Ako ima nekoj sostavi za II god na temi:
Hamlet-Vilijam Sekspir(opsto za lektirata,i obrabotka na likot hamlet)
Boshestvena komedija-Dante Aligieri
Kancioner-Francesko Petrarka
Don Kihot-Migel de Sarvantes(Opsto,i za likot)
Blagodaram odnapred.....
Хамлет – Вилијам Шекспир
Општопознатата е вистината дека околу авторството на Вилијам Шекспир во светски размери биле водени долготрајни и најконтроверзни дискусии за кои некои автори се обидувале да докажат дека зад делата што ние ги примаме и изучуваме со името на генијалниот англиски поет и драматичар Вилијам Шекспир, се криела некоја друга личност. За Шекспир и за голем број великани на уметноста се карактеристични две фази: од изразит оптимист во првите неколку години активно творештво, тој прераснал во песимист. Подоцна третиот драматург, Вилијам Шекспир ја постигнал и остварил својата полна и најрезултантна творечка зрелост, обележана со неговата најпозната и најзначајна трагедија – “Хамлет”. Во делото станува збор за трагедијата која се случила во кралското семејство Елсинор во Данска. Тогашниот крал Клаудиј оженет со Гертруда која била мајка на принцот Хамлет и жена на поранешниот крал, со цел да дојде до тронот го убива брата си – таткото на Хамлет, ставајќи му отвор во увото. Принцот не знаел за убиството и верувал дека неговиот татко бил каснат од змија. Тој ја презирал мајка си и никогаш не ја почуствувал мајчинската љубов, бидејќи таа го изневерувала татко му со Клаудиј и кога тој бил жив. Во разговор со персофицираниот призрак од татка си, Хамлет ја дознава целата вистина за убиството, а призракот бара од Хамлет да биде одмаздено убиството, а во таа одмазда да биде поштедена Хамлетовата мајка, која подоцна поради грижа на совеста ќе си ја добие својата казна. Од моментот кога судбината вака си поигрува со младиот Хамлет, тој херметички се затвора во осаменоста на своите мисли. Тој се претворал дека полудел за да не биде откриен дека спрема одмазда. По негова иницијатива во дворецот се организира претстава која го манифестира убиството на татко му, од која Клаудиј дознава дека Хамлет ја знае вистината. При разговор со мајка му во нејзината соба, забележал дека е наслушуван од наслушувачот зад завесата и го убил мислејќи дека е Клаудиј, но го убил таткото на неговата сакана – Полониј. Клаудиј свесен дека Хамлет за него претставува опасност го пратил во Англија со цел таму да биде убиен. Но по игра на случајот Хамлет не стигнал во Англија и повторно се вратил во дворецот со цел да присуствува на погребот на Офелија која се самоубила. Клауидј исценирал двобој со цел да се ослободи од Хамлет, а двобојот бил помеѓу Хамлет и Лаер кој сакал да ја одмазди татковата смрт. Лаертовиот меч бил премачкан со отровна маст, и доколку Хамлет победи во чест на победата треба да се напие од затровеното вино. Хамлет пред да умре го убива Лаерт и Клаудиј. Тој умира но ја остварува својата цел и одмаздата е извршена. Суштината на оваа трагедија е многу јасна – секој мора да плати за стореното злосторство, а Хамлет е личност која предизвикува восхит. Тој иако успеал да ја реализира пасивната одмазда, сепак го убил она човечкото во него.