Ставете се во следната ситуација:
Имате 500 евра +/- 50 евра и сакате да земете телевизор кој сакате да ви дава достојна слика (контраст, боја, брзина) за тие пари и лесно да се одржува...Кој телевизор ќе одберете?
Ве молам гласајте на анкетата, за да имам подобар увид на мислењата
Глеав дека денешниве плазми доста се унапредија, особено Panasonic...Во АМЦ пред некој ден видов Panasonic плазма и многу ми се допадна бидејќи за 32.000 имаше FullHD модел со фантастична слика...Единствено што приметив дека секоја плазма има доста голема оштрина на сликата со јака контраст, додека LED/LCD телевизорите имаа онака попријатна слика, но зотоа поспора херцажа... Исто така приметив дека малку поскап ЛЕД дава супер слика, додека оние за 500 евра не даваат баш нешто посебно...
Во дилема сум, дали плазма или ЛЕД (LCD некако ми се веќе технологија која е “у години“ и очекувам за некое време воопшто да нема LCD телевизори) - и знам која е разликата помеѓу ЛЕД и ЛЦД (не ме праете мутав

) во смисла на осветлувањето и дизајнот...
И да - обавезно да е 42" или 40" ни повеќе ни помалку...