Плински уреди

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
па токму тоа и правел бе друже. прочитај уште еднаш дека на кола со бензински мотор, турил дизел мотор и зато аправел атест
Е така е кога читаш брзо
 
P

Princ

Гостин
Дечки, смеам да ја полнам боцата до крај (доколку е тоа теоретски можно нормално) или да се држам стриктно до 80% полнење?​
Знам од плимонт ми кажаа дека боцата ми е од 33 литри (мислам) ама може да се полни реално до некои 27 литри. Арно ама, кога ја полнев пред 1 недела ми ја наполнија 33 литри точно (уште ја чувам фискалната, јас мислев нема да може да се полни повеќе од 27).​
Значи молам некој да објасни подобро оти све ми е измешано :/​
 
Sipy

Dr.Sheldon Cooper
Член од
9 јануари 2011
Мислења
170
Поени од реакции
31
Прашање до Плимонт:
Дали може и колку пари кошта да се стави плин на Мерцедес ЦЛК 200 Компресор(192 коња)(модел-W208) ? и колку ќе изгубам од снагата на колата?
Фала
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Дечки, смеам да ја полнам боцата до крај (доколку е тоа теоретски можно нормално) или да се држам стриктно до 80% полнење?​
Знам од плимонт ми кажаа дека боцата ми е од 33 литри (мислам) ама може да се полни реално до некои 27 литри. Арно ама, кога ја полнев пред 1 недела ми ја наполнија 33 литри точно (уште ја чувам фискалната, јас мислев нема да може да се полни повеќе од 27).​
Значи молам некој да објасни подобро оти све ми е измешано​

Aко ти е боцата 55 литри и ако нема пловак таа ќе собере 55 литри,а ако има пловак тогаш боцата се полни 80% или 44 литри.Ова е корисно за во лето пошто плинот е под притисок,а на жешко се зголемува притисокот у боцата.Иначе не практикувам полн резервар со плин,а бензин да има доволно за да не може да се повлече со црево.​

--- надополнето: Oct 4, 2011 10:25 PM ---
Не, фул инџекшн е возилото (колку што се разбирам во возила... знам само дека немам карбуратор) така да објаснувањето на nikola_bb ми има повеќе смисла :)
Може да се и венттилите пошто за плин се штелуваат да бидат по лабави
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Дечки, смеам да ја полнам боцата до крај (доколку е тоа теоретски можно нормално) или да се држам стриктно до 80% полнење?​
Знам од плимонт ми кажаа дека боцата ми е од 33 литри (мислам) ама може да се полни реално до некои 27 литри. Арно ама, кога ја полнев пред 1 недела ми ја наполнија 33 литри точно (уште ја чувам фискалната, јас мислев нема да може да се полни повеќе од 27).​
Значи молам некој да објасни подобро оти све ми е измешано :/​
Здраво
Не се работи за ништо невообичаено. Кај боците од типот кој е поставен во твојата Астра забележано е дека најчесто максималното полнење е до 27 литри, и таа бројка ја кажуваме на клиентот како литража која сигурно ја има на располагање. Меѓутоа, доколку се става плин на пумпа со посилен притисок, боцата ќе собере плин и до нејзината номинално дефинирана литража, што кај оваа боца е 33 литри.
Слободно полни ја боцата до крај, нема никави технички или сигурносни проблеми, затоа што на боцата е поставен мултивентил, кој меѓудругото спречува преоптеретување на боцата во било какви околности
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Прашање до Плимонт:
Дали може и колку пари кошта да се стави плин на Мерцедес ЦЛК 200 Компресор(192 коња)(модел-W208) ? и колку ќе изгубам од снагата на колата?
Фала
Вградување на плински уред во CLK 200 Compressor чини 640 евра, за уред Ланди Макс со цилиндрична боца, односно 670 евра за уред со торусна боца која се поставува на место на резервно тркало. Губењето на сила кај секвенционалните уреди е минимално, според фабричките податоци околу 2%.
Неколку фотографии од C 200 Compressor со вграден плински уред

Член од
25 јануари 2006
Мислења
76
Поени од реакции
4
Do Plimont, imam fiat brava 1.2 16ventili 82 ks od 1999 god. Mi kazaa deka trebalo da stavam od toa poskapiot plinski ured koj odgovaral za ovaa kola posto e poinakva od drugite(plasticna grana i.t.n.) i deka kolku trosi benzin(10 l/100 gradska) tolku ce trosela i plin. De ako moze da mi kazete celosna cena zaedno so rezervoar sto se stava na mestoto na rezervnoto trkalo, i da se stava plin od tamu kade sto stavam i benzin t.e. da e kako na slikava so mercedesot, da ne e tamu nekade pod bagaznikot
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
До ordanco
За Вашата Брава со 1,2 16V мотор предвидено е поставување на секвенционален плински уред. Цената на Ланди Макс уредот, во комбинација со торусна боца која се става на место на резервно тркало изнесува 570 евра.
Потрошувачката на плин ќе биде 10% поголема од потрошувачката за бензин, информацијата која сте ја слушнале е претерување, сите секвенционални системи имаат 10% поголема потрошувачка, доколку некој се обиде да наштелува пониска потрошувачка на плин ќе предизвика прегревање на главата на моторот.
Доколку е можно да се постави полначка кај капаче за бензин се доплаќа 10 евра , но мора да напоменам дека оваа опција кај некои возила не може да се изведе
Неколку фотографии од Браво со вграден плински уред:

P

Princ

Гостин
После 20 дена откако го поставија плинскиот уред во мојата Опел Астра 1.4 од 1995 година (автоматик), 500+ изминати километри во градска вожња, 2 потрошени резервоари (33 литри + 30 литри) мислам дека имам право да си искажам мислење и искуство :)

Позитивни страни:
- професионалноста на Плимонт која ја спомнав на некој претходен пост немам да ја повторувам. Дечките стварно беа професионалци и услужливи. Нема промашај во тоа поле
- трошокот по џеб ми е намален. Пример, 500км на бензин ќе направев со околу 55 литри бензин кој ќе ме чинеше околу 4235 денари (ако сметаме по 77 денари/литар, иако до пред 1 недела беше 80 денари/литар) а направив 505км со 63 литри плин кој чини 42/43 денари. Значи трошок на плин 2700 денари (по 43 денари/литар сметав, иако еднаш полнев 33 литри по 42, вториот пат по 43). Значи 1500 денари заштедени за 20 дена, што е одлично кога ќе земеш во предвид дека се отепав возејќи без да му ја мислам многу за трошокот.
Инаку водам редовна евиденција на мобилниот телефон и за времето кога ја возев на бензин, и за сега на плин. Значи секогаш кога полнам имам програма на мобилниот во кој внесувам некои вредности па он памти и води евиденција, просек, итн.

Негативни страни:
- обртометрот работи на повисока вредност, односно ми се чини ко повеќе да се мачи возилото пред да смени брзина. Ако на бензин никогаш не ја имав видено стрелката на 2000 вртежи или погоре при нормално градско возење, на плин скоро никогаш не можам да ја видам на под 2000 вртежи.
Се научив да не ја присилувам колата и да не ја качувам никогаш стрелката на 2000+, сега на едно тргнување веќе е на 2000 и нагоре. Додуша, само штом ќе ја запалам колата ако пред да се постави плинот стоеше стабило обртометрот под 1000 (900 да речеме), сега стои фиксиран на 1000+.
- возилото има загубено моќ дефинитивно. Не знам тоа колку се чувствува на рачен менувач, ама на аутоматик ептен се осеќа дека чекаш да смени автоматски брзина. Е сега, некогаш ептен треба да запнеш за да смени, да го качиш обртометрот на 2200-2500 вртежи, нешто што на бензин го правеше на 1700-1800.
- троши околу 2 литри повеќе плин во споредба со потрошувачката на бензин. Поточно:
на првото полнење од 33 литри, направив 280 километри. Значи 11.79 литри/100км
на второто полнење од 30 литри, направив 225 километри, значи 13.33 литри/100км
Максимум што ми има потрошено на бензин според евиденција од 05 Јули е 11.15 литри на 100км градска вожња, најчесто околу 10.5.

За првата и третата негативна особина планирам да ја однесам во Плимонт да ја проверат, дали ова е нормално или што е работава. Ама тоа кога ќе направам 1000км, на редовниот преглед :)
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Princ, потрошувачката на гориво, е неприфатлива, не ми се допаѓаат ниту вртежите на кои возилото менува брзини, ќе те замолам да се јавиш на 02/2554666, со Звонко сме на саем до сабота, (технома), меѓутоа јавено е во сервис (те претставив , како princ :) ) за проблемите со твоето возило, да поминеш до таму за да се отстранат недостатоците.
Поздрав
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
со Звонко сме на саем до сабота, (технома)
Дајте некое сличе од иновациите... за таквите како мене шо неможат да дојдат до таму :)

Разбрав пак имало некој мотор? Истиот е од лани или нешто ново е во прашање?
 
P

Princ

Гостин
Princ, потрошувачката на гориво, е неприфатлива, не ми се допаѓаат ниту вртежите на кои возилото менува брзини, ќе те замолам да се јавиш на 02/2554666, со Звонко сме на саем до сабота, (технома), меѓутоа јавено е во сервис (те претставив , како princ :) ) за проблемите со твоето возило, да поминеш до таму за да се отстранат недостатоците.
Поздрав
Од денес да почнеа да работат 50% од фирмите како вас, со ваков однос и почит према денарот на муштеријата, јас се кладам во се што имам дека во рок од една година, земјава ќе станеше најбогатата во регионов.
Ја однесов инаку денес, вредниот мајстор ја повозе малку, подеси нешто и направи... ќе ја повозам некои десетина дена пред да се осмелам да искоментирам дали се средени проблемиве или не.
Во секој случај имате два палци горе за искрениот обид да ги отстраните проблемиве. Дали сте успеале во намерата, наскоро ќе известам :)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
До ordanco
За Вашата Брава со 1,2 16V мотор предвидено е поставување на секвенционален плински уред. Цената на Ланди Макс уредот, во комбинација со торусна боца која се става на место на резервно тркало изнесува 570 евра.
Потрошувачката на плин ќе биде 10% поголема од потрошувачката за бензин, информацијата која сте ја слушнале е претерување, сите секвенционални системи имаат 10% поголема потрошувачка, доколку некој се обиде да наштелува пониска потрошувачка на плин ќе предизвика прегревање на главата на моторот.

За да функционира моторот како што треба потрошувачката на плинн ке биде 20%поголема,а 20%силата ќе биде помала
Нa бензин моторот е 2.8i и 144kw додека на плин ќе биде 2.3i и 115 кw Потрошувачката на плин се штелува.Може и да наштелувваш мала потрошувачка,меѓутоа кубикажата си го бара своето.На мала потрошувачка на плин ќе осетиш промена на притискање на гаста:нема да влече како што треба,на вклучена клима,вклучен вентилатор за ладење на моторот и тн.А прегреваењто на главата на моторот може да биде само од не соодветно штелувани вентили.Ако сакаш да ја возиш комбинирано мора добар мајстор за глави па да ги наштелува вентилите соодветно.Самите плинари местат само плин и околу него,а другите работи околу моторот ги носат на механичар или имаат вработено таков?.
Колку кубика толку потрошувачка за добра работа на моторот.За споредба:мотор од 2.8 i троши 28 литри плин
СЕ ДРУГО Е ГОЛЕМА ЛАГА САМО ЗА ПРВИ ДА ТИ ГИ ЗЕМАТ ПАРИТЕ

Колку пари толку музика
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Чаршиски прикаски ќе било вака ќе било така. Губитокот на снага со секвентен уред е некој ситен процент 5-10% преку сила. Нема тука што да се штелува колку ќе троши на ваков уред затоа што од самиот бензински компјутер си отчитува вредности и му врбизгува онолку гориво на моторот колку што е потребно нема малку нема многу.
Со сиромашна смеса на плин ДРАСТИЧНО се зголемуваат температурите во моторот а со самото тоа може да дојде и до негово оштетување, но како што кажав кај секвентот смесата е секогаш како што треба(стехиометриска) затоа што плинскиот комјутер си ги добива сите податоци од бензинскиот.
 
Со сиромашна смеса се зголемува потрошувачката,а зголемената температура настанува од неправилно штелувани вентили и поголема топлотна вредност на плинот во однос на бензинот

Дали се исти октаните на плинот со безоловниот 95 или суперот 98 па компјутерот да ги добие истите податоци од бензинскиот.Нормално за да добие повеќе октани компјутерот ке бара поголема смеса,а тоа значи и поголема потрошувачка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom