Интересна тема ...
Лично имам искуство во повикувањето духови и не е баш пријатно .
Пред 3 години студирав во Битола , и една вечер со цимерите ни беше досадно и решивме да викаме духови

. Ги викавме со конец над букви и бројки ( поставени во круг ) , и требаше трипати да го изговориме името на починатиот , се решивме да го повикаме еден стар цовек од моето маало ( не мора име ) . И почнавме ...
Трипати : “Го повикувам духот на .......тој и тој , го повикувам духот не ... „ , после третиот пат , се слуци нешто чудно . Веднаш откако го изговоривме неговото име по трет пат , паднаат ролетните на прозорецот ... Сите се испосравме :nesvest: ... откако се смиривме , продолзивме да го прашуваме духот . Прво го прашавме , дали е присутен во собата , одговорот беше : ДА !!. Конецот се намести на тие две букви . Следно што го прашавме беше ( е сега станува морничаво ) , кога е роден ... Одговорот го знаев само јас и еден другар , НИКОЈ друг !! Конецот се намести на 1936 год. , годината кога е роден !! Ова го знам бидејќи , не само што ми беше прв комшија , туку заедно со дедо ми беа најдобри другари . Чудно е тоа што , конецот не го држев јас , ниту другарот кој ја знаеше годината на неговото раѓање , туку трета личност која ни не беше од Штип , беше од Битола !!
После 15-сетина минути почнавме да слушаме тропање во кујничката , а таму не беше никој , сите бевме собрани околу масата . Падна чинија од лабавото на земјата и се скрши .. не знам да ви опишам како изгледавме , сите бевме бледи ( на едно девојче му се сложи , му се заврте во главата ) , стаписани и уплашени .Си рековме доста беше , заебете ова , чудни работи почнаа да се случуваат . Мегутоа некои од нас сакаа да продожат , меѓу кои и јас , сите бевме скетпици , иако бевме преплашени . Откако се соземавме , продолживме ( преплашените отидоа во другата соба ) .
Продолживме со прашањата , кога падна уште една чинија !! Е тука беше крајот !! И ние скептиците , не сакавме да продолжиме повеќе , се преплашивме . Од таа сета збрка , заборавивме да му наредиме на духот да си оди . Следното што се случи му го промени животот на еден од цимерите .
Легнавме , заспавме , кога во сред ноќ , почнавме да слушаме викање , дерење , како некој да го колат ( убиваат ) . Рипнавме сите од креветите , и го гледаме цимерот , како лежи и се дере !! Почнавме да го будиме , али како да беше во транс , не реагираше !! Го тресевме , му удривме два шамара

, му фрливме вода , но не се будеше , после 5-6 минути сам се разбуди , целиот блед ( самиот изгледаше на дух ) , се тресеше ( не оти беше ладно , мај месец ) , и се беше измокрил во гаќите :nesvest: . Откако се смири малце , ни рече : Веднаш да го истерате духот , да го отповикаме . Тоа и го сторивме . Трипати се вели : Духот на ..тој и тој .. да се врати .
После ова , цимерот се смири и ни објасни: сонувал дека некој старец го гони , а тој бил немоќен ( цимерот е крупен , 196 цм , 90 кг ) , и тој не му можел ништо на старецот , освен да бега од него . Но стариот бил брз го стигнал , и почнал да го дави и му викал : “Ме заборавивте овде !! Вратете ме „.Во тој момент и се буди од сонот.
Детово пред ова не беше религиозно , ниту веруваше во натприродното , а сега е посветен на Христијанството , вели дека сонот му го сменил животот , собата му е полна со икони , носи 3 крста околу вратот ( ?! ) , и се моли секој ден , а оди на црква на преку 3 дена .
Лично , не знам каков став да земам , сеуште има доза несигурност во мене , за натприродното , мислам дека цимерот имаше само кошмар , духовите ни беа тема на ноќта , па оттаму и сонот. Зборевме со други деца кои исто така имаат повикувано духови , на овој начин и од она што го дознав е дека , во повеќето случаи , кога се повикуваат духови на овој начин , сегогаш по третото изговарање на името на покојниот ,
паѓаат ролетни од прозорецот ( доколку има ролетни во собата и доколку се кренати ) . Изгледата ролетните им се омилена играчка на неживите :nesvest: .
Ме интересира дали некој друг има доживеано ваков случај , бидејќи во 6 различни случаеви ( колку што јас знам ) , секогаш имало големи сличности , пр. паѓањето на ролетни .