш не можат да водат своја политика.