Значи завршиме со пилот маурата по мајчин јазик.
Гледано од екстерен аспект, организацијата беше на добро ниво, односно се беше убаво испланирано од страна на Бирото за развој на образованието. Од друга страна, организацијата на интерно ниво, односно квалификуваноста на тестаторите здобиена со обуките, барем кај мене во школо, беше само делумно успешна, бидејќи дел од тестаторите на самиот чин на делењето на тестовите ги читаа упатствата и така работеа. Исто така и контролата на дисциплината не беше каква што треба да биде, но тоа го препишувам на епитетот ПРОБНА, со надеж дека на вистинката матура сето тоа ќе се професионализира, во што срдечно се сомневам Секако тоа се однесува на интерната организација, односно на индивидуалната самоиницијатива на секој тестатор поединечно.
Што се однесува на организацијата и содржината на самиот тест, како што кажаа повеќето над мене, во некои прашања се сведуваше на апсурд, и токму заради ова мислам дека би било фер да ни се истакнат резултатите од пилот матурата, со цел да го сфатиме штосот на овие прашања, иако се сомневам дека има некаков штос. Сепак, не треба да забоавиме дека овој тест е ист за сите кои полагаат, без разлика дали се од една крајност гимназиски паралелки кои се јазично насочени, или од друга крајност земјоделски или прехрамбено насочени паралелки.
Да не ја тупам многу, се на се мислам дека пилот матурава беше добро организирана, ми станаа јасни повеќе работи, времето за решавање исто така беше коректно, значи ако седев да ги пишувам и да размислувам на прашањата ко за државна матура, четири часа се сосема коректно време.
Останува на министерството и на оние кои се професионално квалификувани кон оваа проблематика да ни ги изнесат резултатите, и уште со самото изнесување да почнат да се подготвуваат за фамозното полагање матура во јуни, односно со време да си ја завrшат работата. :helou:
ете толку