Коле Чашуле - Црнила
Драмата е литературно дело наменето за сценска изведба на која таа прикажува, а не раскажува. Македонската драма своите корени ги поставува во фолклорната драма. Основоположник на македонската соцремена драма е Коле Чашуле, додека основоположник на македонскиот театар е Војдан Чернодрински.. По стекнувањето на независност на Македонија, македонската драма и театар доживуваат особен подем.
“Црнила“ на Коле Чашуле е антологиска драма. Во неа е претставена задносценската режија на убиството на македонскиот револуционер и идеолог на ВМРО , Ѓорче Петров во Софија. Историскиот датум на атентатот извршен на Ѓорче Петров (28.06.1921) како и многу други фактографски податоци во драмата отсуствваат, а акцентот е ставен врз осветлувањето на егзистенционалистикиот апсурд на македонското опстојување низ историјата. Според типолошката определба, оваа драма е драма на идеја , односно драма со теза, која е остварена во рамките на егзистенционалистички појмениот апсурд на човековата фрленост среде светот, во кој што нема ниту еден исход или чекор кој што е сигурен. Апсурдот на човештвото е искажан преку еден политички задносценски контекст. Компонирана е во четири дејствија и го прикажува приготвувањето и режисирањето на еден од најпредавничките чинови во историјата на Македонија, самото убиство на Ѓорче Петров од момчето Орце кому , токму тој му е идеолог и идол во неговиот живот. Оваа драма е од посебен вид, во која што дејствието и претставувањето на карактерите се подредени на една идеја која домионира над сликата за поединечните судбини. Коле Чашуле оваа драма ја напишал по примерот на “Сартр“ , по неговото егзистенционалистичко дело.
Во неа отсуствува надворешниот заплет , а ликовите се биполарно обликувани. Прикажана е статичност на драмските ситуации , а дејствието е поврзано целосно со историското време. Градејќи драмски текст во врска со физичката ликвидација на идеологот на Македонската револуционерна организација, Чашуле успева да освои чиста драматуршка структура, низ која се вливаат коректно сугерираните и студиозно диференцирани ликови на групата тероисти.Предмет на внимание зафаќаат ликвидаторите Луков, Фезлиев, Иван и Методи , но поради нив воопшто не виновно се приклучува и Орце кој е мамка за сопствена егзистенција.Тие се пет различни личности, со нажалост една иста тажна судбина која ги води кон братоубиството . Токму најголема критика на братоубиството била оваа книга со чие име авторот го прикажува тој чин – “Црнила“.
Една личност не е можно да се оцрни повеќе, отколку да биде предавник на својот народ.
Невидливите центри на политичка моќ , авторот ги прикажува како режисери на стварноста, а другите се само марионети чив живот е во улога на иссценирана стварност.
Чашулевите Црнила се драма на идеја, драма на човекот. Можеби пред се драма на идеја во која се осудуца нечовечкото во човекот, во која се дешифрира човековиот пад, во која се коментира со дискретен протест и строг презир еден специфичен вид на современото расчовечување. Чашуле успеал да создаде образец на една таква потребна драма.460
--- надополнето: 28 мај 2012 во 19:29 ---
“Диво Месо’’ - Горан Стефановски - Модерна македонска драма . Писмена за IV година.
Драмата е литературно дело наменето за сценска изведба на која таа прикажува, а не раскажува. Македонската драма своите корени ги поставува во фолклорната драма. Основоположник на македонската соцремена драма е Коле Чашуле, додека основоположник на македонскиот театар е Војдан Чернодрински.. По стекнувањето на независност на Македонија, македонската драма и театар доживуваат особен подем. Горан Стефановски го започнува постмодерниот развој на македонското драмско писмо.
Драмата “Диво месо“ од Горан Стефановски припаѓа на модерната драма, а според жанрот е семејна драма. Таа отстапува од поделбата по чинови, додека составена е од седумнаесет сцени.
Ова дело е реалистично и поради тоа сместено во егзистенционално-националната драма. Дејствието на оваа драма се одвива во Скопје, во Дебар маало непосредно пред почетокот на Втората светска војна, и на изразито видлив историско-социјален и национален план е прикажан распадот на патријархалното македонско семејство во кошмарот на општествените противречности. Авторот не запознава со семејството на фамилијата Андреевиќ преку главниот и централен лик – Стево Андреевиќ. Тој не воведува во неговиот живот во куќата која ја изградил неговиот инвалид-татко кој бил ѕидар на времето, каде што живее со својата жена , трите сина и снаата Вера.
При читањето на ова дело се доаѓа до самата тема , која го претставува навлегувањето на фашизмот како туѓо тело или “Диво Месо“ кое претставува фатално општествено зло како причина за распаѓање на патријархалното општество, прикажано преку прдвоеното работничко семејство.
Кај централниот лик – Стево Андреевиќ се приметува моралниот расплет во душевниот хаос, тој од занес за светла и добра , пред се богата иднина, доаѓа до неизлечлива болест . Тој целиот свој живот го посветува на потрагата за гола егзистенција , т.е. брзо збогатување. По сите игри и маневри на неговата сегашност , која ја убива неговата бледа веќе слика за светлата иднина, Стево се наоѓа пред голема одлука која гласи во неговиот ум – да се убие или пак не? . Сепак решава да остане во семејството, нему да му се посвети и да го замени својот брат при животот на неговата жена и неговото тешко здобиено новороденче.
Во овие многубројни парчиња на стварноста е разоткриено внатрешното ропско чувство во Македонецот кој на силите на човековата деструкција одговара со помитување со судбината, а воедно е и најизразито видлив историски, социјален и национален приказ за дивото месо кое физички, психички и метафорично ја означува трагедијата на човештвото 381
--- надополнето: 28 мај 2012 во 19:33 ---
“Парадоксот на Диоген “ - Томе Арсовски . Писмена за IV година, модерна македонска драма.
Драмата е литературно дело наменето за сценска изведба на која таа прикажува, а не раскажува. Македонската драма своите корени ги поставува во фолклорната драма. Основоположник на македонската соцремена драма е Коле Чашуле, додека основоположник на македонскиот театар е Војдан Чернодрински.. По стекнувањето на независност на Македонија, македонската драма и театар доживуваат особен подем. Томе Арсовски е претставник на основоположниците на мак драма. Тој во својата судска драма, која според родот е современа ја концепира преку судски процес над главниот и централен лик во делото Драшко Каровски. Оваа драма го носи името “Парадоксот на Диоген“ од кое ја осознаваме и темата каде што парадокскот на драшко е претставен како Диогеновски, барајќи го човекот надвор од себе, тој се загубува себеси.
Оваа драма е припадник на егзистенционално-соц. Литер. Дела со примеси на психолошки елементи.
Целата драма е структурирана така, како би го објаснила сложениот и комплексен лик на Драшко како единска , но и како продукт на соц. Средина и на соц ситуации кои го опкружуваат и го определуваат неговиот живот.
Основната идеја според писателот која ја носи ова дело во своата структура и својот состав е како материј. станува причина за деградација на основните човекови, морални норми, односно вредностните начела кои треба човекот да ги поседува поради компромис откако добива се, останува без идеал и без цел во својот живот.
Главното прашање го постав. Авторот за случајот на драшко по случката при рушењето на хотелот “спендид“ на улицата “партизанска“ кој се наоѓал под закрило на осуденикот. При таа материј. несреќа, како среќата да била сосема на спротивната страна од драшка, па и била проследена со животни загуби на 2 личности , од кои едната личност бил добар негов пријател. Дали е виновен Драшко и Колку е виновен само тој за таа несреќа? Авторот ја остава публиката во исчекување и во позиција таа самата да пресуди за иднината на Драшко, со што книгата завршува без судење негово, односно со монолог на судијата.
Од ова дело добиваме порака која не подучува причините не треба да ги бараме само во моралните кризи на младиот човек туку и во недостатоците на младото соц општество воедно оваа книга сама по себе е судба на соц ситстем од тој период. Од др . стр Томе Арсовски не обработува ликови-симболи туку живи и автентичнуи луѓе припадници на нанашата средина на кои им прави длабока анализа во миговите на нивна душевна усвитеност и вознемирена совест.