Многу ги извртуваш зборовите. Какви се овие пишувања „неверување дека неверуваш“? Се читаш?
Ставот на
@Херман e дека нема богови нема нешто над човекот! Нешто што е дадено во куран, библија, Книга на Законот или било која света книга која расправа за духови, душа, богови и се останато!
За атеист нема богови, нема душа нема нешто што страда надвор од телото. Нема во што да се верува, не постои потреба ниту начин да се верува во нешто што за атеист не постои - апсурдно е. Не знам каде со тој мајнд сет сте запнале во однос на верувањето... мора да се верува па ако треба сите на крст ќе ги распнеме или ќе ги обезглавиме!!!
За атеист да се верува (во религиозна смисла) е бесцелно и основата е измислица, фантом.
Како што и рекоа претходно: верување во самовили ви е смешно или во боговите на Индија - но во Исус ви е ок и е историски факт, како што читам тука од верници.
Доста заморувате со атеист верува дека нема богови! Кај со тој проклет муабет? Намерно или толку е чекорот?
НЕ! За Атеист нема богови, не постојат... ниту алах ниту исус никој... сето тоа е измислица и никој не докажал дека е реалност бидејќи немаше да се има потреба од верување, ќе знаеја сите... ќе немаше ниту атеисти, ќе се знаеше дека има богови... бидејќи никој од вас верниците немате доказ освен книгите во кои пишува за тие нешта.
Не може да се повикувате на книга ако предмет на сомнеж дека нештата се лага се во таа книга, не може библијата да е доказ за самата библија... или куранот ...
Ќе мора друг начин ако сакате да нема атеисти.
Ама вас фалусот ве боли дали некој е атеист или христијанин или муслиман... немате ништо со тоа.