Платите во јавниот сектор ќе се зголемат за 20 проценти.

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ќе има јака тепачка за работни места на државна јасла во пресрет на следните избори.
Во услови на нова криза колкав процент од приватните претпријатија ќе може да го следи ова покачување на платите во јавната администрација?
Ова е чист популизам за малку од малку да се неутрализира незадоволството од падот на стандардот поради покачувањето на цените.
Приватниот сектор наместо да се развива од ден на ден се става во се понеповолна положба. Тоа е перфектен пример како не се намалува невработеност.
Види го ти Јован почнал да размислува, браво браво :)

Освен Државен завод за статистика кој за три години ќе покаже повисок просек на просечна плата во Македонија никој друг нема да види аир од покачувањето. Се разбира се на грбот на реалниот сектор да ја нарани оваа аждерија.
 
Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Ова што го напиша, ти е во целосна спротивност со потписот, а и со аватарот. Почисти десничарски ставови одамна не сум прочитал. (y)
Зарем е битна идеологијата кога народот нема за леб???
И зарем е поголем срам за мене како комунист на форум да бранам десничарски ставови или е срам за владата која се преставува како технократска десница да воведува лоши СОЦИЈАЛИСТИЧКИ(не комунистички) мерки, а до вчера толку го плукаше тој т.н. комунизам!!!

И не мешајте Социјализам и Комунизам, тоа се 2 сосема различни поими!:):)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682

Не е битна. Ми се допаѓа што се повеќе се размислува десничарски, особено кај младите. Барем на форумов. Тоа ќе создаде критична маса за здраво јавно мислење. Само треба време, за жал.
 
Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Не е битна. Ми се допаѓа што се повеќе се размислува десничарски, особено кај младите. Барем на форумов. Тоа ќе создаде критична маса за здраво јавно мислење. Само треба време, за жал.
За се треба време:)
Иначе јас мислам дека моето мислење е крајно левучарско и хуманистичко!Зарем има поголем хуманистички поглед на светот од тоа да се бориш за сила и власт на народот, а не на некои олигархиски аристократи!!!
И уште нешто, десничарското мислење воопшто не е здраво и добро за една држава, меѓутоа тоа во друга тема и друга прилика да не идеме офтопик!:)
Поздрав:noze:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Како фино одвлекуваат внимание од проблемите на граѓаните и апаратот, па то е чудо едно. Уште почудо што многумина наседнуваат...со споменици, ветувања за тревата догодина...како брзо се заборавија топлификација, евн, провајдерите, пруги и патишта, навјисока струја на балканот, нефункционирањето на многу нешта, најмизер плати, ...влада само да посака вакви граѓани :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
влада само да посака вакви граѓани :D
Секаде може да се манипулира со граѓаните, дури и во државите со високоразвиено јавно мислење. Принцип је исти, све су остало нијансе. :)
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Види го ти, почнал да размислува, браво браво :)
Фала на компликација.
Да дае Господ што поскоро да си дочекаш на своја глава.:гик:
Не е битна. Ми се допаѓа што се повеќе се размислува десничарски, особено кај младите. Барем на форумов. Тоа ќе создаде критична маса за здраво јавно мислење. Само треба време, за жал.
Нештат понекогаш изгледаат такви какви што не се. Размислувањето десничарски не е карактеристично за граѓаните на Македонија (сеуште живеат со спомените за социјална сигурност "у времена друг Титa"), и не е резултат на разбирање на некаква десничарска идеологија, туку во најголем дел се работи за лична засегнатост (на пример погоре цитираната Линдра). Ако владата работи како десничарска биди левучар, ако презема левичарски мерки удри со десна. Важно да се критикува.
Недај Боже да се потпреш на такви.
 
Се согласувам дека сме далеку од десничарско размислување, а уште неколку светлосни години подалеку од десничарско делување на граѓаните. Ама добро е малку да се „удира“ со десна. Во последниве 20 години имавме само квази-десничарски мерки, кои одлично и дојдоа на левичарската матрица и создадоа антагонизам кон се што е десничарско (исмевање на амбициозност, онехрабрување на секаква иницијатива...). Ова левичарење на владата, може да предизвика да се изгуби тој антагонизам кон пазарното размислување, да се види дека реалниот сектор е најбитен. И тука мислам на младите под 25 години. Останатите се изгубени генерации, за жал.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Секаде може да се манипулира со граѓаните, дури и во државите со високоразвиено јавно мислење. Принцип је исти, све су остало нијансе. :)
Може но дали...со соодветен стандард, плати, услуги и функционалност на државниот апарат (од судство, безбедност, здравство...цел систем) не се бунат и да ги манипулираат. И јас не би се бунел ;) впрочем затоа и нашите бегаат "на запад".
За воља на вистината, веста поточно е
Владата останува на ветувањата за зголемување на платите и пензиите

Од каде ќе црпи за потребите на скоро дуплиот број администрација од пред 15-тина години наместо да веруваат е прашање кое треба да си го постават посебно економистите и познавачите на буџетот-приходи, расходи...затоа е глупо човек да верува во се. Се е само ветување, жуборење на медиумите и миење со влажна крпа до некоја следна патка.
Државите во другиот дел од Европа не остануваат само на ветувања и колапс на стандардот...тие работат за своите граѓани.
Па дури и со тие 5% стандардот е под секое човечко достоинство.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Фала на компликација.
Да дае Господ што поскоро да си дочекаш на своја глава.:гик:

Нештат понекогаш изгледаат такви какви што не се. Размислувањето десничарски не е карактеристично за граѓаните на Македонија (сеуште живеат со спомените за социјална сигурност "у времена друг Титa"), и не е резултат на разбирање на некаква десничарска идеологија, туку во најголем дел се работи за лична засегнатост (на пример погоре цитираната Линдра). Ако владата работи како десничарска биди левучар, ако презема левичарски мерки удри со десна. Важно да се критикува.
Недај Боже да се потпреш на такви.
Тоа лева десна сигурно до видот ќе да ти е, па насекаде ме гледаш, нели Јоване :)
Народот е вечна опозиција, кога ова целосно ќе го сфати младината тогаш ќе тргнеме напред.

Мене она што ме интересира е дали рамковно влегоа сите што досега ги испланираа или ќе има уште зголемување на нивниот број?
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863

Има уште, има не се секирај...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Државите во другиот дел од Европа не остануваат само на ветувања и колапс на стандардот...тие работат за своите граѓани.
Па дури и со тие 5% стандардот е под секое човечко достоинство.
Западноевропските држави го имаат веќе во начинот на размислување вградено својот колонијалистички и надмен став. Не сакам да ширам песимизам, ама никогаш нема да го достигнеме нивниот стандард. Дури и да произведеме во лабораторија совршени политичари, а нашиве да им ги дадеме нив. Тоа е така со векови, така и ќе остане.

Инаку, нас голем проблем ни е и тоа што лошо ги детектираме проблемите. Не ни се најголеми проблеми невработеноста и ниските плати. Тие не се проблеми, тие се последици на лошата економија и неинветивноста. Овие 3-40 милиони евра ќе беа многу покорисни ако се дадеа како поддршка за малиот и средниот бизнис, отколку да се зголемуваат плати. Ама со таква мерка не се постигнува посакуваната политичка корист, бидејќи кај народот нема свест за значењето на реалниот сектор. Ја гледаат невработеноста и сиромаштијата, сама по себе, како изолиран проблем и многу полесно проаѓаат популистички мерки кои се „борат“ против нив директно, отколку вистински мерки кои би го решавале вистинскиот проблем.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.632
Поени од реакции
18.110

Што очекуваш, што друго да гледа народот? Да не треба сам да креира долгорочни планови и стратегии за заживување на малото и средно стопанство или да не треба да и каже на владата што треба да направи на тоа поле? Рибата смрди од главата, се додека некој не се нафати со кастрење на оваа администрација од 300 000 луѓе, ние никогаш нема да го поставиме системот како што треба.
 
Народот може да ги поддржи обидите за помагање на малиот и средниот бизнис. Кај нас не е баш така. Можат да бидат и многу против, особено ако комшијата успее да земе кредит со кои ќе отвори/прошири бизнис. :)

Инаку во повеќепартиски систем нема политичар кој би го жртвувал популизмот и власта за да се зафати со сериозно решавање на вистинските проблеми. Ваквите проблеми во западноевропските држави ги решавале кралските ложи кои никој не можел да ги смени од власт. Кај нас за да се решат мора да се надеваме во промена на перцепцијата кај народот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Западноевропските држави го имаат веќе во начинот на размислување вградено својот колонијалистички и надмен став. Не сакам да ширам песимизам, ама никогаш нема да го достигнеме нивниот стандард. Дури и да произведеме во лабораторија совршени политичари, а нашиве да им ги дадеме нив. Тоа е така со векови, така и ќе остане..
Било така, самата историја не ни дала шанса да имаме држава...но не мислам дека сме предодредени за ваков скотски начин на живот...поточно не е генетска информација за да не може да се промени. Некоја од генерациите мора нешто да смени.
Прашање е дали имаме солидни млади генерации, дали имаме знаење, економисти и експерти. Ако имаме (а лично мислам дека имаме), тогаш прашање е кој е кочницата, кој ги тера да се повлечат, наведнат глава, заќутат...кој се грижи да се отстрани развојната компонента и воопшто придонесот од правите луѓе, стручни лица и млади. Некој ужива и профитира во хаосот и немаштијата..."тој" или "тие" ја имаат кочницата. Тој-тие ја смислуваат оваа стратегија на бомбардирање со чудни информации во јавноста. Кога нема информации за името, се пушта инфо за некои статуи или за плати за пензии...до толку сметаат дека не се прочитани?
--- надополнето: 23 јануари 2012 во 14:00 ---
Ваквите проблеми во западноевропските држави ги решавале кралските ложи кои никој не можел да ги смени од власт. Кај нас за да се решат мора да се надеваме во промена на перцепцијата кај народот.
Зошто макар не го решат хаосот во институциите. Ако воведат ред и поредок во здравствениот, безбедносниот, судскиот па и образовниот и систем, тоа нема да значи паѓање на рејтингот...напротив. Хаосот е битен за водење на ваков тип држава...можда преминав офтопик, но ова е дел од состојбите, хаосот, дел од целината на владеење на овој начин.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom