Дајте некое сличе од иновациите... за таквите како мене шо неможат да дојдат до таму
Разбрав пак имало некој мотор? Истиот е од лани или нешто ново е во прашање?
Dzish, конечно на работа, закачив неколку фотографии на нет, сега ќе ги постирам.
Голема заинтересираност имаше за метанот (земјен гас или КЗГ), како гориво, и метанските уреди. Меѓутоа, повеќето посетители се разочараа поради цената која ја најавуваат за килограм метан (60 ден), тежината на метанскиот резервоар, и радиусот на движење со еден резервоар. На технома 2011 имавме изложено Mercedes 200 compressor со вграден метански уред.
Имавме изложено два мотоцикли, едниот е од минатата технома (Kawasaki Z 750), другиот е Suzuki B King 1340 куб. Во сузукито го вградивме новиот уред ,,Landi renzo evolution”, новитет кај овој уред е што нема потреба од одржување на одредени интервали (промена на филтери и слично) после неговото вградување во возило.
Кога веќе збориме за мотори и возила, на штандот на Окта имаше интересна Алфа (мислам 156 беше), и некое сузуки илјадарка (не го заприметив моделот). (и две симпатични хостеси )
--- надополнето: Oct 24, 2011 11:10 AM ---