Платите во јавниот сектор ќе се зголемат за 20 проценти.

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Раст на пензиите и платите во администрацијата
Платите во јавниот сектор ќе се зголемат за 20 проценти.


Според владината мерка во декември оваа година ќе бидат зголемени за 5 отсо, наредната година уште 5 отсто, додека во 2014 година ќе се зголемат за уште 10 отсто.
Паралелно на тоа ќе растат и пензиите, за 5 отсто и двапати по 7,5 отсто во наредните години, а зголемена ќе биде и социјалната помош, најави премиерот Никола Груевски.
-Тоа се наши изборни ветувања кои и покрај европската криза се трудиме да не ги откажеме. Оставам мала резерва во текот на годината за тоа што ќе се случува во Европа, дали тоа ќе оди во лоша насока па ќе се рефлектира кај нас, па ќе мораме да одложиме или не. Затоа ние дадовме можност, а дефинитивната одлука ќе ја донесеме во втората половина на оваа година, потенцираше премиерот.
Прашан за проектите за самовработување и дали тие ќе влијаат врз намалување на сивата економија, тој одговори дека досега овие проекти даваат добри резултати.
- Голем број лица преку проектот на Владата за самовработување кој почна некаде пред 2-3 години успеаја да почнат бизнис со средствата што ги добија од Агенцијата за вработување, односно од Буџетот на Република Македонија кои беа четири илјади евра за оние коишто се поранешни стечајци и три илјади евра за оние коишто се невработени, и со здружување на четири или пет невработени може да се дојде до 15.000 евра за започнување на одреден бизнис-проект, истакна Груевски.
Најави дека овој владин проект ќе продолжи со цел да им се даде можност на многу луѓе кои имаат креативна енергија и на кои им е потребен почетен капитал, да започнат бизнис.
Тој очекува и продолжување на трендот на странски инвестиции, кои, како што вели, ќе имаат значително влијание во економијата.
- Погледнете само со „Џонсон Мети“ и со „Џонсон контрол“ што се случува и колку драстично е зголемен извозот на Македонија. Се разбира, зголемен е и увозот, но повеќе е зголемен извозот затоа што има додатна вредност која што отанува. Есента имавме еден инвестициски бран од нови фабрики. Синоќа одржавме средба на Комитетот за странски инвестиции и констатиравме дека практично во последните месец-два околу 10 нови компании ни имаат потврдено дека веќе имаат интерна одлука за инвестирање во Македонија, но се разбира, како што е деловната етика, нивните планови ќе бидат објавени тогаш кога тие ќе одлучат. Очекуваме некаде до средината на оваа година самите да го објават тоа и најчесто тоа го прават во моментите кога го потпишуваат договорот со Владата и неколку дена или недели подоцна почнуваат со градба на фабриката, рече Груевски.

Информира дека Комитетот за странски инвестиции разгледувал уште 50-100 други потенцијални компании кон кои Владата се обидува да пристапи, да комуницира и да им ги понуди добрите услови за правење бизнис во Македонија.
- Ќе продолжиме да работиме на сите нив, ќе продолжиме да работиме со сите наши капацитети во Владата и со нашите промотори во странство да обезбедиме што е можно повеќе инвеститори бидејќи секое отворање на нова фабрика е отворање на нови работни места. А секое отворање на нови работни места е решавање на многу семејни проблеми, на многу граѓани и семејства им се решава егзистенционалниот, но и на некој начин проблемот кој создава пошироки проблеми. Очекуваме овој летно-есенески бран на најави за изградба на фабрики да приврши некаде до крајот на ова лето бидејќи обично е потребно најмалку една година за изградба на таков објект, така што некаде од пролет тие ќе бараат нови вработувања, изјави Груевски.
Очекува тоа да доведе до раздвижување на пазарот на трудот и да се појават и нови инвеститори заинтересирани за Македонија.
- Се надеваме дека ќе ги има повеќе затоа што Македонија во меѓувреме не стои, независно што имаше светска економска криза, а сега има европска должничка криза, ние постојано работиме на дополнителни подобрувања на условите за правење бизнис и не случајно Светската банка секоја година не рангира меѓу првите земји во светот по модернизацијата и реформите што сме ги направиле во делот на правење добри услови за бизнис. Секако тој сигнал доаѓа до инвеститорите и тие доаѓаат и се интересираат. Мислам дека сите тие напори ќе дадат свои резултати и веќе даваат, изјави премиерот Никола Груевски.


Превземено од: http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/57913-Rast-na-penziite-i-platite-vo-administracijata
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Многу ефикасно работат, па уште да им се зголемат платите WTF?! Сите штедат пари, ние се расфрламе. Највеќе ќаруваат оние што седат дома и земаат плата по Рамковен Договор.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
А да ги исплатат прво заостанатите обврски на јавниот сектор?И обврските спрема приватниот сектор?Не се многу - 2/3 ташак од коњот во Скопје.
И тек после да зголемат плати - пропорционално со порастот на цените!
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Да корегираме, не се зголемуваат за 20 туку за 5 проценти, 20 во наредните 3 години, значи за другите 15 проценти во наредните години нека се отвори тема.

Во секој случај не е лош потег, макар што не е зголемување туку порамнување со зголемените цени 20-30% на се друго- струја, нафта, парно и сл.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
А вработените во загубрите како ЕМО и ОХИС можат да се сликаат... Тие се посвојчиња на државата... Море :mad:
Ах што нема некој Мијалков гипсар или бравар па да види што е навистина поскапување на сите давачки....
 
S

Sagan

Гостин
Овие плати и пензии ќе се покачуваат од парите на народот. За да се држи мирна и под контрола администрацијата.
Наместо истите да се употребат за нови работни места, па и некој од 300те илјади гладни да касне парче леб...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Земај од приватниот, расфрлај се на државниот сектор. Браво бе. Неписмени
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Убаво некој пиша, ова е само порамнување.

Сепак, каков ефект ќе има ова покачување врз буџетот? 5% за еден вработен е малку, но 5% на цела армија административци зголемени за одреден број нови вработувања?...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Браво за потегот на владата :icon_lol:.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Ефектот е само во јака пропаганда, дополнителен начин на собирање бодови и дополнителен раздор на вработените на приватен и јавен вработен односно револт во приватниот сектор..Во однос на висината е ветар со многу магла.
Ма што друго... и државниот и приватниот сектор воглавно се мизерија жива. Други држави овие плати ги нарекуваат милостина, социјално...ние се караме 350-380 евра била одлична плата, колку коли се возат и кој колку бензин троши. Бедаст народ.

У ствари прво нека дојде декември...до тогаш ќе се качи струја уште толку.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Другите 30% невработени корења нека јадат. Некој нека ниша врата и нека зема плата (по можност плавуша и добро да го работи под маса), а да и да гласа на избори и да иде по митинзи. Ама тоа не е битно, битно е дека држава со волку невработени секогаш ќе ја има најдобрата публика во секој спорт.(y)

Приклучи се и ти кон колективната еуфорија, владата ќе ти даде бесплатна карта за ЕП во ракомет, ама ако утре случајно недај боже ти затребаат 5000 евра за операција, а си социјален случај и немаш никаква можност да обезбедиш толкава сума на пари, немој да очекуваш ништо од Фонд за здравство, оди во црква и запали си свеќа за здравје.(y)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ако се зголемат платите на државните службеници и пензионерите, ќе се зголеми коповната моќ на огромен процент од населението, а со тоа ќе се зголеми побарувачката на производи и услуги. Ако се зголеми побарувачката, ќе се зголеми понудата односно нашето производството и во ова не гледам ништо лошо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom