Прес конференции и написи во дневниот печат. Ја купува Алфа, па ја купи К-15, контроверзниот српски бизнисмен Жељко Митровиќ во Македонија ја отвори својата петнесетта телевизија од својата балканска медиумска групација. Цела седмица на својот нов канал Пинк 15 стоеше напис дека телевизијата официјално со работа почнува во петок од 20.00 часот. И кога сите очекуваа специјална програма каде што подетално ќе биде откриена програмската шема, наместо тоа како за старт Пинк 15 пушти Фарма, реално шоу кое досега и онака се прикажуваше во нашата земја, најпрво на Сител, а сега и на А1 телевизија. Шоу кое не постигна никаква гледаност во нашата земја и затоа се емитуваше во доцните часови. Можеби Пинк 15 ги нема земено во предвид домашните рејтинзи, а можеби и сеуште не знае дека Боки 13ка одамна е заборавен лик во македонскиот медиумски простор.Стартот на телевизијата не ветува многу. Исто така и сигналот кој доаѓа до гледачите е под просечен, кој не дава ни малку квалитетна слика, за разлика од домашните тв станици. Пинк 15 ќе мора да го следи вкусот на македонскиот гледач макар тој и да е премногу насолен со турски и индиски серии. Домашните телевизии вакви или онакви, без оглед на коментарите го задржуваа вниманието на гледачите, на сметка на останатата понуда на кабелските телевизии, особено двете водечки кои го делат најголемиот маркетинг колач. Како и да е, им посакуваме многу успех, но и среќа, затоа што Македонија е специфичен медиумски пазар...
Извор:
http://backstage.com.mk/makedonska-scena/pink-15-zapochna-bledo