Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Прочитав, не еднаш, туку три пати.....но ништо не разбрав.
Ајде помош :)....ти се молиш ли на некој Бог?
Не разбра?:misticen:
Правам споредба, колку човек е заслепен од општеството и сите привилегии кој ги нуди со што друг начин на живот не познава.
И тоа го споредувам со лав во кафез..тоа не е лав туку бледа слика на лав.Така е и со човек во општеството.
Но, кога ќе му се одземе основата на која се темели системот ,како што е струјата луѓето ќе бидат затечени и неспремни.

Сето ова во малку шеговито прашање го срочив...иако ни на крај памет им е тоа сценарио.
На кој бог се молат луѓето за да не им снема струја?
Поентата е, општеството диктира што преставува човек.
А кога ќе го снема општеството?

Нема бог овде кај што сум.(местото "овде" е во духовна смисла)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.196
Поени од реакции
10.162
Поентата е, општеството диктира што преставува човек.
А кога ќе го снема општеството?
Кога ќе го снема ова модерно општество кое го знаеме, мислам дека ќе се потепаме, меѓусебно луѓево ќе се изедат.
Алф душо, многу го замараш тоа твое умно убаво мозоче со непотребни невозможни прикаски.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Не разбра?:misticen:
Правам споредба, колку човек е заслепен од општеството и сите привилегии кој ги нуди со што друг начин на живот не познава.
И тоа го споредувам со лав во кафез..тоа не е лав туку бледа слика на лав.Така е и со човек во општеството.
Но, кога ќе му се одземе основата на која се темели системот ,како што е струјата луѓето ќе бидат затечени и неспремни.

Сето ова во малку шеговито прашање го срочив...иако ни на крај памет им е тоа сценарио.
На кој бог се молат луѓето за да не им снема струја?
Поентата е, општеството диктира што преставува човек.
А кога ќе го снема општеството?

Нема бог овде кај што сум.(местото "овде" е во духовна смисла)
И ти ко мене анархист? :)

Еднаш кај мене у населба снемува струја у 8 - 9 вечерта, ја у кола, црно мрак буквално само фарови од коли светат, прво врескање ништо не гледаат а ние што чекавме на семафор се отепавме од свирење, се направи огромна гужва, едвај се разминавме.

Од тогаш престанав да го зборам анархизмот и како тоа семафори не ни требаат кога имаме едноставно правило на десна рака.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Атеисти постојат само заради бедноста и баналноста на постоечки религии кои што повеќе потикнуваат сомнеж и омраза, отколку одговор на било кое прашање што го засега човекот (духовно или материјално).
Премногу филозофирање на темава и не е потребно :)
Ама сум влетал во темава „клизачи“ :LOL:

Ова се тие повеќе причини за да човек биде атеист?

1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои.

2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е.

3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави.

4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле...

5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран.

6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество.

7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала.

8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен.

9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог)

10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник.

11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Библијата е наука а е напишана од бог...
Во што библијата греши???
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Абе дај објаснете ми, по која логика треба да си атеист кога докази нема за ништо. Нели е разумно да се агностици?

Библијата е наука а е напишана од бог...
Во што библијата греши???
Ти Николчо беше ли тамо, виде ли го господ како ја пишува?
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Хахаха бој ја дадол за луѓето да живеат по неа...како кога купуваш мобилен имаш прирачник како се раководи со него
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Хахаха бој ја дадол за луѓето да живеат по неа...како кога купуваш мобилен имаш прирачник како се раководи со него
Мене ме интересира од дека ти се информациите, кој го видел господ како го дава прирачнико? И ко ќе купеш бе Николчо нов мобилен много јасно пишува дека шо да притиснеш. Ние тука уште се расправаме шо сакал господ да каже со Адам и Ева, зашо прво Адам па Ева, зашо баш од реброто не од маленкио прст и за ногу други работи.
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Поентата за здрав убав и богат живот лежи во библијата....ти што сакаш да се бавиш што би било ако би било то е твој проблем...не ти менува ништо
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Поентата за здрав убав и богат живот лежи во библијата....ти што сакаш да се бавиш што би било ако би било то е твој проблем...не ти менува ништо
Тоа со шо јас се бавам е и твој проблем Николчо, нели ние со демоните гледаме на далечина, тебе ти мену многу.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Реално една причина постои човек да е било што без разлика преку која призма се споредува што е човекот - а тоа е Слободата! :coffee:
И небитно е што мисли другиот кога човекот е она што сам ќе изгради од и за себе си, според своето разбирање, знаење и искуство.

„Човекот има право да живее по својот сопствен закон

да живее на начин како му е по волја:
да работи по својата волја;
да се забавува по својата волја;
да се одмара како му е волја;
да умре кога и како му е волја.“
- Liber Oz, Правата на Човекот, 1941 e.v.

Сето ова погоре го опфаќа она што го проповедаат старите религии и нивните „коментари“ зошто е ова или она погрешно кога се работи за човекот што живее по сопствен закон :)
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.060
Поени од реакции
9.452

Ние сме колективни суштества, и живееме во заедници и на физички и на ментален план преку колективната потсвест. Кога некој познат ќе умре на пример и сите околу нас се во тага ние ја осеќаме таа тага како наша.
Прашањето ми е, како ќе живееш по твоја волја кога сме врзани сите заедно. И дали индивидуализацијата значи одделување од колективот, а со тоа и ослободување на некој начин. И дали е тоа начинот до доаѓање до можноста за живеење по сопственаа волја и ослободување од законите на кармата?
 
Во заедницата носеме маски, како и секој вистински бог - не може да ни се види лицето, ќе умрете во истиот миг. :)
Пред секој различно се однесуваме и зборуваме, бидејќи различно „вибрира“ мојот со нечиј друг универзум!

Имам коментар за ова со Правата на Човекот и слободата, може да видеш тука (предолго е за копирање) како се живее заедно но сепак водејќи се по сопствен закон, и со исполнување на сопствената цел... кој фалус колектив ако не можам да ја исполнам мојата цел на Земјата? Која и да е таа цел, тебе не треба да те засега ниту мене ме засега твојата цел во животот!

НЕ. Индивидуализацијата не значи одделување од колектив туку поединецот разбирајќи се себе си и зошто е тука - подобро го разбира колективот, и колективот во целина станува подобар. Колективот е од индивидуи и не може општи правила да важат за сите. Не може нешто фиктивно како колектив да носи правила... од каде доаѓаат тие правила општи што ќе ограничуваат? Од поединци... нели?

Не може на пример свети книги да диктираат колектив и правила на однесување и тоа да е поврзано со божественото. Глупо е и бесцелно! Нефункционално!
Но ако се дозволи (и не гледам забрана) секој да обожува што му е волја и тоа го прави најдобар во овој живот сега и тука - ќе има проблеми колективот?
Замисли христијаните и муслиманите да не си ги негираат религиите во самата срж... може да замислиш? Замисли христијански апологети без разлика на црква немаат негативен став кон било кое друго учење или верување, ритуал или обожување?
Хм? Не можеш да замислиш нели... е тоа е проблемот и многумина наоѓаат одбивност и се атеисти заради ограничувањата кои доаѓаат од верување и догми.

П.С.
НЕ знам кои се тие „закони на карма“ и не ни знам дека има такво нешто... може е некоја њу ејџ западна кованица. Просветли ме во соодветна тема за јога и источни учења или карма ако има тема :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom