Плодни денови

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
Океј, се најдовме во муабет на една друга тема за плодниве денови, па мислам дека треба посебна тема за "Плодните денови".
Кога се плодни денови уствари ?
 
Jas колку што учев...
имаше неколку стадиуми кај жената.. така да пост менструален, плоден, па пред менструален....
значи до 7,8 ден после менструација јајце клетката не е во можност да се оплоди(не кај сите жени, исклучоците се големи)... до 18/21 ден.. во овие денови јајце клетката е созреана и е спремна за оплодување.. потоа иди период на кој настанува изумурање на јајце клетката, па жолта течност.. сум заборајл како одеа точно стадиумите.. но најважно е да се знае дека спермата може да остане во женскиот организам и до 2 дена... така да овај начин е доста применлив но не секогаш точен, бидејќи не сите јајце клетки се исти, можно е да настане развиток на друга јајце клетка пред да изумрела старата, или самата јајце клетка да е во развиток.. а најчесто овај начин на сметајне не се препорачува кај оние што имаат нередовен циклус... .. а инаку најслесно е на колку дена ви иди менстуацијата... делите со 3 одземате -1 на првиот циклус додавате +1 на третиор. и добивате не толку точен резултат...

Во биологија за 3 година Гимназија има добро објаснето..
Најдобро е да дадат одговор 606 и Bacillus gagous...(struka mu e)
 
Ај вака како женско да пробам да дадам одговор, од се што сум читала до сега знам дека точно неможе да се утвди кои денови се плодни, а кои не се кај жената но најчесто плодни денови се отприлика 12 - 16 дена пред почетокот на новата менструација. Во овој период, периодот кога жената е плодна, вагиналниот секрет е пообилен од нормално и ја менува бојата. Секој ден од 6-от до 21-от ден од циклусот ( како прв ден од циклусот се рачуна 1-от ден од менструацијата) има 10% шанси жената да забремени.
Така да Да Биче точно кои денови се, а кои денови не се плодни неможеш никогаш да знаеш.

Ако ми се грешни информациите ги молам компетентните луѓе да ме исправат :icon_lol:
 
јас направив дете на 2 ден по завршувањето на менструацијата,така да сега појма немам кој се плодни,а кои не денови.А тогаш верував дека најплодни се од 12 до 16 ден по завршувањето на менструацијата,а неплодни 2 дена пред почетокот и два дена по завршувањето на менструацијата.
 
Секоја жена има различен организам затоа кај секоја жена различно се плодните денови :icon_lol: Наредниот пат може на последниот ден ке ти се фати :icon_lol: :icon_lol:
 
На секоја женка на која и е редовен циклусот, редовно и се спушта јајце клетката и редовни и се плодните денови, аман.

Гугл!

[едитирано од Д бич - со сета почит мачоре, ама немој со вакви коментари. Ја иритираш женската популација на форумов. Види го коментарот на Да бич подолу. Тие се потрудиле, побарале и одговориле на темава - а твојот пост ги [(подналути - речникот припази Д бич) Гарфилд] . Едитирав само поради жалењето на една модераторка.]
 
Абе уствари жената е секогаш плодна :icon_lol: ...може да затрудни и додека трае менструалниот циклус..... освен ако неплодна медицински докажано.... а чак и тогаш може да е плодна ама не и се фатило јајцето.... т.е. мајата не чинела.... а тие денови што вие ги спомнувате може да се наречат најплодни. :icon_lol:
 
А бе, Бацилко и 606. Јас можам само од гугл и што сум чул. Ненаучно, паушално.
 
Garfield напиша:
А бе, Бацилко и 606. Јас можам само од гугл и што сум чул. Ненаучно, паушално.
Ima некои работи кои треба и поискусен човек да ги објасни за да бидат сфатени. Пр. ние само жчитаме ваков секрет таков, жолта течност.. но суштината ја губиме, корените не ни се баш познати.. затоа Бацилус и 606 тука можжат итоа како подобро да помогнат..
Пр. ја појма неам шо е жолтата течност но знам дека е предзнак на менструација
 
Ај да не го повторувам сето тоа што сте го учеле во средно е во основа она главното и во принцип важи односно бројките таму се некои просеци али бидејќи секој организам е различен ,различно реагира на околината и се развива многу од единките покажуваат и огромни отстапки од правилата што ноормално моќе да е и во ред и да не е во ред али тоа го оставаме на медицината.
Чисто теоретски можно е во секој период постои моќност за зачнување , бидејќи комбинациите на периоди на сосдавање , исфрлање изумирање на јајцеклетките се многу .
Може единствено да се каже онака општо дека веројатноста да се оплоди јајце клетка и таа да се развие во ембрион најголема е во периодот од после преминувењето на јајцеклетката од овариумот во јајцепроводите па се до нејзино замрување.
Овој период секоја единка треба сама да си примети кога е бидејќи секој теба да си го познава својот организам и да знае да ги разликите што се случуваат во него. Јас само можам да ви кажам дека тоа кај женските особи и други можат да го приметат(во колку добро ги познаваат) бидејќи за плодноста најдобри индикатори се хормоните односно нивното дејство , обично кога женската особа во почетокот плодниот период малку поинаку се однесуваат некако се похрабри понасмеани по енергични, што е резилтат на естрогените хормони, додека кога јајцеклетката умира се активираат други хормони и се намалува количеството на естрогени и тогаш се приметува малку поголема повлеченост и не се така расположени како во плодниот период.
Ова јас го имам лично приметено кај некои другарки со кои почесто се дружам.
Значи плодниот период се приметува на активноста на хормоните.
Така да кајганаѓики најбитно е да си го спознаете вашето тело и организам и неговиот биоритам и кога како реагира , инаку секс без презерватив во помлку плоден период е со релативно голема веројатност да
заврши со оплодување на јајцеклетка но тоа пак и не значи дека оплодената јајцеклетка ќе биде во состојба да се развие во ембрион.
подетално кај вашиот Гинеколог кој терба редовно да се посетува за можни проблеми кои на прв поглед може да изгледаат многу или малку страшни
 
Site sme razlicni , zenskite hormoni se magija no 12 - 16 dena pred sledniot mensis se najcesto najplodni . A se iztaknuvat dva dena , prviot den vo preminuvanjeto na jajcekletkata i denot pred toa. Ova so redovno zapisuvanje na data prv den vo mens lesno se izracunva . I da pak ke naglasam site sme razlicni .
 
Vlad II Draculea напиша:
Пр. ја појма неам шо е жолтата течност но знам дека е предзнак на менструација
Таа течност има критично значење во процесот на забременување. Ја штити спермата и и овозможува да се движи. Овие цервикални течности драстично го менуваат и својот состав како се ближи времето за менструација. На почетокот на циклусот најверојатно нема ни да забележите дек апосоти таква течност. Подоцна таа станува полеплива и поконзистентна за да на крај добие скоро белузникава боја. Кога ќе се наближи овулацијата оваа течност станува по чиста што практично значи дека организмот ќе овулира. Како некој веќе кажа дека постојат разлики помеѓу единките сепак доколку не постои цервикална течност менструланиот циклус само што започнал. (неплоден период) Доколку е вагината сува (неплоден период), доколку е цервикалната течност леплива и со конзистенција како гума (сеуште неплоден период), доколку е вагината влажна, цервикалната течност кремаста или бела, (плоден период), лизгава, чиста бела боја (многу плоден ден)....

Bacillus gagous напиша:
Значи плодниот период се приметува на активноста на хормоните. Така да кајганаѓики најбитно е да си го спознаете вашето тело и организам и неговиот биоритам и кога како реагира , инаку секс без презерватив во помлку плоден период е со релативно голема веројатност да заврши со оплодување на јајцеклетка но тоа пак и не значи дека оплодената јајцеклетка ќе биде во состојба да се развие во ембрион. Подетално кај вашиот Гинеколог кој терба редовно да се посетува за можни проблеми кои на прв поглед може да изгледаат многу или малку страшни

Ова што го напишал горе B.gagous е многу битно. Особено ова болдираното. За информација во Македонија околу 40% од женската популација помеѓу 18-25 години има благи до средно сериози хормонални пореметувања. Така например доколку само пролактинот е покачен (како поедноставно и почесто пореметување) над 40 тешко дека ќе дојде до бременост. Терапијата е едноставна и ефтина но некои се доволно тврдоглави да пробуваат и по 6 месеци а да не го проверат хормоналниот статус.

П.С: Тоа со деновите е точно но е варијабилно бидејќи терминот плоден ден се врзува за денот како физичка константа а станува всушност збор за период кој може да биде дел од денот или да се протега помеѓу два или повеќе денови. Зависи од многу еко-физиолошки услови. Така да ова горе што ви го напишав би било најидеална можност за определување на плоднен период.
 
Календарски метод

Календарскиот метод преставува предвидување на настапот на овулација. Кај девојки со менструален циклус кој трае 28 дена овулацијата настанува околу четиринаесетиот ден. Ова значи дека 3-4 дена пред и 2-3 дена после овој ден не се препорачливи сексуални односи поради можноста од забременување.
Шематски тоа би изгледало вака:
  • 1-2-3………. хххх 14ххх…………...…26-27-8, при што деновите означени со х се ризични.
 
ThA-BiTcH напиша:
Шематски тоа би изгледало вака:
1-2-3………. хххх 14ххх…………...…26-27-8, при што деновите означени со х се ризични.
ж
Читај го тој над тебе, со чколија е :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom