sagaqua
Successful and Creative
- Член од
- 23 декември 2005
- Мислења
- 2.218
- Поени од реакции
- 31
Интересна приказна која е причина за оваа тема:
Едно детенце ја запрашало својата мајка
- Зошто плачиш?
- Затоа што сум жена - му одговорила мајката.
- Не разбирам - рекло детето.
Мајката само го гушнала и му рекла - Никогаш и нема да разбереш.
Покасно детето го прашало својот татко - Зошто ми се чини дека мама плаче без причина?
- Сите жени плачат без никаква причина - било единственото нешто што таткото знаел да одговори.
Детето порастело, станало возрасен човек кој сеуште се прашувал, зошто жените плачат. Не можејќи да го најде одговорот, се обратил на Бог:
- Боже, зошто жените толку лесно се расплакуваат?...и добил ваков одговор:
„ Кога ја правев жената, таа мораше да биде посебна.
И дадов раменици доволно силни , да може да ја носи цела тежина на овој свет, а сепак доволно нежни да може да пружи прегратка нежна и утешителна.
И дадов внатрешна сила толку многу,да може да поднесе породување.
И дадов цврстина да може да продолжи и тогаш кога сите се откажуваат, да може да се грижи за своето семејство во болести и несреќи без никаков приговор.
И дадов чувствителност да ги сака своите деца без оглед на СЕ, и тогаш кога тие најмногу ја повредуваат.
И дадов и сила, да може да го носи својот партнер низ неговите грешки, и ја направив од неговото ребро за да може да го штити неговото СРЦЕ.
И дадов МУДРОСТ, секогаш да знае дека добар маж никогаш не би ја повредил својата сакана, туку дека повремено ја тестира нејзината сила и решителност, постојано и засекогаш да остане покрај него.
И на крај...И ДАДОВ СОЛЗИ ДА СЕ ИСПЛАЧЕ „
Дали жените плачат без причина? Мажите поретко плачат тоа е факт! Но мое мислење е дека по чувствителните личности повеќе плачат без разлика на полот.Своите чувства ги изразуваат со солзи... радосници, среќа, задоволство, несреќа, тага, разочарување....
Кога плачете? Дали тоа е понекогаш без причина? Дали машките некогаш плачат?
П.С. Порано бев гооооолема плачка.... Иако понекогаш ми се чинеше дека плачам без причина, сепак кога ќе размислам....секогаш имаше некоја причина...или барем си наоѓав после исплакано море од солзи.
Сега веќе не сум